МСО: Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година

Со цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на  граѓаните за работата на  Советот на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, Младински Совет Охрид, во периодот април-декември 2013 година ја спроведе 5тата фаза од проектот “Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната самоуправа” што е продолжение на проектните активности за набљудување на работата на Советот кој се спроведува од месец јануари 2011 година. „Во периодот на набљудување, според официјалните записници од одржаните седници на совет, евидентно е дека…

повеќе...

Усвоен буџетот на Општина Охрид за 2014 година

Советот на Општина Охрид на денешната 17-та седница го усвои буџетот на општината за 2014 година кој е проектиран на 960.300.000 денари или 15,6 милиони евра, а беше усвоена и одлуката за негово извршување. На последната седница во оваа година беше прифатена и програмата за работа на Советот за 2014- та година. Советниците ги прифатија и предложените програми за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година, за усвојување на програмата за заштита на животната средина и природата за 2014  година, за работа  во областа на располагањето  …

повеќе...

Советот на Општина Дебарца го донесе буџетот за 2014 кој тежи 83 милиони денари

Денес Советот на Општина Дебарца ја одржа 11-тата седница на која беше изгласан буџетот за 2014 година. Буџетот се усвои со 10 гласа ЗА и 1 против. Покрај тоа на седницата се расправаше и за останатите 36 точки кои беа ставени на дневен ред меѓу кои беа и годишните програми за 2014 година. – Предлог –  Годишна програма за активностите  на Општина Дебарца  во социјалната заштита во 2014 год. – Предлог- Годишна програма за комунален развој и уредување на Општина Дебарца за 2014 год. – Предлог- Годишна програма за користење…

повеќе...

Закажана седумнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е  ЗА СВИКУВАЊЕ НА    СЕДУМНАЕСЕТТАТА     СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ седумнаесеттата  седница на Советот на општина Охрид на ден  30.12.2013 година (понеделник)  со почеток во  11:00   часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е…

повеќе...

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница,  на предлог на верификационата комисија, по оставката на советникот Сашо Донев, кој неодамна е избран за директор на ЈП „Нискоградба“, го верификува мандатот на Јованка Дамоска Секулоска која беше следна на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Воедно  Донев  беше разрешен од членувањето во комисиите, а советниците го прифатија  предлог на верификационата комисија, во нив да членува Јованка Дамоска Секулоска. На седницата од тројцата кандидати кои за командир на полициската станица од општа надлежност во Охрид ги предложи МВР, советниците поддршка му дадоа…

повеќе...

Во среда ќе се одржи шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД  ЈА СВИКУВАМ    шеснаесеттата   седница на Советот на општина Охрид на ден  25.12.2013 година (среда) со почеток во 13:00 часот.  Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.  За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н  …

повеќе...

Претседателите на Советите на Општините Охрид и Стар Град – Сараево потпишаа повелба за меѓусебна соработка

Во куќата  на Робевци Претседателите на Советите  од Општините: Охрид и Стар Град – Сараево, потпишаа Повелба за меѓусебна соработка. „Со оваа соработка го пополнуваме мозаикот на братски градови од останатите земји од регионот, при што се препознаени можностите за меѓусебна соработка и реализирање на плановите за кои претходно се разговараше. Се надевам дека ова пријателство ќе вроди со низа заеднички успешни проекти“, – рече претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска. „Охрид  е специфичен град поради културата и туризмот, како што е случај и со градот Сараево. Се надевам дека во…

повеќе...

Заврши петнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница, ја прифати информацијата на градоначалникот Никола Бакрачески посветена на  Извештајот за спроведената ревизија од страна на државниот завод за ревизија за работата во 2012 година и отстранувањето на забелешките од нивните извештаи во изминатите две години. Беа прифатени и физибилити студијата  за изградба на новиот пазар, нацрт-фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид во 2014 година и извештајот за реализацијата на меѓународниот кошаркарски турнир. Советниците ги прифатија извештаите за работа и остварените резултати на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ – Охрид за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ја презентираше информацијата за спроведената ревизија на Државниот завод за ревизија

На денешната, 15–та Седница на Советот на Општина Охрид, како прва точка на дневниот ред, беше информацијата на градоначалникот Бакрачески, за спроведената ревизија на Државниот завод за ревизија во Општина Охрид во перидот од 27.05.2013 до 01.08.2013 година, за претходната 2012 година. Според Законот за ревизија, тоа се однесува на: сметката на основен буџет (630), сметката на основен буџет (637), сметката на приходи на буџет на дотации(930), сметката на расходи на буџет на дотации(937) и менаџерскиот извештај. Како што истакна градоначалникот Бакрачески, при спроведување на ревизијата на горенаведените сметки биле…

повеќе...

Локалниот економски Совет на седница дискутираше за подготовките околу Новогодишните празници и празникот Водици

Денес градоначалникот Никола Бакрачески свика седница на Локалниот Економски Совет, на која се дискутираше за подготовките околу престојните Новогодишни празници и празникот Богојавление – Водици. Присутните беа запознаени со активностите на локалната самуправа и бизнис секторот од градов, за идеите кои се разгледуваат околу доведувањето на позната балканска естрадна ѕвезда за новогодишната ноќ и содржините за верскиот празник Богојавление. Со понудените содржини, празничната атмосфера во градот би траела од Нова Година до Водици, а гостите би се задржале за цело време да престојуваат во Охрид. На седницата министерот Бил Павлески…

повеќе...