Фешта во фацата на хипокризијата на четвртото издание на „ДримON“

Со провокативниот наслов „Фешта во фацата на хипокризијата“, околу кој е конципиран стартниот ден на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, започнува петдневната програма која ќе се случува од 27 до 31 јули во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Фестивалот ќе внесе свежина во културното живеење на Струга, а тоа се навестува уште со првиот фестивалски ден и истоимената дебата, „Фешта во фацата на хипокризијата”. Модератор на дебатата е новинарот Тони Димков, а панелисти се Филип Јовановски од „АКТО“, Костадин Шурбановски од „Д Фестивал“ и Петра Селишкар…

повеќе...

Меѓународен „Фолклорен Мост“ во Струга

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва од 20.00 часот ќе се одржи меѓународната манифестација „Фолклорен Мост“. Традиционално манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците. На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од земјите на Балканот, како и фолклорни групи од Полска. Учесниците, преку песни и игри, ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји. Извор:meta.mk

повеќе...

„Обојени програм“ ќе свират на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“ во Струга

Пионерите на српскиот алтернативен звук, „Обојени програм“ ќе настапат на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ во Струга. Нивниот концерт е закажан за вториот ден на фестивалот, во четврток, 28 јули и ќе започне од 22 часот. Познати по своите интересни надреалистички текстови, заразни мелодии и истрајност на сцената, новосаѓаните настапуваат на главната сцена на „ДримON“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Публиката во Струга ќе има можност во живо да ги чуе Љуба, Бебец, Кебра и Цина, со добро познатите „Небо, небо плаво је“, „Кад се неко…

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...

Голем пожар во куќа во Струга, зафатени уште осум куќи

Вчера околу 13:10 часот во Струга, на ул„Нико Нестор“ во куќа сопственост на Н.Б.(1959) настанал пожар во кој биле зафатени уште осум куќи. Од страна на ТППЕ-Струга и Охрид, пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот поради немање на услови ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

повеќе...

Годинешните „Струшки книжевни средби“ во знакот на 155-годишнината од Зборникот на Миладиновци

Деновиве во Струга, Охрид и во Вевчани се одржува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“. Програмата почнува на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БИХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска… Хрватското книжевно друштво од Риека ќе се претстави со стихови на поетите: Хрвојка Миловановиќ-Салопек, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Жаклина Глибо, Никола Шимиќ-Тонин, Анте Грегов, Љубица Рибиќ и Мирјана Мајиќ. Во Црквата „Св. Никола“ ќе се одржи Портрет на Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – лауреат на наградата „Книжевна далга“ за…

повеќе...

СДСМ: Здравствените установи во Струга во очајна и катастрофална состојба

Пратеникот Јован Митрески, во изјава за медиумте истакна: „Катастрофалната состојба во јавните здравствени установи во Струга ги негираат милионските инвестиции во здравството кои секојдневно ги промовира министерот Тодоров. Доказ дека тие инвестиции се виртуелни се мизерните услови за болничко лекување, недостаток на основна терапија и недостаток на реагенси во болничките лаборатории. Наместо да се решаваат здравствените проблеми на граѓаните, наместо да ја добијат услугата за која од нивните плати се задржува придонес за здравствено осигурување, тие се изложуваат на дополнителни трошоци со тоа што сами, од приватни аптеки треба ја купуваат…

повеќе...

Кривични пријави за стружани кои бесправно граделе во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј. (77) од Охрид, и против З.И. (49) и Н.Д. (50), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на месец мај 2016 година, без поседување на одобрение за градба издаден од надлежен орган, на имот сопственост на првопријавената на ул. „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид извршиле доградба на објект во кој инвеститор била првопријавената, а додека второ и третопријавените биле изведувачи. Од страна на градежен инспектор од Охрид констатирано е истото за што е…

повеќе...

Состанок во Струга – Превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје

Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денес ќе се одржи во Струга. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој бесправно градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Г.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на јуни месец 2016 година, на катастарска парцела во Калишта – Струга на м.в. Еленско во сопственост на Р. Македонија, без одобрение за градба изградил објект од челична конструкција. Од страна на градежен инспектор на oпштина Струга составен е записник и донесено е решение со кое се наредува отстранување на градбата која се гради без одобрение.

повеќе...