Собранието ги изгласа договорените закони

Собранието на Република Македонија вечерва, на 113. седница, по скратена постапка ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада. Претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино ги договорија законските измени и дополнувања во насока да се подготват предвремените парламентарни избори и да се излезе од политичката криза. Предлагачи на законските решенја во Собранието се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Илија Димовски и Горан…

повеќе...

Тунтев: Груевски и Мијалков организирале шема за уништување и преземање на Макпетрол и Телма?!

Дел од обраќањето на пратеникот Томислав Тунтев во Собранието на Р.Македонија, на седницата на која што на дневен ред се пратенички прашања – Дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење, игнорантски однос и целосна неактивност на надлежните државни институции, всушност го потпомага превземањето на Макпетрол од страна на сомнителна странска оф-шор компанија, со крајна цел да ја замолчи, преземе или уништи фирмата Макпетрол и телевизијата Телма во предизборниот период? – Дали сте информирани дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, неговиот братучед Сашо Мијалков направиле и организирале шема…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик

Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. „Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска“…

повеќе...

Усвоени измените за екстерното тестирање

Собранието денеска ги усвои новите измени на Законот за основно и за средно образование, со кои се предвидува екстерното тестирање да почне да се спроведува од шесто одделение, а не како досега од четврто одделение. Со измените е предвидено оценките од екстерното тестирање да не се запишуваат во свидетелството, туку на посебен документ кој ќе биде додаток на свидетелството. Во законот, исто така, се предвидува Државниот испитен центар, покрај прашањата, да објави и пробни тестови, со кои учениците од шесто одделение до четврта година ќе можат да вежбаат. Пратениците изгласаа…

повеќе...

Екстерното излегува од сведителството и ќе почнува од шесто одделение

Резултатите од екстерното тестирање нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, предвидуваат измените на Законот за основно и за средно образование, кои се во собраниска процедура. Ќе се воведе додаток во сведителството во кој ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше досега, резултатите од екстерното тестирање да се во рамките на сведителството. Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со овие измени се решаваат недоразбирањата што настанаа во јавноста околу оценката…

повеќе...

Тунтев: Со ребалансот власта крати 45 милиони евра за капитални инвестиции

Пратеникот Томислав Тунтев, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Власта на Никола Груевски ги задолжува граѓаните со 345 милиони евра преку буџетскиот дефицит што се зголемува. Со предложениот ребаланс дополнително ја зголемуваат и ставката за задолжување од странски извори на 556 милиони евра! А кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции! Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги сиромаши и да го кочи развојот на економијата. Додека ги продолжуваат непродуктивните трошења за милионски барок што скапува, палми кои се сушат, потопени галии, за криминални…

повеќе...

Собранието ја изгласа селективната аболиција

Собранието попладнево експресно, без дебата ги изгласа измените и дополнувањата на четири Закони, меѓу кои и Законот за помилување, со кои на претседателот на државата му се овозможува да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него. За дополнувањето на Законот за помилување „за“ гласаа 63 пратеници и ниту еден против. На денешната седница, во експресна постапка беа донесени и измените на Законот за заштита на приватноста, на Законот за заштита на личните податоци и на Изборниот законик. Измените на Законите, кои денеска ги усвои…

повеќе...

Собранието ги врати Чавков и Спасов за министри во владата

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на почетокот на првата седница откако Уставниот суд ги стави во мирување сите претходно досени одлуки ги констатираше оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ. Веднаш потоа беа избрани „нови“ министри – Митко Чавков за министер за внатрешни работи и Диме Спасов за министер за труд и социјална политика. На седницата беа констрантирани оставките на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, Александар Кирацовски, дополнителен…

повеќе...

Вељаноски упати покана до меѓународната заедница за следење на изборите

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието, да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни…

повеќе...

Решението за распуштање на Собранието, Вељаноски ќе го потпишe на 15 април

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, донесе одлука решението за распуштање на Собранието да го потпише на 15 април. Како што се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски, оваа одлука е донесена за изборите на 5 јуни да бидат фер и демократски. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас, како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни…

повеќе...