Втора масовна „Оff Road” средба во охридскиот регион

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, активно ќе се вклучат во организацијата на втората масовна “Оff Road” средба, што викендов ќе се одржи во Охридскиот регион. Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава, е во организација на здружението „Оff Road Ohrid“, ќе има 350 учесници, 200 теренски “OFF Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер а целта е претставување и…

повеќе...

ОСБСП Охрид со апел до возачите за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот

Пред нас се стоте најцрни и најкритични денови кога е во прашање безбедноста во сообраќајот. Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во текот на туристичката сезона, од ОСБСП упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење,…

повеќе...

Заврши седумдесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница ги прифати предложените одлуки за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2017 – 2019 за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година за периодот од 01.01. – 31.03. 2017 година, за реализација на програмата за заштита…

повеќе...

ОСБСП-Охрид поднесе иницијатива за поставување на челични одбојни огради над „Хидробиолошкиот завод“

Регионалниот пат Охрид-Св.Наум е значајна сообраќајна артерија во општина Охрид со значителна сообраќајна фрекфенција и со посебно сообраќајно оптоварување во летниот период. Тој е еден од клучните регионални патни правци, кој води кон туристичките населби, хотелско угостителските објекти и ноќните клубови на брегот на Охридското езеро но и кон граничниот премин „Св.Наум“. На овој патен потег, за жал, во изминатиов период се случиле многу сообраќајни незгоди од кои, еден дел, завршиле со загуба на човечки животи. Најчестите причини за случените сообраќајни незгоди се непочитување на пропишаната брзина на движење и…

повеќе...

Претседателката на Советот Коњановска на сетот од филмот „Дедо и внук“

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓорговска Илиевска, денес ја посетија филмската екипа, која работи на реализација на играниот филм „Дедо и внук“, по сценарио и режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. Филмот е со современа тематика и за прв пат по култниот „Мирно лето“ во целост се снима во Охрид.

повеќе...

Одржана општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, денеска успешно ја реализира општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“. Севкупен победник е екипата од основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид кои, ќе бидат учесници и на Регионалното натпреварување „Детски семафор“ што овој месец ќе се одржи во Кичево. Најдобри резултати во женска и машка конкуренција постигнаа Снеже Змејкоска од основното училиште „Св.Климент Охридски“ и Владимир Јованоски од основното училиште „Кочо Рацин“. Тие се добитници на наградата велосипед. За освоено второ и трето место, награда велосипедска кацига, добија Анастасија Вељјаноска…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права

Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…

повеќе...

Свикана седумдесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ седумдесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 27.04.2017 година (четврток) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р Е…

повеќе...

Програмата на ОСБСП Охрид за 2017 предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи

Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид за 2017 година, предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, подигнување на јавната свест за почитување на сообраќајните правила и прописи, за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници посебно на ранливите категории, намалување на сообраќајните незгоди, загуба на човечки животи, телесни повреди и материјални штети, но и низ идеи да се влијае…

повеќе...

Спасески: Позитивни извештаи кои покажуваат успешен четиригодишен мандат

Денешната шеесет и деветта седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на усвојување на годишните извештаи на јавните претпријатија, секторите на локалната самоуправа и образовните институции. Со оглед дека ова е можеби претпоследното свикување на советот во овој состав, свое видување на денешната седница и четиригодишниот мандат имаше секретарот, Димитар Спасески: „Денешната седница на градскиот совет, традиционално, како што налагаат законските одредби до 15 март од тековната година, беше посветена на разгледување и усвојување на годишните извештаи за работата на јавните претпријатија основани од општината, образовните институции и…

повеќе...