Нема притвор за Јанкулоска и Божиновски

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“. Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и корпуција при Основниот суд Скопје 1. Со ова, судот ги одби сите барања на СЈО за притвор на осумтемина осомничени во првата акција на Катица Јанева. „Пред судија на претходна постапка од одделот…

повеќе...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, останатите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар Кирил Божиноски, преку своите адвокати го известиле судот дека поради патување не биле во…

повеќе...

Тепачка во Основниот суд во Охрид

Вчера во Основниот суд во Охрид нарушен е јавниот ред и мир при што едно лице се здобило со удари со тупаници во пределот на главата. Настанот се случил околу 15 часот во една од судниците во Основниот суд на завршетокот на судската расправа. Во еден момент, еден од адвокатите присутен во судницата го нападнал својот колега нанесувајќи му неколку удари со тупаници во пределот на главата. Судската полиција го спречила нарушувањето, а подоцна повредениот побарал лекарска помош. СВР Охрид презема дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.

повеќе...

Утре „Отворен ден во судството“

Утре, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд. Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп иОсновен суд Тетово. Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат организирани во три…

повеќе...

Идната недела ќе се донесе судска одлука за случајот „Лизгалиште“

Денеска се одржа главниот претрес од судскиот процес за случајот „Лизгалиште“ во кој секретарот на општина Охрид Димитар Спасески го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета. Рочиштето, исто како и претходното кое беше подготвително, започна со предлог на судијата, доколку има можност двете страни да се спогодат, со извинување или порамнување на друг начин. Тужителот Спасески рече дека останува до крај на тужбеното барање, а неговиот полномошник на почетокот од јавната расправа ги достави до Судот доказите што ги најави на претходното рочиште поточно извадоците од електронските портали…

повеќе...

Блажески: Ќе донесам и адвокат од Скопје, само за да ги одбранам интересите на граѓаните

Во Основниот суд во Охрид денеска се одржа подготвително рочиште за правната работа против Дејан Блажески, претседател на охридската организација на Либерално-демократската партија и член на Советот на Општина Охрид, тужен од страна за секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески заради навреда и клевета во врска со случајот „Лизгалиште“, кој според Блажески е контроверзен проект. На денешното рочиште Блажески го одби предлогот на судијата за правно помирување и рече дека психијатриското вештачење не му било доставено заедно со тужбата. Како што рече по завршувањето на рочиштето, ја зборува само вистината…

повеќе...

Меѓународна потрага по охриѓанецот осомничен за двојното убиство

На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „Убиство“. Имено, на 21.08.2014 година околу 23,20 часот во Охрид, во хотел „Император“, лоциран на ул.„15-ти Корпус“, сопственост на Васил Р., осомничениот Бојан го убил сопственикот и Ромео Ѓ.(1976), кои се пренесени во МЦ-Охрид, каде и двајцата починале. Според досега добиените сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишле во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по…

повеќе...

Започна судскиот процес за петте станови на „Трудбеник“ кои беа предмет на заплена

Во Основниот суд во Охрид денеска започна судскиот процес за спорноста околу сопственоста на петте станови на АДГ „Трудбеник“ на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид кои беа предмет на присилна наплата од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Застапничката на второтужениот – Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор истакна дека правото на сопственост се стекнува со упис на имотот во Катастарот на недвижности. Таа се повика дека Основниот суд во Охрид не е надлежен да расправа по овој предмет,…

повеќе...

ЈПК Дебрца: Огромните наследени долгови сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на претпријатието

И покрај поминати повеќе од шест месеци од промената на власта во Општина Дебарца, огромните долгови што се наследија во јавното претпријатие сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на ЈП. Секојдневно пристигнуваат решенија и тужби па и извршители кои си ги бараат ненаплатените долгови створени од тогашниот директор Благјоче Стојчески. Имено, за неговото незаконско работење вистински доказ е пристигнатото решение за извршување на ЈПК Дебрца, во износ од 132 300 денари за пресудата според која екс директорот во неговото раководење направил повреда на членови од законот за животна средина…

повеќе...

СВР Охрид оствари работна средба со охридските јавни обвинители

Практичната имплементација на новите одредби од законот за кривична постапка беше темата на денешната работна средба на повеќе раководители во СВР Охрид со јавните обвинители од Охрид. Полициските раководители и јавните обвинители целосно и детално ги прегледаа измените и новите одредби од законот за кривична постапка кои стапуваат на сила од први идниот месец. Новиот закон за кривична постапка ќе биде обврзувачки за сите полициски службеници во секојдневното полициско работење, во сите полициски преземања и во примената на полициските овластувања.  На денешната работна средба практично беа согледани низа конкретни  аспекти…

повеќе...