Традиционално, секоја година, верскиот празник „Св.Никола“ се слави и на месноста „Чекоштина“ каде повеќе од 15 години постои параклис посветен на славниот светител. Тука повеќе од една деценија доаѓаат христијанските верници од Охрид и околината кои го чествуваат големиот празник и го одржуваат како место за молитва. Лоциран на прекрасно место кое пружи неверојатен поглед кон охридско-струшката околија и Охридското езеро, параклисот посветен на светецот „Св.Никола“ пред повеќе од 15 години го поставил нашиот сограѓанин Славе Најдески. Тој вели дека локацијата за параклисот како и светецот на кој треба да…
повеќе...Tag: светец
Со свечена академија завршија чествувањата за празникот Свети Климент Охридски
Синоќа со одржувањето на Свечената Академија во НУЦК „Григор Прличев“, завршија чествувањата за празникот Свети Климент Охридски. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Никола Бакрачески истакна: „Во долговековната историја на Охрид еден цел ред на значајни личности и настани го одредуваа неговото патување низ историските времиња, оставајќи свој белег врз иднината на овој вечен град. Божественото дело на Свети Климент Охридски е оној препознатлив и безвременски знак, кој ги исцрта историските контури на духовно и културно воздигнување на нашиот македонски народ. Повеќе од 11 века Светиклиментовото слово силно зрачи низ…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед, Вам лично и на целото свештенство и монаштво, по повод големиот празник Свети Климент Охридски, да Ви упатам срдечни честитки и најискрени желби за благосостојба и за мирен духовен живот. Овој голем светител е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Свети Климент Охридски е основоположник на Охридската книжевна школа, а како…
повеќе...Свети Климент Охридски Чудотворец
За свети Климент Охридски, патронот на нашата Црква, првиот словенски епископ со Дух напоен од Бога, нашиот Старец, молитвеник, духовник, беседник, просветлител, учител… речиси и да немаме конкретни биографски податоци. Не се знае кога е роден, каде се школувал, кои се неговите родители и сл. Изворите молчат, но житијата никогаш немале за цел да ги изнесуваат личните моменти од животот на светителите, туку нивните богоугодни дела, нивните подвизи и жртви. Со иста таква цел и во спомен на овој голем наш светител и Божји угодник се напишани и овие редови.…
повеќе...Комисијата формирана од градоначалникот ги објави имињата на кандидатите за највисоката општинска награда
Во чест на празникот Св. Климент Охридски – Патронот на градот за 2013 година, градоначалникот Никола Бакрачески распиша Конкурс за доделување на општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“. По завршувањето на Конкурсот, Комисијата во состав Гордана Коњановска – претседател и членовите Димитар Спасески, академик Григор Каневче, Горан Стојаноски – актер, Данчо Целески – спортски работник, Светослав Маџаров – доктор в и Сашо Коруниски – декан на ФТУ , формирана од градоначалникот Бакрачески, утврдија дека сите апликанти ги исполнуваат условите по конкурсот. Општото значење на делото, значењето на…
повеќе...Сеноќно бдение во црквата „Света Богородица“ – Каменско
Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека на 21 ноември 2013 година (четврток), вечерта, ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Нектариј Егински Чудотворец“, со почеток во 23:00 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...На градскиот плоштад одбележан празникот Митровден
Голем црковно-народен собир се одржа денеска на градскиот плоштад во Охрид, по повод големиот верски празник „Свети Великомаченик Димитрија“ – Митровден. Традиционално, Црковниот одбор и оваа година организираше ручек за сите верници. Се служеше посно гравче, бидејќи оваа година, празникот се одбележува во петок, денот кој Црквата го одредила за пост. Празникот Митровден беше одбележан и со богата културно-уметничка програма. На големиот црковен собир присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
повеќе...Охрид го слави Св.Климент
По повод Денот на Свети Климент Охридски, Патронот на градот, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Гордана Коњаноска, положи свежо цвеќе пред споменикот на заштитникот на градскиот плоштад. Пред споменикот на Св. Климент Охридски се поклонија и делегации на основното и средното општинско училиште кое го носат името на Патронот на градот. Претходно, претставници на општина Охрид присуствуваа на литургијата во спомен на Св. Климент Охридски во црковниот храм Св.Климент и Пантелејмон на Плаошник.
повеќе...Богослужби по повод празниците Св.Петка и Св.Климент
По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, 7 август 2012 година (среда), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. На 8 август 2011 година (четврток), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија,…
повеќе...Преподобен Сисој Велики
Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му…
повеќе...