Одличен старт на натпреварувачката сезона за младите стрелци од СК „Охрид“

Вчера на стрелиштето во Штип се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учествуваа 40-тина стрелци од повеќе градови во Македонија, во дисциплина возд. пушка и пиштол, во јуниорска и сениорска категорија. Младата јуниорка, Мартина Петровска од СК „Охрид“, ги совлада двете потенцијални олимписки кадидатки Ана Иваноска и Нина Балабан со резултат од 387 ( цели кругови) и со тоа покажа дека наградата најперспективен млад спортист за 2015 год. на град Охрид, заслужено припадна во нејзини раце. „Нејзиниот стрелачки потенцијал, смиренст и посветеност на тренинзите ветува…

повеќе...

Награди за СК „Охрид“ на турнирот во стрелаштво во Врање

По повод ослободувањето на градот Врање, најмладите стрелци од СК „Охрид“ настапија на традиционалниот турнир во стрелаштво, што се одржа викендов на стрелиштето во касарната во Врање. Најуспешен настап имаше Мартина Петровска, која со нов личен рекорд и резултат од 383 (цели) кругови се пласира на втората позиција, додека пак како третопласиран заврши Кирил Миленкоски, кој настапи после пауза од 3 и пол години. На петата позиција кај јуниорките се пласира Стефани Ефтимовска, која го подобри својот личен рекорд за два круга. На турнирот учестуваа и Кочовска Мартина, Луана Поповски…

повеќе...

Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци

Викендов во Скопје, на стрелштето во Гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учествуваа 11 стрелци од СК „Охрид“, сите во јуниорска категорија. Во категорија на јуниори, Гоџоски Мартин застана на првата позиција со резултат од 371,6 кругови или во севкупен пласман-категорија мажи е третопласиран. Попоски Васко со резултат од 564,6 кругови е третопласиран кај јуниорите, односно петтопласиран во севкупен пласман. Големо изненадување направи Иво Илинчев, кој го постави својот личен рекорд од 558 кругови, а воедно се пласира…

повеќе...

Нови успеси на СК Охрид на Државниот натпревар во стрелаштво

Околу стотина ученици, стрелци од основните и средни училишта од државава викендов го преполнија стрелиштето Бејбунар во Охрид. Ова е воедно и рекорден број на учесници на Државниот натпревар во стрелаштво што Федерацијата за училишни спортови на Македонија го организира секоја година. „За волја на вистината, на натпреварите кои се во организација на македонската спортска стрелачка федерација (на која основна дејност и е стелаштвото) во изминативе неколку години оваа бројка не поминува 70-тина учесници и тоа во сите категории и дисциплини.“- велат од СК Охрид. Стрелачкиот клуб од Охрид на…

повеќе...

Мартина Петровска полека, но сигурно чекори кон врвот

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол. Нашата јуниорка Мартина Петровска со резултат од 380 кругови, се пласира на втората позиција веднаш зад Нина Балабан (386), а пред Ана Иваноска од „РЕК“ Битола, која со еден круг помалку ја зазеде третата позиција. „Радува фактот што само по учество на неколку Купови, Мартина станува сериозна конкуренција на двете олимписки кандидатки. И останатите јуниорки на СК „Охрид“, Ангела Алексовска…

повеќе...

СК „Охрид“ учествуваше на Меѓународниот турнир „Пирин“ 2015 во Благоевград

Во недостиг на првата постава на клубот, стрелците од СК „Охрид“ кои настапија на Меѓународниот Турнир „Пирин“ 2015 кој се одржа викендов во Благоевград, мораа да се задоволат со пласман од 5-тата до 11-тата позиција. Резултатите се следни: Во категорија на јуниорки, младата Мартина Петровска за која воедно ова е прв настап на меѓународен турнир надвор од нашата држава и која за неполна година се искачува во врвот на македонското стрелаштво, со резултат од 393,9 круга, се пласира на шестата позиција, додека пак Јана Маркоска се пласира едно место подолу…

повеќе...

Меѓународен турнир „Илинден 2015“ во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид, во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“ и Општински стрелачки сојуз „Охрид“ се одржа традиционалниот меѓународен Турнир – „Илинден 2015“ во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма на кој учествуваа клубови од Македонија, Р.Бугарија и Р. Србија. „Доказ дека стрелаштвото во соседството отиде многу далеку е и овај турнир, на кој доминираа стрелците од Врање, Сандански и Благоевград.“– велат од СК „Охрид“. Еве ги резултатите: Нашиот најдобар стрелец, Михаил Шишкоски се пласира на втората позиција со резултат од 392,7 кругови зад првопласираниот Никола Ристиќ…

повеќе...

Охридските стрелци го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција

Со завршувањето на натпреварите во гаѓање со воздушно оружје – национална програма, пионерите и пионерките за првпат после години недостижно лидерство, го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција, информираат од СК „Охрид“. „Непознавањето на судиите на правилата ги чинеше охридските стрелци губење на првата позиција. Имено при ист број на кругови, како во поединечен така и во екипен пласман треба да одлучува последната подобра серија, но судиите одлучија истото да го направат по одредување кој има повеќе 10-ки во последната серија. После прогласувањето на победниците и напишаниот…

повеќе...

Македонските спортисти по олимписка норма во спортско стрелаштво

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската спортско стрелачка федерација (МССФ) во целост, финансиски го обезбеди учеството на нашите најдобри стрелци Балабан Нина (воздушна пушка 10м) и Ивановска Ана (воздушна пушка 10м) кои ќе бидат предводени од селекторот Стеван Крстевски. На ова СП ќе настапат и Емилија Пејева (воздушна пушка 10м.), а во конкуренција на мажи настап ќе има и Јордан Тасевски (воздушен пиштол 10м,). СП во спортско стрелаштво се одржува во периодот 27-30 Мај 2015 година, во Минхен, Германија. Силно веруваме дека нашите стрелци на ова светско првенство ќе…

повеќе...

Охридските стрелци повторно со солидни резулати

Викендов на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески- Корчагин во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци. Еве го и пласманот на Стрелачкиот клуб од Охрид: Во категорија сениори прво место за Михаил Шишкоски со резултат од 587,9 кругови. Во категорија јуниори прво место за Мартин Гоџоски со резултат од 574,6 кругови. Кај јуниорките Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 384,2 круга, додека пак младата јуниорка Мартина Петровска на која ова и е втор настап се…

повеќе...