„Има компромитирачки снимки за вас, ќе платите или ќе бидат објавени?“ Вака некако веќе некое време биле уценувани неколкумина политичари и бизнисмени од страна на македонското криминално подземје поврзано со СДСМ, но и надвор од земјава, тврди за „Дневник“ заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. „Извесно време одредени лица, пред с`, политичари и бизнисмени, но и други граѓани, се објект на директен напад од поединци во македонското криминално подземје блиски до СДСМ, им се покажуваат компромитирачки приватни снимки и им се изнудуваат пари, во спротивно заканата е дека ќе бидат…
повеќе...Tag: србија
Бројот на туристи од Србија во константен пораст
Од 18ти до 21ви февруари 2016 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот…
повеќе...Заштита на границите на Македонија и на Србија побара Курц
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара заштита на границите со Македонија и со Србија за да се заштити шенген-зоната. Шефот на австриската дипломатија, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека сè додека обезбедувањето на грчко-турската граница не функционира, треба да се соработува со Македонија, Србија и со другите земји за да се обезбеди шенген-просторот. Курц смета дека се потребни три варијанти на можни соработки, односно најмала би била билатерална, средна е здружување на одредени земји, а најголема е европска соработка. „Во Шведска…
повеќе...Пуштен во употреба нов далекувод за енергетско поврузање на Македонија и Србија
Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип – Врање пуштен е денеска во употреба. Инвестицијата вредна 11 милиони евра е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, кој ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетсакта мрежа и зголемена размена на електричната енергија во регионот. На свеченото пуштање на 400-киловолтниот далуковод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија беа присутни диркторот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор на ЕМС – Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски…
повеќе...Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија го посетија Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија
Денес министерот за внатрешни работи на Република Србија, Небојша Стефановиќ заедно со министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и нивните најблиски соработници остварија работна посета на транзитниот прифатен центар “Винојуг” во Гевгелија, каде што во моментов се наоѓаат полициски службеници од МВР на Република Србија. Полициските службеници од Србија заедно со македонските колеги патролираат и вршат зајакнат надзор на граничната линија кон Грција и учествуваат во секојдневните работни задачи и активности во транзитниот центар во Гевгелија околу регистрација на мигрантите, и останати работни задачи поврзани со мигрантската…
повеќе...Меѓународна размена на искуства околу правата на детето во Македонија и Србија
Во Краљево, Србија се одржа Регионална размена на искуства, во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Размената се организира во соработка со Центарот за правата на детето од Белград, а поддржано од Детската Фондација Песталоци. Ова е втора размена помеѓу Коалиција СЕГА и Центар за правата на детето. Првата беше организирана во Македонија во септември 2013 година. Целта на оваа размена беше да се увидат искуствата од примената на Индексот за правата на детето кој се спроведува во основните училишта во Србија од страна на Центарот…
повеќе...„Гастрономад“ – успешна туристичка приказна
Деновиве во Охрид, престојуваше екипа на Радио телевизија Србија која снимаше серијал емисии со наслов „Гастрономад“. Емисијата има за цел прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со културно – историските знаменитости во Охрид. Се снимија осум емисии кои во наредниот период ќе бидат емитувани на првиот и на сателитскиот канал на РТС. Емисијата „Гастрономад“ пред српската јавност се прикажува континуирано веќе шест години. Оваа емисија беше снимена во Охрид како резултат на заложбите на Локалната самоуправа…
повеќе...Билатерална средба на Регулаторните тела за медиуми на Србија и Македонија
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, беше домаќин на билатерална средба со претставници на Регулаторното тело за електронски медиуми на Република Србија. Целта на билатералната средба e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на медиумската регулацијата. Добредојде и пријатен работен состанок на присутните им посака д-р Зоран Трајчевски, Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ги претстави присутните членови на Советот на Агенцијата и стручната служба. Правилата за аудиовизуелни комерцијални комуникации во делот на пласирање производи и спонзорствo, правилата за заштитата на…
повеќе...Претседателот Иванов од утре во официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата,Маја Иванова, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Претседателот Иванов, во Цетиње ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, а во Милочер со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и со претседателот на Владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Иванов, во среда, 16 септември, ќе учествува на Бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Република Македонија и јакнење на економската…
повеќе...Македонија и Србија бараат поголем ангажман од ЕУ околу мигрантската криза
Потребно е Европската унија да преземе конкретни мерки по прашањето на азилантите бидејќи издвоените по еден милион евра за помош на Македонија и на Србија не се доволни, истакнаа денеска министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, на заедничката прес-конференција на Конференцијата за Западен Балкан во Виена. „Ако нема европски одговор на ова прашање никој од нас нема илузии дека проблемот ќе биде решен. Охрабрува тоа што Европската комисија е свесна за проблемот“, истакна Попоски. Тој укажа дека Македонија е соочена со специфичен проблем што…
повеќе...