Виолета Мицкоска е новиот член во Советот на Општина Охрид од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која доаѓа на местото на Томислав Тунтев, беше именувана и за претседател на Статутарно-правната комисија и член на Комисиите за јавни и комунални дејности и за месна самоуправа. Мандатот на Тунтев беше одземен откако тој стана дел од Собранието на Република Македонија. На денешната дваесет и четврта седница на Советот на општина Охрид беа усвоени точките: предлог одлуката за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид, предлог решение за именување Претседател…
повеќе...Tag: совет
24-та и продолжението од 23-та седница на Советот на Општина Охрид одложени за во понеделник
По повод одбележувањето на Денот на Власите во Р.Македонија, 24-та и продолжението од 23-та седница на Советот на Општина Охрид кои беа закажани за утре, се одложени за во понеделник. „Ве информираме дека дваесет и четвртата седница е одложена на барање на советникот Јоне Станкоски од ВМРО – НП, кој е припадник на Влашката етничка заедница, со образложение дека утре 23 мај се одбележува Денот на Власите во Република Македонија, одложена е дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид“. – стои во дописот од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.…
повеќе...Закажани 24-та и продолжението од 23-та седница
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година (петок) со почеток во 12,00 (дванаесет) часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е…
повеќе...Прекината 23-та седница на Советот на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид, на денешната седница донесе одлука за прекинување на мандатот на советникот Томислав Тунтев, кој на предвремените парламентарни избори беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во образложението за прекин на мандатот на Тунтев, беше речено дека согласно со законските прописи не може истовремено да се извршуваат функциите пратеник и советник. По носењето на одлуката, седницата беше прекината, бидејќи за неколку дена, на продолжение на прекинатата седница треба да се верификува мандатот на новиот советник од листата на коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ.…
повеќе...Свикана дваесет и третата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.05.2014 година (петок) со почеток во 12:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам…
повеќе...Одржан концертот на „BAROUF Оркестар“
Младински Совет Охрид, во соработка со Центарот за култура ,,Григор Прличев,, и локалната самоуправа, а како дел од соработката на Охрид и Каен организираше концерт на BAROUF орхестар, составен од студенти од Конзерваториумот од Каен, Долна Нормандија. На концертот беа отсвирени балкански народни песни, кои орхестарот ги свири и во Франција, со цел да се промовира ваквиот вид на музика, како и да поттикнува културна размена. Исто така на концертот беа отсвирени и неколку авторски композиции на Емануел Еро кој ја води групата, а воедно инспириран од балканската музика, напишал…
повеќе...Во Центарот за култура ќе се одржи концерт на „BAROUF Оркестар“
Младински Совет Охрид, во соработка со Локалната Самоуправа и Центарот за култура „Григор Прличев“ организираат концерт на „BAROUF Оркестар“, од Каен (Северна Нормандија) Франција. Концертот ќе се одржи утре 6 мај (вторник), во центарот за култура „Григор Прличев“. Почетокот е во 18:00 часот, а влезот е слободен.
повеќе...Одржана 15-та седница на Советот на Општина Дебарца
Денес во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Дебарца, се одржа 15-та седница. На дневен ред беа ставени 38 точки меѓу кои и точките: – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебарца за периодот од 01.01.2014 до 31.03.2014 година. – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Дебарца за 2014 година. – Програма за дополнување на Годишната програма за развој на културата во општината Дебарца за 2014година.
повеќе...МСО започна со едукативна кампања за здрава исхрана
Младински Совет Охрид, по повод денот на здравјето, 7-ми април ја започна едукативната кампања за ЗДРАВА ИСХРАНА. Со делење на едукативни брошури по охридската чаршија, кафетериите, бутиците, продавниците, банките и другите институции, но и низ градскиот пазар, волонтерите на МСО ги едуцираа граѓаните за значењето на здравата и правилна исхрана. Во текот на денот, вакви акции беа реализирани и во основните училишта, каде е предвидено, во периодот кој следува да се организираат интерактивни едукативни работилници, додека за претставниците на здруженијата еднодневни работилници. Денот на здравјето, 7-ми април се одбележува секоја…
повеќе...Одржана сообраќајно воспитната манифестација „Детски Семафор“
Традиционално, денеска се одржа сообраќајно воспитната манифестација „Детски Семафор“, манифестација која пред се има едукативен карактер. Теоретскиот дел се одржа во просториите на ОУ, „Христо Узунов“, со сите екипи на подрачните училишта од Охрид, односно 8 екипи, а практичниот се одржа на градскиот кеј Маршал Тито, каде што учениците кои учествуваа во натпреварот ги покажаа практичните вештини за возење велосипед, но не и само практичниот дел туку и познавањата од прописите за управување со велосипед. Периодот од 01.04 до 07.04.2014 година е прогласен за „Ден на безбедноста на пешаците во сообраќајот“.…
повеќе...