Сметката на ОУ „Григор Прличев“ ќе биде одблокирана и училиштето ќе добие електрична енергија

„Локалната самоуправа интензивно работи да го реши проблемот со доверителите кои ја имаат блокирано сметката на Основното училиште „ Григор Прличев“ и веднаш потоа ќе биде платен долгот кон ЕВН и училиштето ќе добие електрична енергија“ – изјави денеска градоначалникот Никола Бакрачески. Објасни дека има доволно средства за плаќање на долгот за потрошена електрична енергија кон ЕВН , но тој не може да се подмири се додека не се одблокира сметката на училиштето. „Со крајно несериозни изјави опозицијата го злоупотребува овој случај во медиумите. Јавноста знае дека оваа локална власт…

повеќе...

Поради долг ЈП „Билјанини Извори“ и ОУ „Григор Прличев“ исклучени од напојување со електрична енергија

ЕВН Македонија денеска им ја исклучи електричната енергија на Основното училиште „Григор Прличев“ и на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Како што дознаваме, екипите на ЕВН денеска попладне околу 16:00 часот дошле во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и ја исклучиле струјата од трафостаницата што се наоѓа во близина на спортската сала. Причината, веќе е позната, долгот од над 8 милиони денари што го има ова претпријатие кон ЕВН и којшто се таложел низ годините наназад. Локалната самоуправа успеа да издејствува склучување договор со ЕВН за плаќање на долгот…

повеќе...

Македонија произведува 50 отсто од потребите за енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, вкупното примарно производство на енергија во Република Македонија изнесуваше 1 373 408 toe или 50.5% од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесуваше 2 721 727 toe. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2013 година беа: индустријата со 31.0%, сообраќајот со 27.5% и домаќинствата со 25.0% (од расположливата финална потрошувачка).

повеќе...

Се реконструира дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион

ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион. Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга досега изгради над 5 километри дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво. Реконструирани се 13 трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрeжа и се воведува ред во користењето на електричната…

повеќе...

Цени на електрична енергија и природен гас

Според податоците на Државниот завод за статистика во првото полугодие 2014 година во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.86 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие во 2013 година претставува пад од 0.41%. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.35 до 8.01 денари по KWh по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 24.35 до 26.48 денари по nm3 по групи на потрошувачи.

повеќе...

Домаќинствата до 15-ти ноември треба да одлучат од кого ќе купуваат струја

Петнаесетти ноември е последната дата до кога потрошувачите ќе треба да се одлучат која компанија ќе ги снабдува со електрична енергија. Домаќинствата и малите фирми, како продавници, бутици и слично се последната фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија. Оваа фаза опфаќа околу 700 илјади домаќинства и мали фирми и ќе стартува на 1 јануари 2015 година. На пазарот свои пакет-услуги ќе понудат девет компании, а префлањето од еден оператор на друг граѓаните ќе може да го прават еднаш годишно. Оние кои навреме, односно до 15 ноември, нема да…

повеќе...

Општинскиот инспекторат ќе исклучува објекти од напојување со струја

Општинскиот Инспекторат заклучно со 7-ми август спровел 70 контроли на угостителските објекти при што се направени записници и казнети се точно 30 објекти со глоби од по 800 евра, заради нарушување на дозволената граница на бучавост. Како што информираат од Инспекторатот и покрај големите контроли и изречените глоби од по 800 евра, некои угостителски објекти продолжувале со неконтролирано пуштање гласна музика и имало случај кога еден угостителски објект е казнет дури 5 пати со по 800 евра глоба. „Иако се бараше начин да се дојде до некое решение кое ќе…

повеќе...

Објектите на ЈП „Билјанини Извори“ повторно се вклучени на напојување

Попладневно објектите на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид повторно се вклучени на напојување на мрежата на ЕВН Македонија. Вклучувањето следува од како за ова лично се заложи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денес преговараше со менаџментот на ЕВН во Скопје. Сега повторно објектите ќе може да функционираат нормално, ќе се одржуваат тренинзи, а непречено ќе стартува и работата на базенот. ЈП „Билјанини Извори“ во моментов на ЕВН Македонија и должи нешто помалу од 8 милиони денари, долгови кои се насобирани во периодот од 2008 година до март 2013 година.

повеќе...

ЕВН ќе замени оштетено броило за осветлување на три градски улици

Општина Охрид  денеска од  надлежните служби на ЕВН Македонија  побара  во најскоро време да го заменат броилото за улично осветлување кое е во дефект со ново, затоа што истото е причина деновиве без улично осветлување да се три градски улици „Марко Цепенков“ од кружниот тек 2 до Стобекс, улица „Прва Македонска бригада“ од Стобекс до воениот магацин и улица „Момчило Јорданоски“ од кружен тек 2 до населбата „Бараки“, лево и десно, како и до Охрид 2 односно до таканаречената 110-ка. Од ЕВН Македонија  велат дека во најскоро време ќе го…

повеќе...

Македонија понуди дополнителна помош на Србија, ќе испорачаме и струја

Македонија понуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и исппорачување електрична енергија. Македонија одлучи да додели и дополнителни квоти разни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а со поголем број приватни компании се договараат пратки на вода кои би биле испратени во Србија или пак во Босна и Херцеговина кои деновиве ги зафатија поплави.   Ова попладнево го изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев кој рече дека уште…

повеќе...