Промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Денеска во Центарот за обука во Идризово на пригодната свеченост беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. Министерот Оливер Спасовски им честита за постигнатиот успех во текот на напорната обука, која се завршува со нивно официјално влегување во системот на Министерството за внатрешни работи и им посака успех во натамошната кариера. „Вие денеска отворате едно ново поглавје во вашите животи. Какво ќе биде и што во него ќе “испишете“- во…

повеќе...

Прво издание на манифестацијата „Ноќ на Виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се…

повеќе...

Агенцијата за туризам на саем за туризам во Бања Лука

На покана на туристичката организација на градот Бања Лука, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја презентираа Македонија пред повеќе од 30 000 посетители. Меѓународниот саем за туризам во Бања Лука се организираше по трет пат, а целта на посетата на АППТ беше да се испита можноста за соработка на Македонија, со еден млад пазар. Агенцијата за туризам за време на овој саем оствари средби со Туристичка организација на Република Српска, Туристичка организација на град Бања Лука, Туристичка организација на Република Србија, Здружение…

повеќе...

Промовирани шест нови книги од едицијата „Македонски искушенија“

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека оваа едиција има исклучително значење за збогатувањето на македонскиот книжевен и историски корпус и афирмирањето на личностите и настаните кои оставиле длабока трага во повеќеслојната македонска историја. „Едицијата „Македонски искушенија“ е несомнено едно непроценливо книжевно богатство кое ќе се вгради во едукацијата на сите генерации. Преку овие екслузивни публикации кои изобилуваат со текстови, автентични фотографии и факсимили на оригинални документи, секој читател ќе може да ги открие познатите и непознатите предели и процеси во македонската историја, кои се длабоко врежани во…

повеќе...

Агенцијата за туризам го промовира брендот Macedonia Timeless во Франција

Македонската туристичка понуда по втор пат се претстави пред потенцијалите француски туристи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) во наредните 3 дена ја промовира туристичката понуда на земјава на саемот за туризам во Париз, Франција (IFTM TOP RESA 2016 ). Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот…

повеќе...

Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на денешната промоција на делата во Скопје, истакна дека едицијата ќе го збогати образовниот процес во нашата држава, ќе овозможи на младата популација да го подигне нивото на својата едукација, а особено ќе помогне за поставување на основите на процесот на развивање и унапредување на научната терминологија на македонскиот јазик како неопходен инструмент на научната и филозофката дејност. „Уверена сум дека преку едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и другите капитални проекти кои ги реализиравме во изминатиот период сите ние…

повеќе...

Промовирање на ИПА проектот за пост – средно образование

Денес, на 19.09.2016, во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа отворањето на настанот на ИПА проектот за пос- средно образование. Денешниот настан е по повод отпочнувањето на проектот „Поддршка на модернизацијата на системот за пост – средно образование”. Проектот се реализира во рамки на Четвртата ИПА компонента – Развој на човечки ресурси. Присутен на настанот беше министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, претставникот на Делегацијата на Европската унија, Никола Бeртолини, Амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски, проектните лидери, Агнешка Штон Доминик од Институтот за oбразовни истражувања од…

повеќе...

Промоција на книгата „Патникот” од Борче Грозданов на Охридско лето

Во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид (мал изложбен салон) вечерва (10 август) во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Патникот” на Борче Грозданов. Грозданов работи како новинар и театарски критичар во дневниот весник „Вечер” повеќе од една деценија. Во книгата „Патникот” има најмалку два патника. Првиот е самиот автор, а вториот, за жал, неодама починатиот актер Шишков јуниор. Оваа прозна книга на Борче Грозданов толку многу е натопена со емоции, страсти, (лични и професионални) факти што слободно може да се сфати и прифати и чита и третира како…

повеќе...

Промоција на книгата за деца „За добрите дечиња-трилогија со смејологија“

Утре, со почеток, во 12 часот во Прличевата одаја при охридската библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата за деца „За добрите дечиња-трилогија со смејологија“ од Елена Карамешиноска  Ангелоска. Промотори на книгата ќе бидат Милчо Јованоски и Тоде Илиевски.

повеќе...

Промовирани проекти во Полошко во вредност од шест милиони евра

Во Полошко денеска се промовирани проекти во вредност од 6 милиони евра. Во посета на општините Тетово и Гостивар денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во Брвеница направи увид на реконструираниот пат од Брвеница до Гостивар кој ги поврзува селата под Сува Гора, присуствуваше на поставување камен темелник на нова спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, а направи увид и на работите на зградата за социјални станови во Гостивар. При крај се завршните работи на рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Тетово – Гостивар делница Брвеница – Чегране.…

повеќе...