Граѓаните од печалбарските Подгорци и Лабуништа, струшко, срдечно и масовно го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги посети во текот на вчерашниот ден. Жителите на Подгорци се пожалија дека младите се принудени да го бараат спасот надвор од државата. Но, не е само иселувањето и безработицата проблем. Иако селото има над 2.000 жители нема амбуланта. Жителите не можат да се лечат, не можат да добијат основни здравствени услуги, во 21 век. Граѓаните го однесоа претседателот Заев на местото каде што треба да биде изградена амбулантата. Сликите од местото…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо
Изјава на д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид и коалиционите партнери по однос на 49- тата Седница на Советот на Општина Охрид. „Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.” И Буџетот за 2016 година ја одсликува катастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Охрид. Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески немаат развојна визија за Охрид, граѓаните веќе знаат. Советничката група на СДСМ во континуитет ова го кажува и должни сме и денеска да истакнеме дека со Буџетот за 2016 година ништо…
повеќе...Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Ја враќаме слободата во Република Македонија! Ова е незапирлив процес! Ова повеќе никој не може да го спречи. Во Република Македонија ќе одлучува САМО слободната волја на граѓаните И НИКОЈ ДРУГ ВО НИВНО ИМЕ! Република Македонија ќе биде земја со слобода на говор, слобода на мисла, слобода на избор, слобода на одлучување. Овој Парламент ќе биде повторно храм на демократијата! Да, денешниот датум, 24 декември ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на…
повеќе...СДСМ: Зошто нема греење во болницата во Охрид? Чии бизнис интереси се штитат?
Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „Пред само неполн месец СДСМ алармираше и предупреди за катастрофалната ситуација со којашто се соочува Општата болница во Охрид. Ситуацијата станува се поалармантна, затоа што пациентите сеуште се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското, детското одделение, како и во гинеколошкото одделение сеуште нема греење. Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните…
повеќе...Заев: Груевски пак режира, мафијата е во Владата
Претсеадтелот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Во Македонија во жар е борбата за слобода и демократија. Слободата и демократијата имаат висока цена. Невидената паника и нервоза што ја покажуваат Никола Груевски и неговите соработници покажува дека овие луѓе станаа свесни за нивниот безизлез. `Се што прави Груевски преку пропагандата е обид да најде спас од работата на Специјалното обвинителство, Анкетната комисија, истрагите што се водат против нив, Договорот од Пржино. Груевски и соработниците знаат колку длабоко се влезени во криминални и корупциски скандали за коишто ќе…
повеќе...Заев: Незапирлив е процесот на правдата и вистината
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Како што знаете јавно соопштив дека во врска со конструираниот, монтираниот и веќе доведен до ниво на апсурдност, случај „Пуч“, ќе се појавам на судско рочиште штом подпадне под надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Пред десетина дена Специјалното јавно обвинителство не информира дека предметот „Пуч“ е под негова надлженост. Денеска на ова судење се појавивме затоа што стоиме на зборот. Но, она што е важно, Специјалното јавно обвинителство, како независна институција, роди надеж за сите граѓани на оваа држава дека…
повеќе...Форумот на жени на СДСМ Охрид – дел од хуманитарната акција „Дарувај од срце”
Форумот на жени на СДСМ Охрид беше дел од големата традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце” која по повод Новогодишните и Божиќните празници ја организира Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст во сите поголеми градови во државата. Топла облека, покривки и обувки се донираа во Црвениот крст од каде ќе се дистрибуираат до социјално загрозените семејства. „Секоја година даруваме со желба за добробит и благосостојба на поединецот во општеството, а секоја наредна година се соочуваме со истата сурова реалност: се поголем број на граѓани отфрлени од…
повеќе...Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ „Дарувај од срце“
Денеска, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, ширум Македонија. Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки. Хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ. Во Скопје, акцијата започна во паркот Жена борец. По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и таму ја…
повеќе...Шилегов: Во моментов нема услови за заштита на материјалите
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изјава за медиумите истакна: „СДСМ е во целост подготвен да ја исполниме законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите. Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање, `се до моментот додека не се обезбедат услови сите материјали да бидат соодветно и максимално обезбедени. Од денешиот допис на СЈО потврдени се и нашите сознанија дека во моментов нема услови за таква заштита на материјалите.…
повеќе...Заев: Следете ме, Ве поведувам во финална битка за Македонија!
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес се обрати на Деветнаесеттиот, програмски Конгрес на СДСМ. „Благодарам на вас и на сите граѓани што ни дававте и ни давате голема поддршка и сила, поради што цврсто и одлучно: Јас, денеска застанувам пред вас и ве повикувам во финалната битка за враќање на слободата, демократијата, правдата и економската перспектива за сите граѓани на нашата Македонија! Битка за победа на Македонија! Република Македонија ќе биде земја на еднакви граѓани! Ќе биде земја на економски стабилни семејства! Ќе биде земја на безгрижни млади луѓе кои ја гледаат…
повеќе...