Младински совет Охрид: „Охридско Лето“ најрационално ги троши народните пари

Младински Совет Охрид, како дел од програмата за одговорна, кооперативна и транспарентна Локална Самоуправа го реализира проектот ,,Економски показател на движење на цени.  Проектот опфаќа набљудување на дел од јавните набавки во различните институции кои функционираат во општината. Како што информираат од охридскиот Младиниски совет, првиот циклус на набљудување ги опфатил јавните претпријатија во општина Охрид, како и Локалната Самоуправа, но поради промената на власта, а со тоа и раководните позиции во претпријатијата во тој период, резултатите не се презентирани во јавност. Вториот циклус на набљудување ги опфати националните институции…

повеќе...

Заврши деветнаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на почетокот на денешната седница расправаше и ја прифати Информацијата- Отчет на градоначалникот Никола Бакрачески за реализираните проекти на Локалната самоуправа во периодот април- декември 2013 година. Беа прифатени и одлуките за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2014 година и за откажување на востановено корисничко право на недвижен имот- градежно земјиште. Советниците ги усвоија одлуките за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар и за давање…

повеќе...

14 години МСО – приказна која што нема крај

По повод 14 годишнината од функционирањето, а во пресрет на големиот православен празник Св. Трифун, во името на љубовта и виното, Младински Совет Охрид денес организираше поетско-музички рецитал „НЕДОВРШЕНА ПРИКАЗНА“. Пред присутните се обрати долгогодишниот член, волонтер и младински активист Вахид Мемед, кој рече дека денес е посебно горд, возбуден и среќен, бидејќи ја има честа и задоволството да зборува како млад човек, кој практично пораснал меѓу тимот на МСО, како што рече неговото второ семејство, за 14 годишната работа, труд и заложба на институцијата Младински Совет Охрид. „14 годишната…

повеќе...

Охридскиот Младински Совет утре организира поетско-музички рецитал „Недовршена Приказна“

По повод 14 годишнината од функционирањето, а во пресрет на големиот православен празник Св. Трифун, во името на љубовта и виното, Младински Совет Охрид го организира поетско-музичкиот рецитал „НЕДОВРШЕНА ПРИКАЗНА“. Настанот ќе се одржи утре (четврток 13-ти февруари) во изложбениот салон во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот. Во рециталот учество ќе земат членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“ хористите при градскиот хор, членовите на танцовиот клуб и балетско студио „СОНАТА“, како и ученици од музичкото училиште „Методи Патчев“.

повеќе...

Советот на градски татковци ја одржа четвртата редовна седница

Денес се одржа четвртата редовна седница на Локалниот Економски Совет, со кој претседаваше  градоначалникот Никола Бакрачески. Иако беа предвидени седум, дневниот ред беше проширен со уште 3 нови точки.  Се дебатираше  и се даваа предлози за развојниот план за скијачкиот  центар „Галичица“, за градска марина, за  развојниот  план за постоечките авто кампови, за  индустриската  зона Мауцкер, за  авио летовите  од охридскиот аеродром, за  потребата  од  план  и изградба  на пензионерски дом –геријатрија, за  промоција на Брошурата“Инвестирај во Охрид“ ,за  иднината на времените објекти на територијата на општина Охрид ,  за…

повеќе...

Свикана деветнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е  ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕВЕТНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ деветнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден  13.02.2014 година (четврток)  со почеток во  13:00   часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р…

повеќе...

Локалниот Совет на млади ја одржа петтата редовна седница

Локалниот Совет на млади ја одржа петтата редовна седница. На седницата се дискутираше за тековните работи на Советот на млади, како и за активностите кои ќе се преземаат во наредниот период. По иницијатива на Советот на млади, а преку Секторот за туризам и локален економски развој и одделението за образование при Општина Охрид, на 05 февруари (среда) со почеток во 12 часот во малата сала ќе биде спроведена работилница за изработка на проекти. Ова е еден од начините младите од Охрид да бидат оспособени за осмислување и реализација на проекти,…

повеќе...

Одржана 18-та седница на Советот на општина Охрид

На почетокот на денешната седница  на Советот на општина Охрид, дневниот ред беше проширен со одлуките за  давање согласност за потпишување  договор за добивање грант и пренасочување средства од општинскиот буџет за изградбата на фекалната канализација во селото Лескоец, кои беа усвоени. Не беа прифатени неколку предлози на опозицијата за дополнување на дневниот ред, по што нивните советници ја напуштија седницата. Советот на општина Охрид ги усвои програмата за спорт за 2014 година, измените  на Одлуката за извршување на Буџетот на општината Охрид за 2014 година, дополнувањата на Одлуката  за…

повеќе...

Одржана 12-та седница на Советот на општина Дебарца

Советот на општина Дебарца ја одржа дванаесеттата седница. Седницата се одржа  вчера во салата за седници на општина Дебарца со почеток во 14 часот, при што беа усвоени 19 точки од дневниот ред меѓу кои и точките: – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма; – Одлука за доделување еднократна парична помош во вредност од 5 000 денари на секое новороденче на територијата на општина Дебарца.

повеќе...

Осумнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид закажана за 31 јануари

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД  ЈА СВИКУВАМ   осумнаесеттата  седница на Советот на општина Охрид на ден  31.01.2014 година (петок) со почеток во 13:00 часот.  Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.  За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р…

повеќе...