Претседателот на СДСМ Заев се сретна со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Заеднички беше оценето дека Договорот од Пржино мора да се исполни во целост за да се создадат потребните услови за одржување слободни, фер и демократски избори во Македонија. Претседателот Заев рече дека оценката на меѓународната заедница, на ЕУ и САД, дека нема услови за регуларни, кредибилни избори на 24-ти април е потврда на фактичката состојба, на вистината. „Јасно е дека фер избори…

повеќе...

Заев: Потврдено е се’, фер избори на 24-ти април не може да има!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес на прес-конференција истакна: „Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Она што постојано го говоревме директно е потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформи за слободни медиуми. Кога меѓународната заедница најави објективна оценка за условите за одржување предвремени избори во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против. Напротив, рекоа дека ќе ја очекуваат оваа оценка на ЕУ и…

повеќе...

СДСМ: Меѓународната заедница потврди дека нема услови за избори на 24-ти април

Меѓународната заедница денеска го потврди она што СДСМ го говори цело време: на 24-ти април нема услови за слободни, фер и демократски избори, велат од СДСМ. „Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори. Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 ти април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе…

повеќе...

СДСМ: Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија

Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Наместо развојни зони, од криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни ливади. Локалитетот „Мауцкер“, наместо индустриска зона стана депонија. Иако во програмата на градоначалникот Бакрачески беше приоритетен проект за изградба на развојна индустриска зона ВМРО-ДПМНЕ го остави како депонија во којашто без контрола се депонира градежен, но и комунален отпад од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. ОО СДСМ Охрид во неколку наврати претходно укажуваше дека локалната власт на несоодветен начин се однесува со локалитетот „Мауцкер“.…

повеќе...

Заев: На 24-ти април не може да има избори, тоа е јасно за сите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна: „Сакам да изразам задоволство, од взаемниот ангажман на СДСМ и партијата БЕСА, за едни вакви средби коишто секако во овие случувања од интерес на јавноста се многу значајни во период кадешто буквално се носат многу значајни одлуки за нашата земја. Секако разговаравме и уште еднаш ги повторивме ставовите зошто на 24 април, не може и не треба да има избори. Тоа е веќе апсолвирано прашање во јавноста. Но, сепак ги повторивме сите овие причини услови за фер и демократски избори, очигледно…

повеќе...

Средба на претседателот на СДСМ Заев со амбасадорот на Италија Белели

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели. На средбата се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинска имплементација во интерес на Република Македонија и нејините граѓани. Претседателот Заев рече дека СДСМ останува посветена на процесите коишто треба да допринесат во создавањето на услови за одржување на слободни, фер и демократски избори во Македонија. Заев додаде дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и само негово целосно спроведување може да…

повеќе...

Пендаровски во охридско: Заедничка обврска е да го поразиме криминалот

Денеска, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Ѓоко Танасоски, беа помеѓу граѓаните на Охрид. „Лошата економска ситуација во државата силно се чусвтвува и во Охрид. Изминатите години на економско назадување и стагнација го направија Охрид празен град. Навечер нема никој ниту во чаршијата ниту по улиците. Младите масовно се иселуваат од македонскиот бисер. Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид. Граѓаните мака мачат и со проблемите во здравството, образованието, социјалата. Граѓаните од околните населени…

повеќе...

Заев: Нема да дозволам уште едни нефер и нерегуларни избори

Обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската дебата „Слободно општество и социјална правда“ организирана од Граѓаните за Македонија „Јас сум денеска овде да слушнам и да научам. Многу значајна недела е, според нашите проценки, за Македонија. Благодарам на поканата на граѓанските организации, но не може пусто срце да не искоментира нешто освен тоа што го слушаме овде. Разноликоста носи многу новини, некогаш дури и не сме свесни од колку драгоцено значење. Ќе кажам неколку примери, барем мои лични. Бев кај Богатинова, бев кај Латас. Знаете дека нивните колеги…

повеќе...

Средба на Шекеринска со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс

Делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска беше на работен доручек со делегација на Кралството Холандија, предводена од министерот за надворешни работи, Берт Кундерс. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија како и за мигрантската криза. Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ започна политичката криза во Македонија. Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи, рече заменик претседателката на СДСМ Шекеринска. Шекеринска на средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија истакна дека СДСМ инсистира на…

повеќе...

СДСМ: Два дена во градинката „Развигорче“ нема греење

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Два дена Јавната детска установа „Јасна Ристеска“ нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење. Поради ваквите неспособни кадри на ВМРО-ДПМНЕ трпат родителите и децата. Родителите се револтирани и со право реагираат. Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или сеуште е под импресии од службеното патување на официјалната делегација на општината Охрид во Нови Сад?! Патем нека им објасни на граѓаните…

повеќе...