Засега непознат сторител изврши тешка кражба во црквата Св.Наум лоцирана во охридското село Лескоец. Во внатрешноста на црквата е влезено ноќта помеѓу 14 и 15 февруари оваа година, насилно и со употреба на подесен алат со кој е оштетена влезната врата од црквата. Сторителот на тешката кражба, за кратко време извршил пребарување во внатрешноста на црквата по што одзел 200 денари.
повеќе...Tag: свр
Кражба во конаците на манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница
На 15.02.2017 година во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница, охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот. Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје. Се…
повеќе...Измама при купопродажба на автомобил
НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.П. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на декември С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од с.Шум. при што му се јавил пријавениот под друго име како купувач на возилото. Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.
повеќе...Притворен албански државјанин кај кого била пронајдена дрога
Во врска со настан – пронајдена опојна дрога- даден во билтен од 13/14.02.2017 година, на 14.02.2017 година во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, на лицето Д.Ч. (44) од Р.Албанија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 14.02.2017 година истиот е предаден во Казнено – поправната установа-Затвор Охрид.
повеќе...Кривична пријава за лице од Велгошти кој повреди малолетник на депонијата Буково
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и ,,тешки дела против општата сигурност” СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (40) од охридското село Велгошти. На втори овој месец околу 13,00 часот, на депонија „Буково“,С.Ѓ. вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата, при сечење на буково дрво со дијаметар од 17 сантиметри и должина од 14,5 метри, повредил малолетно лице родено 2005 година од Битола. Малолетникот заедно со неговиот татко, престојувал во шатор на депонијата „Буково“ каде С.Ѓ. вршел сеча на дрва.…
повеќе...Охриѓанец заработи кривична пријава поради насилство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
ОКП Охрид поднесе кривична пријава против О.М. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и ,„напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.01.2017 година во 09.00 часот во кафе бар на ул. „Партизанска” во Охрид, влегол пријавениот кој бил под дејство на алкохол и побарал да биде послужен со пијачка и почнал да упатува пцовки и закани кон сопствениците на објектот, кои во моментот не биле присутни во објектот. Откако не бил послужен истиот продолжил да упатува вербални закани кон сопствениците,…
повеќе...Охриѓанец претепан и ограбен при влегување во казино
На 10.02.2017 година во 07,25 часот телефонски во ПС-Охрид, С.С.(54) од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде. А.Ф. му рекол или да му даде пари или ќе го истепа, а потоа заедно со Ф.А. го фатиле за рацете и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата, воедно А.Ф. му зел 10.000…
повеќе...Кривичнa пријавa за насилници кои упаднале во дом во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против 4 лицa: Ф.Н.(53), Ф.Н. (32), Е.Н.(29) и С.Н.(25), сите од Струга. Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на А.Е. од Струга. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, го забележала Ф.Н. кој физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица и со тупаници по целото тело. Потоа, зедно со останатите пријавени, влегле во домот на А.Е. каде ги забележале лицата З.А. и Е.А.…
повеќе...Охриѓанец заработи кривична пријава поради оштетување или повластување на доверители
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување или повластување на доверители“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.И.(41) од Охрид. Во 2013 година, за правниот субјект „Рома Славица“ каде пријавениот бил управник, е отворен стечај односно отпочнала стечајна постапка. Тогаш, пријавениот А.И. знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, а со цел да ги оштети доверителите на фирмата, како физичко лице ги отуѓил материјалите и целокупната стока со која располагала фирмата. На тој начин, пријавениот како поранешен управник на правниот субјект, се…
повеќе...Приведен вевчанец кој нападнал полициски службеник
НККР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(51) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”. На 04.02.2017 околу 12,15 часот од страна на полициски службеник, додека преземал службени дејствија во рамки на редовното работење кои што се состојат од конторола на безбедноста во сообраќајот во Струга бил физички нападнат од страна на К.Р. на начин што кога од страна на службеникот му било кажано дека ќе му биде издаден мандатен платен налог за сторен сообраќаен прекршок пријавениот најпрво…
повеќе...