Повредено лице од Лабуништа при експлозија на плинска боца

Вчера во 17:40 часот на магистралниот пат Струга-Дебар на м.в. „Мороишки Мост“ опожарено е ПМВ „Рено Трафик“ со италијански регистарски ознаки управувано од Н.Ф.(1958) од с.Лабуништа-Струга. Горенаведеното ПМВ е опожарено додека се движело како последица од експлозија на плинска боца од 12 литри, која Н.Ф. ја превезувал во возилото. Возилото е целосно опожарено, а Н.Ф. се здобил со телесни повреди, по што бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била пружена неопходна медицинска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга.

повеќе...

Притворено лице од Приштина поради кражба на картичка од стружанец

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба“ и „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, изречена му е парична казна и протерување од Република Македонија во траење од три години. Пријавениот, на 16-ти минатиот месец, на градскиот пазар во Струга, во згодна прилика извршил џебна кражба од Б.Т. жител на Струга одземајќи му паричник со помала количина пари и една банкарска картичка од „Тутунска…

повеќе...

44-ти Меѓународен ракометен турнир – Струга 2016

Агенцијата за млади и спорт продолжува со активностите во насока на промоција на македонскиот спорт на меѓународен план. Со одржувањето на 44-от меѓународен турнир во ракомет “Струга 2016”, во периодот од 17 до 20 август оваа година, градот Струга ќе биде повторно во центарот на вниманието на ракометна Европа, а сотоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта. По тој повод денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на која покрај директорот Марјан Спасески свое обраќање имаа претставници од организациониот…

повеќе...

СВП: Потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016

Жири комисијаaта за доделување на наградата „ Браќа Миладиновци“ – за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 46 книги од 45 автори на конкурсот, во потесен избор ги избра следните поетски остварувања (според азбучниот ред на презимињата на авторите): Морето ми е до колена од Јовица Ивановски Глагољубни песновиденија од Димитар Пандев Времено и трајно од Јован Стрезовски Посланија и риданија од Кочо Топузовски Светлината на Света Гора од Иван Џепароски. Одлуката на жири комисијата е донесена после првите…

повеќе...

Поетесата Ненси Морехон сочувствува со настраданите во поплавите

Во овие тешки мигови со кои се соочуваме по природната непогода што ја зафати Република Македонија до Струшките вечери на поезијата пристигнаа изрази на длабоко сочувство од сите страни на светот. Меѓу тие кои ни испратија изрази на сочувство и поддршка во овие тешки мигови е добитничката на „Златниот венец“ во 2006 година, кубанската поетеса Ненси Морехон. Таа во својата порака упатена до Струшки вечери на поезијата по повод трагичните настани вели: Драги пријатели, Вчера, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје,…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради „загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (37) од струшкото село Радолишта. На втори овој месец околу 03.оо часот, пријавениот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција, Д.Ш. е приведен по што одземен му е нож во расклопена…

повеќе...

Стружанец заработи кривична пријава поради бесправно градење

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Г.И. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга на ул. „Партизанска“ без одобрение за градење започнал доградба на објект од метална конструкција со намена за вршење угостителска дејност. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен бил записник и донесено било решение од 28ми јуни годинава за отстранување на објектот.

повеќе...

Стружанец прободен со нож пред казино во Струга

Утрово околу 02:30 часот во Струга на ул.„Нико Нестор“ во непосредна близина на казино дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата М.И. (19) и Д.Ш. (37), двајцата од с.Радолишта-струшко. Истите започнале расправија во казиното, по што ја продолжиле надвор од објектот. Во еден момент Д.Ш. со нож го прободел И.М. во пределот на левата страна од телото, а потоа го напуштил местото на настанот. Од страна на екипа од ИМП, И.М. бил пренесен во МЦ-Струга, каде му била констатирана тешка телесна повреда и истиот бил задржан на…

повеќе...

И струшките плажи полни со гости

Деновиве и струшките плажи се полни со гости од земјава и странство кои спасот од горештините го бараат токму покрај убавото Охридско Езеро, односно се разладуваат во водата. Интересно е тоа што на струшките плажи можеа да се видат и повеќе лебеди кои се дружеа со капачите, особено со најмладите, не само во водата, туку и на копно. WebOhrid

повеќе...