Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид. Идејата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ. Министерот за земјоделство,…
повеќе...Tag: регион
Ристовски: Лабораториите на Ветеринарниот факултет водечки во регионот
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги посети лабораториите на институтите за храна, ветеринарство и биомедицина кои функционираат во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина. Изразувајќи задоволство од начинот и квалитетот со кој се спроведуваат испитувањата, Ристовски напомена дека не случајно овие лаборатории и Ветеринарниот факултет се прогласени за регионален тренинг центар. „Во овие лаборатории се анализира квалитетот на храната од животинско потекло со користење 104 акредитирани методи и најсовремена опрема. Прогласени за регионален тренинг центар од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена…
повеќе...ММФ: Да се зголеми старосната граница за пензија во Албанија
Меѓународниот монетарен фонд на почетокот на месецов на Албанија и даде заем од околу 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија. „ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67 годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница, а жените на 65 наместо на 63години“, пренесува порталот „Албеу“. Според ММФ, актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна…
повеќе...Грција ќе го признае Косово?
Грчката позиција во однос на Косово е добро позната и таа не е променета, изјавил портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас. Неговата изјава следуваше како реакција на исказот на шефот на дипломатската мисија на Грција во Приштина, Димитрис Маскопулос, според кого ако Атина го поддржи членството на Косово во Еевропската унија, тоа значи дека ја признала неговата независност како држава, пишува „Блиц“. Според Кутрас, Маскопулос веќе го објавил соопштението во кое ги демантирал тврдењата дека Атина планира да го признае Косово. „Очигледно неговите зборови се погрешно интерпретирани“,…
повеќе...Ќе се подобрува способноста на планските региони за искористување ИПА средства
Со грант од 400.000 евра од германската и швајцарската влада осумте плански региони во Македонија ќе ги подобруваат способностите за подготовка на техничка документација за конкурирање за претпристапните фондови од Европската унија. Тоа ќе се реализира преку Програмата за регионален економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која во земјава се спроведува од 2008 година. Програмата што трае до 2014 година во моментов е во втората фаза, а од 1 ноември 2012 година покрај Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја кофинансира и Швајцарската агенција за соработка и развој. Нејзината цел…
повеќе...НАСА: Наскоро ќе дојде крајот на светот
Како и Римското царство и цивилизацијата на Маите пред нас, модерниот индустриски свет каков што го познаваме денес, исто така би можел да исчезне, се истакнува во истражувањето на Центарот за вселенски летови од Американската вселенска агенција (НАСА). И во минатото постоеле различни теории за крајот на светот, но овој пат „неповратниот слом“ на индустриската цивилизација го најавуваат сериозни научници кои своите истражувања ги темелат врз моделот HANDY (Human and Natural Dynamical). Проектот кој го предводел математичарот Сафа Мотешари ги идентификувал елементите кои довеле до исчезнување на древните цивилизации а…
повеќе...Нафтата поевтина по сумирање на профитите
Цените на нафта денеска се намалија, откако инвеститорите го сумираа профитот од повеќедневните добивки, додека во исто време, се фокусираа на меѓународните тензии околу настаните на Крим. Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во април поевтини на Трговската берза во Њујорк за 25 центи на 99,45 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во мај на пазарите во Лондон чинеше 106,77 долари, односно два цента помалку во однос на вчерашното тргување. Рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал документ за влез на Крим во состав…
повеќе...Во Ирак со закон ќе се мажат девојчиња помлади од девет години?
Владата во Ирак го прифатила предлогот на новиот закон за брак, според кој што малолетници, помлади од девет години можат да стапат во брачна заедница. За голем број жители на оваа земја овие измени се чекор наназад за правата на жените. Овие мерки, чија цел е создавање на различни закони за шиитското мнозинство, дополнително ќе влијае на се’ подлабоките поделби на оваа земја. Исто така, може да доведе до се’ поголем број на девојчиња помлади од 18 години кои ќе бидат принудени да се омажат поради законот кој е на…
повеќе...Европарламентот не сака еднаквост меѓу мажите и жените
Европскиот парламент вчера го отфрли со тесно мнозинство извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените , во кој се повикува да се обезбеди подеднаков надоместок за иста позиција. Извештајот е отфрлен со 298 гласа „против“ , главно на конзервативците. За негова поддршка гласале 289 пратеници, главно левичари и либерали, додека 87 биле „воздржани“ , од нив најголем дел зелени пратеници. Во извештајот се бара од земјите членки на ЕУ „да гарантираат почитување на основниот принцип на еднаквост на надоместок при еднаква работа меѓу жените и мажите“, да се забрани принудното…
повеќе...Сексот во пост е забранет, но ако свештеник благослови може
За време на постот сексот е табу тема, па поради тоа меѓу народот се присутни мноштво заблуди и предрасуди по ова прашање, пишува српскиот интернет портал „Телеграф“. За верниците од православвероисповест завчера почна велигденскиот пост и ќе трае се’ до 20-ти април кога се прославува празникот Воскрение Христово. За време на постот, покрај воздржувањето од тешка храна, според правилата, неопходно е и воздржување од секс. Според Светото писмо, сексуалните односи во постот не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е…
повеќе...