Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар

Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави  премиерот Никола Груевски. „Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и…

повеќе...

Груевски: Нови директни 3.850 вработувања во технолошките зони

Нови 3.850 директни вработувања, плус индиректни вработувања ќе се отворат во странските директни инвестиции во зоните во Македонија чии објекти се почнати и наскоро треба да ги завршат со градба, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Во овој период од месец и пол – два има активности на околу осум компании во Македонија. Три од нив веќе почнаа производство во последните месец дена, тоа е италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и вчера компанијата од Дубаи „Ејпл Ленд“ во Ресен. Две од нив започнаа градба на свои фабрики, тоа е оваа ОДВ…

повеќе...

Авиодезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општините Охрид, Струга и Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека четврток во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан. На територијата на…

повеќе...

Верниците го исполнија манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица. По тој повод  од синоќа  голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. За многу години! WebOhrid

повеќе...

АХВ: Водата од изворот во црквата во Калишта не е безбедна за пиење

Врз основа на добиените резултати од извршените лабораториски испитувања на безбедноста на водата за пиење во струшкиот регион, кои, Центарот за јавно здравје ги врши во рамки на Мониторинг програмата на безбедноста на водата за пиење, бидејќи не се исполните барањата од Правилникот за безбедност на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани за употреба водата од изворот во црквата Калишта во Струга. Согласно дадената наредба од страна на инспекциските служби на Агенцијата, на изворот на вода во црквата Калишта поставени се информативни табли дека водата не…

повеќе...

Кривична пријава за вевчанец поради „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. Пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со испратница испорачани 9052,5 м3. Со тоа, тој се стекнал…

повеќе...

Стружанец заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(49) од струшкото село Лабуништа. Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ги пречекорил своите овластувања и незаконски издала 22 одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и одобрил сеча на 1470 м3 дрвна маса. Тој постапил спротивно на…

повеќе...

Со врачување на традиционалните награди на манифестацијата „Мостови“ завршија 54. Струшки вечери на поезијата

Со врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата заврши 54. издание на Струшките вечери на поезијата. Признанието „Златен венец“ на годинeшниот лауреат кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник му го додели претедателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски. Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад странски автор на шпанската поетеса Паула Бозалонго и ја враќи директорот на фестивалот Мите Стефоски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка…

повеќе...

Масовен пречек на Заев во струшко: Вие сте спасот за Македонија

„Само Вие сте спасот за Македонија“. Ова што го довикна една жена, проследено со аплауз, беше топло добредојде на претседателот Зоран Заев во струшко. Со него беа генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Александар Кирацовски, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, пратениците Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Васко Ковачевски, општинските раководства на СДСМ од Струга, Вевчани, Враништа, Охрид.  Посетата почна од Струга, по чаршијата. „Јас Албанец, тој Македонец, еве како е можно братство“– го повика еден граѓанин претседателот Заев, да се поздрават, да ја проба неговата…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Струга – Ќафасан

Вчера околу 16.00 часот на Магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од с.Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга. Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во ГБ-Струга каде починал. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

повеќе...