Советничката група на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашната седница на Советот на општината Дебрца од страна на советничката група на СДСМ беше предложена одлука за изменување на одлуката за издавање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основното училиште “Дебрца” – Белчишта за учебната 2015/2016 година, со која се предлага враќање на укинатите паралелки од подрачното училиште во село Велмеј, кое нешто е барање и на жителите на село Велмеј. Предлогот беше поддржан од советничката група на СДСМ и независниот советник,…
повеќе...Tag: совет
Успешна работа на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид во периодот од јуни до декември годинава реализира бројни активности кои се дел од програмата. На денешната седница, пред членовите председателот на Советот Стефан Димоски, ги нотира сите активности преку кои се придонесе за превентивно делување во областа на безбедноста во сообраќајот. „По повод Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“, во јуни организиравме две велосипедски дефилеа низ улиците на градот. Учесници беа преставници од локалната самоуправа предводени од заменик градоначалникот Ангел Јанев, членови на велосипедски клубови од…
повеќе...Реазлизирани низа промотивни активности на децата правобранители
Од Младинскиот Совет Охрид информират дека во рамки на проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, во периодот од 19-ти до 24-ти декември, беа реализирани повеќе промотивни активности на децата правобранители. Имено, на 19-ти декември дел од децата правобранители заедно со локалниот координатор учествуваа на обуката за говор на омраза реализирана од страна на Центарот за Интеркултурен Дијалог од Куманово и Младински Совет Охрид. По завршувањето на обуката, тие одржаа три презентации против говор на омраза, со кои беа опфатени 76 ученици од О.У “Братство…
повеќе...Заврши четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид
Советот на општина Охрид, на денешната седница ја усвои Нацрт фискалната стратегија и развојните програми за 2016 година, која по усвојувањето ќе биде поставена на официјалната веб страна и 15 дена ќе биде на јавна расправа. Нацрт фискалната стратегија и развојните програми за 2016 година На седницата беа усвоени Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година, и одлуките за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, за донесување план за заштита и…
повеќе...Советот за безбедност на патиштата ги сослуша барањата на Здружението на глуви и наглуви лица
Изградба на велосипедска патека, тротоар, обележување на пешачки премин и осветлување на улицата „Гоце Делчев“ од населбата „Даљан“ кај Центарот за возила-Охрид до хотелот „Даљан“, побараа членовите на Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид, на денешната средба со претставниците на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тие нагласија дека на овој потег често се движат пеш и со велосипеди одејќи на работното место и дека возачите на автомобили пребрзо се движат по коловозот со што и нивната безбедност како глуви и наглуви лица е доведена…
повеќе...Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се сретне со Здружението на глуви и наглуви лица
Во согласност со програмските активности предвидени во Годишната програма за работа, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, денес ќе оствари работна средба со Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид. Средбата значи оддавање должно внимание на глувите и наглуви лица како посебна и ранлива категорија учесници во сообраќајот и е поврзана со заложбите на Општинскиот совет за подигнување на степенот на безбедност на сите учесници во сообраќајот, подигнување на јавната свест за потребите од повнимателно, поактивно, правилно и поодговорно учество во сообраќајот. Средбата…
повеќе...Свикана четириесет и осмата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 03.12.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…
повеќе...Продолжуваат едукативните предавања за безбедноста во сообраќајот на патиштата
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, изминативе два дена реализира сообраќајни едукативни часови со најмладите. Едукативни проактивни предавања се одржаа со учениците од III и IV година во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ и со учениците од осмо одделение во основното училиште „Григор Прличев“. Предавањата ги спроведе полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, а беа поврзани со одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќај, системот на сообраќајни знаци и опрема и други аспекти од…
повеќе...Заврши четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид
Нешто повеќе од четири часа, траеше денешната 47-ма седница на Советот на општина Охрид. Советнички прашања беше единствената точка на дневниот ред, а советниците по однапред утврден ред поставуваа прашања до градоначалникот, локалната самоуправа и јавните претпријатија. Доминираа прашања од инфраструктурата, кои покриваа различни региони од општината и потребите на граѓаните. Беа поставени прашања за приоритети во спроведувањето на инфраструктурните проекти, изградбата на новата автобуска станица, катните гаражи, водоводни и атмосферски инсталации, изработка на детални урбанистички планови. Во најголем дел одговораше градоначалникот Бакрачески, а за деталите поврзани со работата на…
повеќе...Закажана четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 20.11.2015 година (петок) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…
повеќе...