Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со делегација на ОБСЕ предводена од Џерард Стоудман, специјален претставник за Западен Балкан. На средбата се разговараше за актуелната ситуација во којашто се наоѓа Македонија, длабоката политичка криза и безбедносните предизвици со коишто се соочува земјава. Претседателот Заев посочи дека вистината што ја дозна целокупната јавност во Македонија ги потврди злоупотребите на власта коишто веќе се забележани и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР но и од други меѓународни организации. „Клучно е воспоставениот систем на партиска контрола врз…
повеќе...Tag: сдсм
Заев: Никола Груевски стои зад сите скандали
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Пред повеќе од три месеци, заедно го започнавме проектот Вистината за Македонија, со единствена цел, да ја вратиме слободата, демократијата, правдата и европските вредности во Македонија. Оставките на Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, само го потврдија она што е јасно за целата јавност во Македонија, дека ова што го презентираме е вистината, една и единствена. Се што зборувавме се потврди со овие оставки: дека власта во заминување прислушувала, дека содржината на аудио…
повеќе...Заев: Обвинителството и Груевски признаа дека не постои дело поткуп!
Претседагелот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Соочен со сопствениот очај, со цел да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите. Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР. Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се…
повеќе...Средба на претседателот на СДСМ со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и од канцеларијата на ЕУ во РМ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска во седиштето на СДСМ се сретнаа со амбасадорите на САД, Џес Бејли, на Германија, Кристин Алтхаузер, на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Франција, Лоренс Оер, на Италија, Масимо Белели и од кај амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав. Актуелната ситуација во Македонија, политичка криза, излезните решенија и шансите за можен дијалог беа меѓу темите на состанокот. Изразена беше загриженост за капацитетите на институциите на системот за справување со актуелните предизвици, а беа нагласени и потребата од…
повеќе...СДСМ: Нервоза и страв кај нелигитимната власт
Соопштение на СДСМ: „Одбројувањето до 17-ти мај, кога започнува големиот натпартиски граѓански протест против криминалното, сурово и насилно владеење на Никола Груевски, ја покажува нервозата и стравот кај нелегитимната власт. Колку се уплашени Никола Груевски и неговите најблиски соработници, од огромното акумулирано незадоволство кај граѓаните, се препознава по нарачаните прилози во провладините медиуми полни со лаги и измислици за најавениот мирен граѓански протест. Ниедна лага не може да ја победи вистината и ниедна конструкција нема да ја намали решителноста на граѓаните преку протест да му ја испратат порака на Груевски.…
повеќе...Заев: Одговор должат, како дојдоа криминални групи во срцето на Куманово?
Претседател на СДСМ, Зоран Заев денес при неговата посета во Куманово, во изјава за медиумите истакна: „Денеска причината за посетата на опозицијата, претставена од највисоко ниво, а овде се и претставниците на општина Куманово, градоначалникот, претседателот на Советот, пратениците и слично, дојдени сме од неколку причини. Прво, да споделиме сочувство со сите оние граѓани коишто поминаа низ сите овие трауми, уште еднаш да изразиме сочувство за бранителите коишто ги изгубија животите, но секако на показ на јавноста да го покажеме сето ова кое што го гледате и преку вашите објективи, колку е…
повеќе...Заев: Бараме објаснување кој и со каква цел ја дестабилизира Македонија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „На почетокот сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили. Одлучив да присуствувам на денешната седница на Советот за безбедност, но моето присуство не значи дека јас и опозицијата даваме легитимитет за сето она што државните институции го правеа изминатите неколку години а особено последниве неколку месеци. Нашите ставови за капацитетот и легитимитетот на оваа власт се познати, од нив не отстапуваме. Но денеска имаме друг приоритет,…
повеќе...СДСМ изразува сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР како и до семејствата на загинатите цивили
Од СДСМ изразуваат сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР како и до семејставата на загинатите цивили. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили. Во овие тешки моменти за Република Македонија уште еднаш повикуваме на смиреност и присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и губење на човечки животи.“– стои во соопштението.
повеќе...СДСМ повикува на смиреност и присебност, црното сценарио нема да успее
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликтнoст и дестабилизација на Македонија, изјави денес претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија? Дали и зошто криминални групи од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија? Кој ги организира и со каква цел? Истото треба да го направи и Али Ахмети. Жртви се граѓаните и Македонци и Албанци, и…
повеќе...ОО на СДСМ го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
По повод одбележувањето на 9-ти Мај, Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегација од Социјалдемократската младина од Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на славните охриѓани, учесници во виорот на Народноослободителната борба, што ги положија или посветија своите животи за слободата на Македонија. На покана од Општинската организација на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија и на граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца, по повод одбележувањето на 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, делегации од ОО на СДСМ…
повеќе...