Спасовски од Струга: Нема спас за криминалците-сите аболиции ќе се поништат, пазарење нема

Видео од обраќањето на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, на денешниот протест во Струга за враќање на правдата, слободата и демократијата во Македонија.

повеќе...

СДСМ: Иванов ја продлабочи кризата, само целосно поништување на аболицијата е решение

СДСМ: Иванов ја продлабочи кризата, само целосно поништување на аболицијата е решение „Денешната одлука на лицето Горге Иванов е уште едно, ново кршење на Уставот на Република Македонија, што дополнително ја продлабочува и онака длабоката политичка криза во земјава. Аболицијата мора целосно да се поништи и законот да важи подеднакво за сите. Тоа единствено е возможно преку гласање за автентичното толкување на Законот за помилување во Парламентот, со поддршка на сите партии. Само така и Иванов и Груевски ќе покажат дека се за владеење на правото, почитување на Уставот и…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев за Денот на сесловенските просветители

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура. „Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје. Придобивките коишто ги жнееме денеска, почитувајки го јазикот, писмото и културата, се огромен влог со којшто нè задолжија сите нас. Преку својата благородна…

повеќе...

Заев: Нема алтернатива за комплетно поништување на аболицијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет. На состанокот се разговараше за продлабочената политичка криза во Македонија по едностраните одлуки од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за парцијална аболиција и укинување на техничката Влада, формирана да организира и спроведе фер и регуларни избори. Претседателот Заев го информираше британскиот амбасадор дека разговори со Груевски за организација и спроведување избори нема и нема да има додека не се повлече целосно аболицијата. -Нема алтернатива за…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ, Заев, по повод Националниот ден на Власите во Македонија

По повод Националниот ден на Власите претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија. „На сите припадници на влашката заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, им го честитам денешниот ден. Власите дадоа голем историски, културен и општествен придонес во градењето на нашата заедничка држава, Република Македонија. Тоа Македонија нема да го заборави и секогаш ќе биде благодарна. Денес, сите заедно сме исправени пред предизвикот за враќање на демократските процеси во нашата земја. Покрај сите…

повеќе...

Средба на претседателот на СДСМ, Заев со генералниот директор за европска соработка на кралството Холандија, Роберт де Хроут

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Роберт де Хроут, Генерален директор за европска соработка и заменик-министер во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во земјава и продлабочувањето на кризата по одлуката за аболиција од страна на Ѓорге Иванов, како и едностраните одлуки на владејачката коалиција. Претседателот Заев рече дека СДСМ останува на принципиелните ставови и посветена е на процесите за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија. „Во Македонија мора да се вратат правдата, слободата, демократијата,…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Бараме свикување на итна седница во врска со најавената изградба на бетонската и асфалтната база во Ново Село

Советничката група на СДСМ во Советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Во врска со најавите за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста “Царополе”, во атарот на село Ново Село ( според последните сознанија градежните работи се започнати ) и изразениот револт на граѓаните на Дебрца на мирниот протест, како советничка група во советот на општина Дебрца бараме свикување на итна седница на советот на општината на која градоначалникот на општината ќе достави информација за новонастанатата состојба со најавената изградба на бетонската и асфалтната…

повеќе...

Средба Заев – Хојт Ји: Поништување на одлуката за аболиција што поскоро

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Хојт Брајан Ји, заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент. На средбата се зборуваше за актуелната политичка сосојба во земјава и продлабочувањето на кризата со одлуката за аболиција од страна на Горге Иванов. Претседателот Заев го запозна високиот американски претставник со принципиелните, цврсти ставови на СДСМ за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија. „Се што рековме се покажа дека е вистината. Очигледно денеска Собранието ќе ја промени одлуката и изборите ќе се одложат. Тоа што беше неможно…

повеќе...

Шекеринска во дводневна посета на Шведска

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е во дводневна посета на Шведска. Денеска, заменик претседателката Шекеринска ќе оствари средба со Александер Мојсијук од одделот за ЕУ во Министерството за надворешни работи на Шведска. Шекеринска ќе се сретне со членови на шведскиот парламент како и со претставници на сестринската Социјалдемократска партија на Шведска. Во рамки на дводневната посета, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе оствари средби со претставнции на медиуми и невладини организации. Во среда, заменик претседателката Шекеринска ќе има обраќање на јавен настан на којшто ќе зборува за моменталната…

повеќе...

Заев: Нема мрдање, аболицијата да се повлече и регуларни избори!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Благодарам на „Цивил“ што не собира да дебатираме вака во Македонија. Поздрав до сите присутни. Навистина сме различни, јас сум претседател на најголемата партија, јас сум Зоран Заев, СДСМ. Со дел од луѓето сме во коалиција, со дел дури и не се познаваме, со дел соработуваме на поинаков начин. Но, ова е нешто што го најавува новото време во Макеоднија. Доаѓа ново време и колку сме подготвени толку ќе бидеме поуспешни и на крајот на денот постоиме сите, како што вика господинот Ламбе, за татковината.…

повеќе...