Традиционално одбележан Св. Атанасиј Велики (летен) во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. Како секоја година, така и оваа стариот кум Никола Андриески даде ручек на присутните верници. Бидејќи никој не се пријави за иден кум за Танасовден (Зимен) кој се празнува на 31 јануари, кумството го презема црковниот одбор. Ангелче Андриоски

повеќе...

Христијан Неданоски го фати светиот крст во Рамне

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу 10-тината фаќачи беше младиот Христијан Неданоски. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. А.Андриоски

повеќе...

Првачиња од „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во Рамне

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, ученици од Прво 6 одделение од ОУ „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и положија свежо цвеќе. Учениците беа предводени од наставничката Милка Стојаноска. На учениците им беа прочитани стихови посветени на Јасна Ристеска, борец кој на само 16 години го загуби својот живот за слободен Охрид. WebOhrid

повеќе...

Подготовки во Рамне за празникот Илинден

Советот на Месната Заедница од Рамне, заедно со жителите на село Рамне, го уредуваат средселото, по повод претстојниот празник – патрон на село Рамне Св „Илија“, како и македонскиот државен празник Илинден. „Во текот на вчерашниот ден М.З. Рамне организираше еколошка акција по повод патронот на нашето село Св. Илија. Членовите на советот заедно со жителите на село рамне го изчистивме серд селото. Исто така денеска и во текот на минатата недела се чистеше патот до селото. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина.“– велат од Месната Заедница Рамне. WebOhrid

повеќе...

Во Рамне традиционално се одбележа празникот Танасовден (летен)

Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен).  По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. Како секоја година, така и оваа стариот кум Зоран Лекоски даде ручек на присутните верници, а потоа крстот му го предаде на новиот кум Бранко Ристески, кој треба наредната година тој да го слави Св. Атанасиј или Танасовден (зимски),кој се празнува на 31 јануари. Ангелче Андриоски

повеќе...

Исчистени дивите депонии покрај патот до село Рамне

Месната Заедница на село Рамне во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ денес изврши чистење на дивите депонии покрај патот до село Рамне. „Подигнати се околу 25  метри кубни отпад. Од денес па натака ќе се преземат прекршочни пријави кон несовесните граѓани кои ја загадуваат оваа територија. И во иднина Месната Заедница на село Рамне ќе ја продолжи соработката со ЈП  „Охридски Комуналец“. “- изјави за WebOhrid, претседателот на МЗ на село Рамне, Ристе Трајчески. Ангелче Андриоски

повеќе...

Православните верници го одбележаа празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне

Православните верници денеска го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во село Рамне, во црквичката на овој светец многу верници палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа. Годинешната кума Наташа Терзиоска даде ручек за присутните верници. Годинава Свети Атанасиј Велики – летен, 15 мај ќе го слави кумот Зоран Лекоски. Ангелче Андриоски/WebOhrid

повеќе...

Христијан Китаноски го фати светиот крст во село Рамне

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу неколкуте скокачи, беше младиот Христијан Китаноски. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. А.Андриоски/WebOhrid

повеќе...

Место: Рамне, над Охрид – Време: 21 век – Тема: Екологија – Состојба: Депонија!

И само што ќе посакате од Охрид да се искачите во Рамне, на 3-4 километри повисоко за да можете да уживате во прекрасната панорама на Охрид и Езерото, таму, за жал, ќе Ве пречека нешто типично балканско и несовесно: купишта ѓубре, расфрлано во ливадите и шумите. Тука сте да уживате со погледот. Ги отворате широко очите кон Охрид и Езерото, но мора да го затворите носот, оти не можете да се воздржите од реата на насобраниот смет и купишта измет тука во Рамне, во планинскиот рај над Охрид. И за…

повеќе...

Избрани новите членови на Советот на Месна Заедница на село Рамне

Вечерва, во 19:00 часот во просториите на Општина Охрид, во малата сала се одржа изборно собрание за избор на совети на Месни Заедници, на кое беа избрани новите членови на Советот на Месна Заедница на село Рамне. За претседавач беше именуван Трајан Недески, за записничар беше именуван Наум Недески, а за бројач на гласовите беше именуван Никола Велјаноски. Предложени и изгласани беа пет членови и тоа досегашниот претседател на селото, Никола Велјаноски, Трајан Недески, Наум Недески, Ристе Трајчески и Јован Димоски.

повеќе...