Две малолетни момчиња злоставувале деветгодишно дете во Охрид

На 19.08.2017 година во 16:20 часот, лекар од Медицински центар Охрид во Полициска станица Охрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Охрид, врз кое бил извршен полов напад. Во 18:20 часот во Полициска станица Охрид, мајката на детето пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17:00 до 18:00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години. За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување…

повеќе...

Кривична пријава за велешанец со привремен престој во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ж. (41) од Велес. На 17 февруари оваа година, при претрес во стан на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се три куршуми калибар 6,35 милиметри од српско производство. По извршени проверки, констатирано е дека П.Ж. не поседува дозвола за поседување и носење на огнено оружје. При претресот извршен по наредба од Судија во претходна постапка, полициските службеници пронајдоа една најлонска паковка…

повеќе...

Во Струга убиен Дилавер Бојку Леку, полицијата трага по сторителот

СВР Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „убиство“ извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. Притоа, од здобиени повреди од огнострелно оружје, во општата болница во Струга починал Дилавер Б. (55) од струшкото село Велешта. Тој, на хируршкото одделение бил донесен во бесвесна состојба каде од страна на медицинска екипа укажана е лекарска помош и по неуспешна реанимација, констатирана е смрт настаната од огнострелно оружје. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид…

повеќе...

Пожар во стан во Охрид, повредено едно лице, оштетени седум возила

СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за предизвикана општа опасност и случена експлозија во стан на улицата „Сатеска“ во Охрид. Активностите се насочени кон дефинирање на можна експлозија од плинска боца која се наоѓала во трпезаријата од станот. Настанот се случил во 22 часот и 24 минути кога по експлозијата во трпезаријата, настанал пламен, а потоа пожар ја зафатил покуќнината и почнал силно да се шири низ собите. Пожарот е изгаснат со брза интервенција на Противпожарната единица од Охрид. Од експлозијата, со телесни повреди се здобил сопственикот на…

повеќе...

Ја удирал со главата од ѕид и нанел видливи телесни повреди

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Џ. (39), македонски државјанин на привремена работа во Шведска. Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни оваа година околу 21:00 часот, во куќа на улицата „Наум Охридски” во Охрид. Тука, тој започнал жестока вербална расправија со В.Џ. која во куќата престојувала заедно со нејзините малолетни деца. Во момент на револт и агресивно однесување, И.Џ. со рацете ја фатил за вратот, а потоа држејќи ја за главата ја удирал од ѕидот. Од силината…

повеќе...

Приведени четворица американски државјани со македонско потекло кои уништувале садници

Поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок по член 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против четири американски државјани со македонско потекло. Во поднесената прекршочна пријава опфатени се: Д.Л. (22) и Ф.Л. (20) по потекло од струшкото село Радолишта како и М.Х. (24), А.Х. (21) со живеалиште во Алјаска. Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца…

повеќе...

Двајца охриѓани претепале сограѓанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,тешка телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.М. (28) и И.С. (22), двајцата од Охрид. Пријавените, казненото дело го сториле на 26-ти јуни оваа година околу 16 часот во дворно место од куќа сопственост на Ѓ.М. од Охрид. Тука, пријавените започнале вербална расправија со него, а потоа физички го нападнале. Притоа, првопријавениот В.В.М. фрлил со столица према оштетениот и го удрил во пределот на десната рака, додека второ пријавениот И.С. физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот…

повеќе...

Охриѓанец нападнал службеник на СВР Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј. (35) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на шести минатиот месец, околу 10 часот во кругот на Центарот за возила. Тој, му упатил серија навреди и закани по живот на Ж.Ш. вработен како референтот по возила, по што физички го нападнал, го фатил за вратот и со рака го удрил во пределот на градите. Сега пријавениот, тоа го направил откако референтот по возила, извршувајќи…

повеќе...

Охриѓанец паднал од кајче и се повредил

Утрово околу 03:30 часот со возило на Итна медицинска помош, во болница „Св.Еразмо“, со повреди на главата бил донесен Г.С. (40) од Охрид. Повредениот бил донесен од непознати лица кои кажале дека биле со кајчиња во водите на Охридското Езеро, при што Г.С. паднал и се здобил со повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Забранет влез во Македонија за 11 албански државјани кои нелегално престојувале кај депонијата во Струга

По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез во Република Македонија и нелегална работа, полициската станица од Струга, со решение изврши протерување на единаесет албански државјани. Ним, изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година. На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, повикани се на разговор во полициската станица…

повеќе...