ТЕХНОМА 2015 од 13-ти до 17-ти октомври во Скопје

Групацијата ЕРА – Скопски саем го организира ТЕХНОМА 2015 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита 16. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство МАКИНОВА – 36. Меѓународна изложба на иновации. Свеченото отварање ќе се одржи на 13-ти октомври 2015 (вторник) во 11:00 часот во Метрополис Арена на Скопски саем,а ќе трае до 17-ти октомври (сабота).

повеќе...

АППТ во март ќе учествува на Интернационални саемски манифестации за туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија известува дека во месец март 2016 година ќе учествува на следните интернационални саемски манифестации: 1 ITB Германија Берлин 09 – 13 март 2 Mitt Русија Москва 23 – 26 март Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат сите правни лица, здруженија, организации, државни институции, образовни институции кои работат во областа на туризмот и тоа на следниот начин: Член 4 Точка 1: За закуп на едно работно место…

повеќе...

Македонскиот туристички производ за прв пат промовиран на саемот за туризам во Париз

Во согласност со програмата на Владата на Р.Македонија за отварање на нови туристички пазари и зголемувањето на субвенциите за поголем број држави од каде имаме сериозни сигнали дека со тоа зголемување би обезбедиле поголем број на туристи кои би престојувале во Македонија, македонскиот туристички производ е промовиран за прв пат на саемот за туризам “IFTM-Top Resa” во Париз, Франција кој се одржува од 29-ти септември до денес. Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот саемското туристичко претставување е на модерен штанд на кој се истакнати главните туристички…

повеќе...

Отворен Саемот за вработување во Прилеп, прв од новиот циклус

Над 40 компании ги понудија своите можности за слободни работни места пред прилепчани на првиот Саем за вработување од новиот циклус што ќе се реализира низ општините во Македонија. Саемот е отворен во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а на него присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски. „Целта е да се видат можностите што ги нудат приватните компании и да се поттикнат луѓето активно да бараат работа, да се создаде можност невработените лица побрзо да стапат во контакт со…

повеќе...

До крајот на годината, македонската книжевност ќе биде претставена на саемите на книга во Франкфурт, Софија и Истанбул

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 18 октомври, е, несомнено, најзначаен меѓународен саем на книгата во светски рамки со застапеност на речиси сите значајни субјекти во издавачката дејност, како и на сите релевантни институции поврзани со издаваштвото, фондови за превод и публикување, национални штандови, библиотеки итн. Република Македонија на оваа 66-та значајна саемска манифестација ќе ја претставува Здружението на издавачите и книжарите на Македонија од Скопје. Покрај промоција на творештвото на реномираните автори од Република Македонија пред многубројните странски издавачи, преведувачи,…

повеќе...

Oтворен 27-от Саем на книгата

„Република Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност. Од 2008 година досега се издадени над 4.200 книги и изданија на македонски јазик и на јазикот на заедниците, а се откупени над 47.000 публикации со кои континуирано се збогатува библиотечниот фонд на институциите низ државава“ – истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во вечерашниот говор пред отворањето на 27. Саем на книгата. Во Македонија, нагласи Канческа-Милевска, првпат се реализираат и голем број капитални проекти кои го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот…

повеќе...

Најголемиот саем за високо образование во САД пристигнува во Скопје

„EducationUSA“ Македонија и Амбасадата на САД во Македонија го организираат најголемиот Саем за високо образование во САД организиран во Македонија, кој годинава ќе се одржи во Скопје на 25-ти април. Претставници на извондредни американски колеџи и универзитети ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на вашите прашања за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии како и за можностите за стипендии и финансиска помош. Повеќе информации за институциите можете да најдете тука: www.acmacedonia.org/fair_participants.php Саемот ќе се одржи во Галеријата на Младинскиот културен центар Скопје од 17:00 до 20:00…

повеќе...

Велигденски саем по втор пат во Охрид

По повод Велигденските празници, Општина Охрид и ЈП „Градски Пазар“ заедно со Црвен крст – Охрид, втора година по ред го организираат Велигденскиот саем кој има хуманитарен карактер. Саемот кој беше отворен денес ќе трае два дена. „Овој пат главена акцент на Велигденскиот саем ќе биде хуманоста. Сите собрани средства ќе ги донираме на социјално загрозени семејства односно во соработка со Црвен крст ќе доделиме социјални пакети на триесет социјално загрозени семејства од Охрид. Благодарност од локалната самоуправа за организирањето на овој саем. Годинава имаше зголемен интерес за саемот но…

повеќе...

Охрид промовиран на саемот за културен туризам во Велико Трново

На Саемот за културен туризам и партнерска соработка, што од 01 до 04 април се одржа во Велико Трново, Република Бугарија, учествуваше делегација на општина Охрид, која имаше деловни средби со други регионални партнери, општини и организации. Покарај средбите, градот беше промовиран на саемот и со промотивни материјали. Исто така делегацијата на општина Охрид, реализира повеќе средби со повеќе туристички организации и агенции од Бугарија при што беа договорени различни заеднички активности во насока на развој на туризмот и зголемена туристичка промоција на Охрид во иднина. На Меѓународниот фестивал на…

повеќе...

Општина Охрид годинава град – домаќин на Туристички саем „Скопје травел маркет”

По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, упатуваме ЈАВЕН ПОВИК за заедничка организација и учество на овој Саем. Со таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од…

повеќе...