Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа: 1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања. 2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот. WebOhrid
повеќе...Tag: совет
Зоран Ногачески од денес е новиот градоначалник на општина Дебрца
Градоначалникот Зоран Ногачески денеска од Општинската изборна комисија Дебрца го доби уверението со кое се верификува неговиот избор за градоначалник на Општина Дебрца. Новиот градоначалник Ногачески од СДСМ и коалицијата доаѓа на местото од досегашниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски. Со пригоден говор градоначалникот Ногачески изрази задоволство што изборите минале во мирна и демократска атмосфера и им посака успешна работа на новоизбраните членови на Советот на Општина Дебрца. „Дебрца успеа, граѓаните на Дебрца покажаа дека слободата и демократија се најважна вредност во нашето општество. Ви честитам на сите што се одваживте…
повеќе...ОИК ги објави конечните резултати од Локалните избори во Охрид
Општинската изборна комисија Охрид денес на прес-конференција објави дека на Локалните избори 2017 одржани во неделата, на 15 октомври, за Градоначалник на општина Охрид е избран Јован Стојаноски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За членови на Совет на општина Охрид избрани се: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгоз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. „Од…
повеќе...Ова се новите советници во Советот на општина Дебрца
Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Дебрца:
повеќе...Ова се новите советници во Советот на општина Охрид
Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Охрид:
повеќе...Заврши седумдесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид
Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати годишните извештаи за материјално-финансиското работење за учебната 2016/2017 година и програмите за работа во учебната 2017/2018 година на ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Наум Охридски“, ОМУ „Методи Патче“, ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“, Јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ и ОЈУ „Кузман Шапкарев“. Советниците ги прифатија и одлуките за имплементација на проектот „Меѓугранична соработка…
повеќе...Потпишан Кодекс за фер избори помеѓу кандидатите за градоначалник на Охрид
Денес беше остварена средба помеѓу кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори. Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори, со кој се обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера. „Социјалдемократскиот Сојуз веќе покажа на парламентарните избори дека цврсто стои зад демократските процеси, и во таа насока, и во согласност нашите социјалдемократски вредности се заложуваме овие локални избори да…
повеќе...Заврши седумдесет и третата седница на Советот на општина Охрид
Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложениот заклучок за неприфаќање на нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија за периодот 2017-2027 година и Националниот акционен план произлезен од Стратегијата донесена од Владата на Република Македонија, како и Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година. Беа прифатени предложените одлуки за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од…
повеќе...Свикана седумдесет и третата седница на советот на општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ седумдесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 18.08.2017 година (петок) со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот: Д Н Е В Е Н Р Е…
повеќе...Свикана седумдесет и втората седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ седумдесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.07.2017 година (вторник) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…
повеќе...