Министерот Цветков очекува целосно искористување на ИПАРД 2 Програмата

ИПАРД 2 Програмата од која Македонија може да повлече вкупно 60 милиони евра треба да стартува до средината на 2016 година, веднаш по реализацијата на ИПАРД 1. За максимално искористување на одобрените средства, преземени се сите неопходни мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. ИПАРД 1 завршува со последните два огласа објавени во мај и септември годинава на кои се поднесени проекти вредни 17 милиони евра. Проектите се генерално од преработувачката индустрија, за отворање откупно-дистрибутвини центри. Апликациите веќе се разгледуваат и веројатно, според Цветков, повеќето ќе…

повеќе...

Програма за одбележување на Денот на даночниците

Управата за јавни приходи разви посебна општествена одговорна програма која се фокусира на различни целни групи од потесната и пошироката општествена заедница. Програмата која неколку години по ред се спроведува, а која ја вклучува и активната соработката со Синдикалната организација на УЈП, се фокусира на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина…преку организирање на крводарителски акции, донаторска помош, вградување на мерки и активности на даночната администрација за подигнување на свеста и едукација за заштита на животната средина, едукативни програми за јакнење на даночната свест кај најмладите… Како…

повеќе...

Учениците од Бреинобреин учеа за отстранување на електронски отпад

Учениците кои ја следат едукативната БРЕИНОБРЕИН програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини, денес имаа единствена можност, од претставници на Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“, да се запознаат со постапките за отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина, со акцент на електрична и електронска опрема и отпадни батерии. Најмладите и практично можеа да го отстранат електронскиот отпад и отпадните батерии кои ги донесоа од своите домови или најдоа во своето опкружување, со ставање на истите во специјални посади за складирање…

повеќе...

Наредната учебна година се воведува Кембриџ програмата за седмо, осмо и деветто одделение

Директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’саливан и директорот на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска потпишаа договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки за учениците во основно образование од седмо до деветто одделение. Во оваа прилика Адеми истакна дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација…

повеќе...

„Гастрономад“ – успешна туристичка приказна

Деновиве во Охрид, престојуваше екипа на Радио телевизија Србија која снимаше серијал емисии со наслов „Гастрономад“. Емисијата има за цел прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со културно – историските знаменитости во Охрид. Се снимија осум емисии кои во наредниот период ќе бидат емитувани на првиот и на сателитскиот канал на РТС. Емисијата „Гастрономад“ пред српската јавност се прикажува континуирано веќе шест години. Оваа емисија беше снимена во Охрид како резултат на заложбите на Локалната самоуправа…

повеќе...

Охриѓани се запознаа со можностите кои ги нуди програмата „Еразмус плус”

Во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и општина Охрид, денеска се одржа инфо- ден како дел од новата промотивна кампања за користење средства од програмата „Еразмус плус“. Претставниците од Локалната самоуправа, образовните институции, невладиниот сектор и спортските клубови и асоцијации беа запознати со можностите што ги нуди програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „Еразмус плус“ и за начините за аплицирање и користење финансиска поддршка за разни проекти. „Во името на Локалната самоуправа изразувам благодарност до претставниците на Националната агенција за европски…

повеќе...

Промотивна кампања за програмата „Еразмус плус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, утре со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, организира инфо- ден за промоција на програмата „Еразмус плус“. Целта на програмата „Еразмус плус“ е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обука и младинска работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

повеќе...

Почнуваат инфоденови за новиот повик за образовната програма „Еразмус плус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска го објави повикот за аплицирање за поддршка на проекти од програмата „Еразмус плус“ за 2016-та. Европската комисија за оваа програма за наредната година на Македонија и одобри 4,7 милиони евра што е за 15 проценти повеќе од фондот во 2015 година. Агенцијата денеска ја почна и информативната кампања за новиот повик. Во наредните два месеца караванот ќе гостува во шест градови во земјава (Скопје, Гевгелија, Берово, Ресен, Кичево и Кавадарци) каде што ќе бидат организирани инфоденови за подобро запознавање на потенцијалните…

повеќе...

Свечено одбележан 23-ти октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Општина Охрид, со пригодна свеченост, денеска го одбележа големиот национален празник, 23 Октомври- Ден на македонската револуционерна борба. На свеченоста, пригодно обраќање имаше претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска. „Нека ни е честит и вековит 23 Октомври-Денот на Македонската револуционерна борба. Славиме, со крената глава, растреперени срца, горди, но и одговорни пред подвизите и жртвите на нашите претци за слобода на Македонија, свесни дека овој ден,бил,е и ќе биде длабоко врежан во колективната меморија на нашиот народ. Верни на нивното дело, упатуваме порака дека ние како генерација ќе…

повеќе...

Во Струга одржана третата јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025

По успешно одржаните јавни дискусии во општина Велес и општина Охрид за драфт текстот по Националната стратегија за млади во општина Струга се одржа третата јавна дискусија за Националната стратегија за млади 2016-2025 година. На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор, локалниот младински совет на општина Струга , претставници на општината, претставници на средните училишта од општина Струга и млади луѓе кои дискутираа за нацрт текстот на овој документ. Процесот на креирање на Националната стратегија за млади е воден од Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за…

повеќе...