Охрид го огреаа две изгрејсонца. Утрово, над планината Галичица можевме да видиме две изгрејсонца. Едното беше она вистинското, додека пак другото беше атмосферска оптика, односно прекршување на зраците при што беше формирано лажно Сонце и мало виножито. Пред да изгрее вистинското Сонце, повеќе светеше она лажното! WebOhrid
повеќе...Tag: сонце
Македонија во портокалова фаза – Препораки за заштита од топлото време
Според Управата за хидрометеролошки работи, Македонија од денеска до сабота ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Температурата на одредени места се очекува да го надмине 40-тиот степен. Поради високите температури, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11…
повеќе...Уникатен Охрид – уникатни зајдисонца
Охрид со својата местоположба е уникатен по многу нешта, а деновиве најзабележителни се зајдисонцата. Денес пред зајдисонце имавме прилика да забележиме мало вертикално виножито над стариот дел на градот. Само за споредба погледнете го зајдисонцето вчера (21.02.2017). WebOhrid
повеќе...Македонија денеска во жолта алертна фаза
На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза. Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната. На хронично…
повеќе...Утре почнува летото
Летото во Македонија и на северната хемисфера започнува утре во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата. Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Синоптичарите за утре најавуваат сончево и многу топло време со температути до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22ри септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.
повеќе...Јужновардарскиот регион утре во портокалова фаза, остатокот на земјата во жолта
Министерството за здравство денеска соопшти дека препораките бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години да бидат ослободени од работните обврски утре ќе важат само за Јужновардарскиот регион, односно за Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и околните населени места. Препораката, како што велат од министерството е дадена согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, според кој во текот на утрешниот ден во Јужновардарскиот регион се предвидуваат температури од портокалова фаза. Останатиот дел од земјата ќе виде зафатен со температури од жолта (алертна) фаза. „Само…
повеќе...УХМР: Сончево време со температура до 32 степени
Од УХМР информираат дека денес во Македонија времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност со температура до 32 степени. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени. До вторник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, па така на некои места највисоката дневна температура на воздухот ќе го надмине 30-от степен целзусов. Во вторник во вечерните, а особено во…
повеќе...Од денес календарски започнува пролетта
Денес, на северната полутопка на Земјата, во 5 часот и 30 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски започнува есента. Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути минути. Пролетта обично почнува на 21 март, а тоа е ден кога ноќта и денот траат еднакво. Оваа година пристигна еден ден порано, на 20ти март, затоа што е престапна година. За првиот ден од пролетта метеоролозите најавуваат сончево време со мала доумерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус…
повеќе...Цел февруари со температури над нулата
Според најавите од метеоролозите во текот на наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време, а температури над нулата ќе имаме во текот на цел месец февруари. Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот, најавуваат од УХМР. Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер. Според табелите објавени на accuweather. com најтопло ќе биде некаде околу средината на месецот, по што ќе следи благ…
повеќе...УХМР: Oд утре затоплување
Од УХМР информираат дека од утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите ќе бидат повисоки. Кон средината на оваа недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од годината.
повеќе...