Пронајдена дрога кај скопјанец при претрес во неговиот дом во Струга

Вчера во 10:10 часот, со наредба од Основен Суд Струга, полициски службеници од ПС ОН Струга извршиле претрес во домот на А.Ѓ. (33) од Скопје со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претресот биле пронајдени едно мало пакување со непозната тревкаста материја, еден шприц со непозната темна течност, една бела најлонска ќеса со мала количина непозната тревкаста материја и една најлонска ќеса со 11 шприцови со непозната темна течност, додека во дворот биле…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи меѓународна судска конференција „Независно судство“

На 28ми октомври (петок) во Охрид, ќе се одржи Прва меѓународна судска конференција на тема „Независно судство“. Конференцијата е организирана од страна на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија. На конференцијата поздравно обраќање ќе имаат Лидија Неделкова, претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Дејвид Стивенсон, шеф на политички и економски оддел на Амбасадата на САД во Република Македонија, Кристофер Лехман, извршен директор на Институтот CEELI, Прага и…

повеќе...

Меѓународна конференција за мирно решавање на работни спорови

Новиот механизмот за мирно решавање на работни спорови што неодамна беше воспоставен во нашата земја, овозможува побрзо, поефикасно и бесплатно вонсудско решавање на колективните и индивидуалните работни спорови. Од неговото функционирање полза имаат како работнaиците и работодавачите, така и земјата во целина, бидејќи се овозможува социјален мир на работното место, а со тоа и економски раст. Ова е една од клучните констатации на учесниците на дводневната меѓународна конференција „Мирно решавање на работни спорови“, организирана во Охрид на 18. и 19. октомври 2016, од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ).…

повеќе...

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за мирно (вонсудско) решавање на работни спорови

Денеска и утре во Охрид, се одржува меѓународна конференција посветена на механизмите за мирно (вонсудско) решавање на работни спорови. На конференцијата, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), учествуваат експерти и претставници на релевантни институции од земјава, регионот и Европската Унија. Во рамки на дводневниот настан меѓу другото ќе бидат презентирани и искуствата од решавањето на првите работни спорови во земјава според воспоставениот нов систем за мирно решавање на работни спорови со помош на помирувачи и арбитри.

повеќе...

Заев: Ветивме дека ќе се бориме за правда, затоа сме овде!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Како што реков, еве сме овде пред Судот заради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа условите да можат да се оддржат рочиштата ние сме овде барајќи правда. Ова денеска што се случува во Судот како што знаете, не бевте пуштени и вие новинарите заради тоа што срамот е голем и на овој Суд. Денеска ова е доказ како се инструментализира и како се става под контрола судството заради едни забегани политики во…

повеќе...

Зоран Караџовски избран за претседател на Судскиот совет

Судскиот совет денеска едноглано го избра Зоран Караџовски за нов претседател. За Караџовски гласаа сите 12 членови на советот. Тој денеска немаше противкандидат, за разлика од вчера, кога противкандидат му беше судијката Лидија Каначковиќ. Караџоски беше кандидат на предлог на судијата Влатко Самарџиски, додека Каначковиќ беше предлог на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Заменик на Краџовски во Советот ќе му биде Шемседин Јусиуфи. Мандатот на претходниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски, му истече на 21 април. Тој беше избран за член на Советот на 21 април 2010 година…

повеќе...

Сугарески: Бараме измени на Законот за помилување, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ мора да одговараат

Координарот на пратеничката група на СДСМ Скопје,Горан Сугарески, во изјава за медиумите истакна: „Светот и Република Македонија се соочува со сериозни предизвици: глобален тероризам, неовластено прислушкување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување и сл. Република Македонија не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет. Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи,…

повеќе...

Судската администрација од денеска во тридневен штрајк

Вработените во судската администрација од денеска стапуваат во тридневен штрајк, поради, како што велат, незадоволството од примањата и од лошите услови за работа. Организаторите од Синдикатот на управата и правосудните органи (УПОЗ), како и здруженијата на граѓани и на судска администрација велат дека на денот на штрајкот, судовите делумно ќе функционираат, додека случаите за итна постапка и притвор нормално ќе работат. Според најавите, тие еден час од своето работно време ќе го поминат седејќи во ходникот, а последниот ден од планираниот тридневен штрајк ќе го поминат пред три институции, Влада,…

повеќе...

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. „Во случајот „Титаник“ се работи за осомничени лица за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и во 2014 година. Овие лица за кои е отворена истрага, биле или сè уште се на високи функции…

повеќе...

Јанева нема да присуствува на седницата на Советот на обвинители за извештајот

Советот на јавни обвинители денеска на седница, закажана за 10 часот, ќе го рагледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната обвинителка, Катица Јанева, што таа пред три дена го поднесе до Советот и до Собранието на Рапублика Македонија. На седницата ќе присуствува републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители по службена должност, а поканета да присуствува е и специјалната обвинителка. Сепак, како што потврдија за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство, Јанева нема да присуствува на седницата. Оттаму велат дека специјалната обвинителка нема законска обврска…

повеќе...