Гимназијалците во посета на ОСУ „Ибрахим Темо“- Струга

Вчера во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ја возвратија посетата на учениците од ОСУ „Ибрахим Темо“ од Струга. При посетата беше одржан отворен час на тема „Ние и космосот“, кој го подготвија учениците од Охрид. На отворениот час, преку презентација изработена од страна на учениците, беа прикажани научни факти и теории, кои ги поврзуваат математиката, физиката и географијата во една  од најстарите науки – астрономија. Дел од теориите кои што беа прикажани, беа и теориите за смртта на планетатаЗемја. Иако…

повеќе...

Канадската авторка Маргарет Етвуд добитник на Златниот венец на СВП за 2016

Канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Етвуд е добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2016 година. Одлуката била донесен аедногласно, а денеска на прес-конференција ја соопшти раководството на фестивалот. Етвуд е родена во 1939 во Отава. Нејзиното пишување главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата. „Наградата на Етвуд и се доделува за исклучителниот придонес во поетската уметност со особениот творечки пристап во третирањето на…

повеќе...

Кривична за стружанец поради повреда на правата од работен однос и социјално осигурување

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(45) од Струга управител на ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга заедно со прво пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. О.Н. на 15.11.2015 година, без дадено овластување од страна на А.М. управител на правното лице „Еуро Мебел Лаб“ од Струга склучил договор во име на „Еуро Мебел Лаб“…

повеќе...

Шекеринска во струшко: Оние што краделе пари или гласови мора да одговараат

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, вчера беше помеѓу граѓаните на Струга и околните села. „10 години ништо не е променето. Власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не остави во заборав“, велат изнемоштените лица на коишто им се гледа тежината што ја носат на себе. „На ова што сега се случува, мора да му дојде крајот. Се е партизирано, граѓаните имаат проблеми, а никој не се грижи за тоа,“ велат жителите револтирано. „На Македонија и требаат промени. Да станеме држава којашто ќе ги зачува овие млади тука. Да се свртиме…

повеќе...

Две непознати лица извршиле разбојништво во Струга

На 14ти март околу 18.00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од с.Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на ПМВ „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и…

повеќе...

Кривична за стружанец поради злоупотреба на службена положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама” и „злоупотреба на службена положба и овластување” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани. Пријавениот, на почетокот на минатата година, во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, на лице од Струга му ветил измена на урбанистички план за катарстарска парцела за што противправно примил 12.500 евра. П.А. најнапред како раководител на одделението за административна подршка на советот, а…

повеќе...

Во два одвоени случаи поднесена кривична пријава за лица кои бесправно граделе

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект – станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот. ПС Струга поднесе кривична пријава против Ќ.М. (56) од с. Биџево, управител на ГТУД „Трим“ ДОО – Охрид и правното лице ГТУД „Трим“ ДОО Охрид, поради…

повеќе...

Кривична пријава за албански државјанин поради кражби во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (20) од Прењас – Република Албанија. На 2о-ти минатиот месец, пријавениот, со употреба на камен го скршил стаклото од влезната врата на една фризерница лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Тој, откако извршил пребарување, одзел повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000,оо денари. На почетокот на февруари годинава, пријавениот Н.С. со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана…

повеќе...

Ограбена продавница во Струга

Вчера околу 21:45 часот во Струга, на ул.„Моша Пијаде“ поточно во продавница „Балко-Пром“ едно непознато лице со закана со пиштол од една вработена одзел околу 1000 денари и 25 штеки цигари по што го напуштил местото на настанот. Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициската станица – Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Работилница за вмрежување на општинските советници

Во Струга, вчера, советниците од Советот на општина Охрид, Јадранка Василеска – Здравеска и Љупчо Настоски, учествуваа на работилница за облиците за вмрежување на општинските советници. Работилницата се спроведува како проект на Швајцарската Агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ спроведуван од страна на УНДП во соработка ЗФР. Целта на оваа работилница е размена на мислења за облиците на вмрежување на општинските советници и конечниот предлог на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници и да се направат консултации за подобрување на секојдневното функционирање на советите преку…

повеќе...