Наредните три дена во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе бидат ученици и наставници од збратименото училиште „Тоза Драговиќ“ од Крагуевац, Република Србија. Гостите беа пречекани во училиштето со пригодна програма. „Ваквите средби се една убава можност да се зацврстат врските за мир и пријателство, да се воспостави чувство за љубов, братство, солидарност и соработка, како и споделување на културните и историските богатства меѓу нашите училишта, професори и ученици“, рече директорот Јане Цаноски во својот поздравен говор.
повеќе...Tag: србија
Делегација од ОУ „Светозар Марковиќ“- Лесковац го посети ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец
Делегација на училиштето„Светозар Марковиќ“ од Лесковац (Србија) денес го посети ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Тие остварија заедничка научно–стручна и рекреативна средба, а по повод прославата на патронатот на училиштето „Ванчо Николески“, прослава која пак се совпаѓа и со Денот на Европа. „По повод патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ и оваа година година го славиме денот и ќе се потрудиме да биде на достоинствен начин, на малку повисоко ниво, затоа што на гости ни доѓаат членови од нашето збратимено училиште,Светозар Марковиќ од Лесковац.Чинот на збратимување се одигра на 12.12.2013 година на…
повеќе...Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу македонското и српското цивилно воздухопловство
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Дејан Мојсоски, на 17 април во Скопје, потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живановиќ, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното…
повеќе...Делегација од Александровац во посета на Охрид
Делегација од Општина Александровац од Република Србија, предводена од градоначалникот Благоја Стајковац, денеска во Општина Охрид имаше средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев. На средбата заеднички беше констатирано дека двете општини имаат воспоставено добра соработка, која во иднина треба да се продлабочува. Беше потенцирано дека преку заеднички проекти од областа на стопанството, туризмот, културата и образованието можат да се користат средства од европските фондови. Посебен акцент, како што беше речено, треба да се стави на туризмот, бидејќи Охрид е голем туристички центар, а Александровац е познат по винскиот туризам.
повеќе...Охрид ќе биде презентиран на белградскиот туристички саем
Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на Меѓународниот саем за туризам, кој од денеска до 2-ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско-угостителски брендови и туристички агенции. На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на престојот во Белград, градоначалникот Бакрачески ќе има…
повеќе...Македонија и Србија ќе развиваат поблиска соработка
Македонија и Србија делат многу заеднички работи вклучувајќи ја и европската перспектива, оценија денеска во Белград шефовите на дипломатиите на Србија и Македонија, Иван Мркиќ и Никола Попоски и најавија поблиска соработка. „Нашите односи се необично добри и одлучни сме да ги зајакнеме во секоја смисла, а за тоа најмногу говорат плановите за идните активности на двете влади, изјави Мркиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Попоски “, јави Танјуг. Мркиќ потсети дека Белград и Скопје минатата година ја организираа првата заедничка седница на владите на двете земји и дека…
повеќе...Писмо од професор Мулиќ од БиХ до градоначалникот на општина Охрид Бакрачески
Професор Сулејман Мулиќ од БиХ, до редакцијата на WebOhrid испрати допис во коj стои: Почитуван господин градоначалник, Со години патуваме на разни дестинации ширум светот, но кога во јули 2013 година, од Тузла, БиХ, дојдовме во Охрид и го откривме хотелот „Ривиера“, нашите патувања се сведоа овде, во Вашиот, но и наш град Охрид. Од јули до декември 2013 година дојдовме пет пати, секој пат поминувавме околу 1800 километри, од Тузла до Охрид и од Охрид до Тузла. Она што нас постојано не привлекува во хотел „Ривиера“ првенствено се прекрасните, љубезни…
повеќе...Министерот Димовски и министерот Јаковина на закројување на лозјата во Тиквешко
Со закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, министерот Димовски и хрватскиот министер Јаковина го означија почетокот на новата винска година. „Лозарството и винарството, стануваат едни од стратегиските сектори на македонското земјоделство. Од тие причини се посветува се поголемо внимание за нивен развој.Задоволен сум од трудот во изминатите четири до пет години за консолидирање на ситуацијата во лозарството. Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески до српската заедница по повод празникот Св.Сава
Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до припадниците на српската заедница во Охрид по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите. „Ми причинува особено задоволство во името на граѓаните на општината и во мое лично име, по повод празникот Свети Сава, да упатам искрени честитки до српската заедница од Охрид. Воедно на нашите сограѓани од српска националност им посакувам многу здравје, среќа, просперитет, благосостојба и духовен мир. Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните и културните вредности, се надевам дека и натаму ќе бидат темел за нашиот соживот, а српската…
повеќе...Српските полицајци пред заминување на прием во Општина Охрид
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денес ги прими двајцата српски полициски службеници на заминување, Далибор Видевски и Миљан Групковиќ, кои во период на Новогодишните, Божиќните и Богојавленските празници беа дел од мешаните полициски патроли во градов. Двајцата полицајци од соседна Србија, презадоволни од работниот ангажман во Охрид, но и од гостопримството и одличниот прием од македонските колеги и охриѓани , велат повторно би се вратиле да работат во Охрид кој според нив е мирно место за живеење но и еден од најубавите градови кои до сега ги посетиле. Мешаните…
повеќе...