Работник паднал од бандера во Рача и починал на пат кон болница

Вчера околу 12:30 часот во населбата Рача во Охрид, С.Р. (42) од с.Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале…

повеќе...

Пронајдена дрога кај лице од Кичево

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против A.Љ. (33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 26.10.2016 година на ул. „11-ти Октомври“ во Кичево полициски службеници извршиле личен преглед на пријавениот при што пронашле најлонско кесе со марихуана со нето маса од 0,64 грама.

повеќе...

Кривична пријава за 77 годишен охриѓанец поради полов напад врз малолетно момче

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г. (77) од Охрид. На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот С.Г. започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор, С.Г. го повикал малолетното лице до автомобилот…

повеќе...

Измамен охриѓанец останал без 1000 евра

Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено вчера на улицата „7ми Ноември“ во Охрид. Тука, околу 10 часот и 30 минути, двете лица на околу 55 годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него. Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата нудејќи му во залог…

повеќе...

Мајка ја пријави ќерка си за исчезната

Вчера во 11:40 часот, лицето Г.М.(58) од Струга за исчезната ја пријави нејзината ќерка Р.М. (33) која живее во Скопје. Според пријавителката, Р.М. имала нарушено здравје и во психичка криза можела да се самоповреди. Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки.

повеќе...

Кривични пријави за две лица од Охрид поради фалсификување на службена исправа и несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа” и против Н.С. (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело , „несовесно работење во службата”. Првопријавениот на 18.11.2013 година во службена исправа – налог за работа, кој лично го составил, внесол невистинити податоци за единечни мери и количини на материјали и услуги за изработена гробница од нарачателот Д.П., а исто така внел и невистинити податоци за цените и услугите кои биле спротивни…

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради оштетување или повластување на доверители

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители”. Пријавениот во својство на управител на правно лице, знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, со намера да оштети доверители, со измамничко дејствие оштетил доверители на начин што при водење стечајна постапка не приложувал документација за начинот како е располагано со наведеното правно лице, односно истиот како физичко лице ги отуѓил материјалите и стоката со кои располагало правното лице, со што противправно се стекнал со…

повеќе...

Стружанец заработи кривична пријава поради затајување

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Н.К. (24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 20.01.2017 година во ПС Струга од страна на Н.С. пријавено е затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот,…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Скопје кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 06.07.2016 година во 18.15 часот на паркинг лоциран на ул.„Караорман” во Охрид, при извршен преглед врз пријавениот и патничко возило „Тојота”, сопственост на неговиот татко, а управувано од него, биле пронајдени три зипер кесички со вкупна нето маса од 5,33 грама марихуана.

повеќе...

СВР: Во 2016 имавме стабилна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид

Во текот на минатата 2016 година, безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид беше стабилна и поволна. Активностите на полициските службеници се преземаа согласно определените стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и беа насочени кон сузбивање на криминалот во сите појавни облици и форми, реализација на имотните деликти и пронаоѓање на сторителите на казнените дела кражби и тешки кражби, борба против недозволена трговија со дрога, задржување на поволна состојба во јавниот ред и мир и подигнување на безбедносната состојба во сообраќајот. СВР Охрид, работеше и по…

повеќе...