СВП и Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за Македонија

Учесниците на 55. јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата денес ќе имаат несекојдневна можност да творат со вината на Тиквеш. Имено винарската визба Тиквеш обезбеди вино со празни етикети од едицијата „спешл селекшн“ на кои поетите ќе творат и ќе остават траен белег на вината на Тиквеш со стихови од светската поезија. СВП и винаријата Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за нашата земја што гостите ќе ја добијат од посетата на Македонија. Приказната за поезијата и виното во еден простор кој уште од антиката бил средиште на…

повеќе...

Атвуд: Значајно е што во Македонија се посветува многу внимание за поезијата

Струшките вечери на поезијата се одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на својот јазик и таа поезија да се слушне со превод. Манифестацијата е преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки што посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите, забележа канадската поетеса романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд. На официјалната прес-конференција посветена на Атвуд, таа истакна дека е многу значајно што во Република Македонија се посветува многу внимание за поезијата и дека во…

повеќе...

Засадено дрвце во паркот на поезијата во Струга во чест на годинешниот лауреат на СВП

Денеска во Паркот на поезијата во Струга беше засадено дрвце, во чест на добитникот на „Златниот венец“ на 55то јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата 2016, канадската поетеса Маргарет Атвуд. Престижната награда „Златен венец“ на Марагрет Атвуд ќе и биде врачена утре на традиционалното поетско читање „Мостови“.

повеќе...

Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник „Браќа Миладиновци“ на СВП 2016

Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот. Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и рече дека „Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградта „Димитар Митрев“ за…

повеќе...

Привршува конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Привршува проектот за конзервација и ревитализација на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга. Увид во активностите денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која оцени дека се работи за многу богат и колоритен фрескоживопис, кој ретко може да се види во другите наши цркви. „Станува збор за доста специфична работа. Фрескоживописот во црквата се простира на површина од 600 метри квадратни. Доста е сочуван, но пред реставрацијата целиот беше во темна боја. Сметавме дека е од огромна важност да се конзервира и целосно да се ревитализира“, истакна Канческа-Милевска. Појасни…

повеќе...

Свечено отворено 55-то издание на Струшките вечери на поезијата 2016

Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција. На еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор, ги афирмирааат поетските вредности на сите светски јазици и го глорифицираат универзалниот сон на човештвото кој вели дека поезијата ќе го спаси Светот, истакна синоќа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на 55. јубилејно фестивалско издание. Фестивалот почна со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање продолжува со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.…

повеќе...

Струга домаќин на Balkan Changemakers’ Weekend

За прв пат досега, речиси 20тина луѓе од седум земји од Југоисточна Европа ќе се соберат за работен викенд со цел да се креираат решенија за критични проблеми кои го кочат растот на start-up екосистемите во регионот: Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси? Ова е почетен настан, организиран од страна и за млади луѓе кои имаат заедничка визија за поттикнување на претприемништвото и start-up екосистемите во нивните земји, преку соработка и размена на знаења и искуства. Во…

повеќе...

Утре почнуваат Струшките вечери на поезијата 2016

Триесет и двајца поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија, ќе учествуваат на 55. Струшки вечери на поезијата што од 24 до 28 август ќе се одржат во Струга, а поетски читања ќе има и во Битола, Ресен, Охрид. Фестивалската програма завршува на 29ти август со поетско Матине на Матка и Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје. Педесет и петтото фестивалско издание донесува радикални програмски измени, кои ќе овозможат посеопфатна презентација на поетското творештво. Секое попладне ќе се пие „Поетско кафе“…

повеќе...

Кривична пријава за лицето од Приштина кој украде картичка од стружанец

Поднесена кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина, Р. Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела и тоа „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16ти јули годинава, во ПС Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал…

повеќе...