Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата „Не се клади на Енглези“, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот. Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба во вторник во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарницата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот. „Не се клади на Енглези“ е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер…
повеќе...Tag: театар
Театарската група на Црвен крст Охрид ги освои срцата на публиката и во Суботица
После Крагуевац, Ужице и Требиње, театарската група на Црвен крст Охрид ги освои срцата на публиката и во Суботица. Младите талентирани актери-аматери, волонтери на Црвен крст Охрид предводени од креаторите на претставата вчера заблескаа пред бројната публика во Младинскиот театар во Суботица со изведбата на театарската претстава „БАГАЖ“. Публиката не ја криеше воодушевеноста од прекрасната изведба-глума на младите актери, но и од тематиката на претставата која го третира актуелниот проблем со заминувањето на младите луѓе од родната земја во потрага по подобар живот, носејќи, во и со себе различни причини…
повеќе...Се чистеше Античкиот театар и во Велгошти
Се чистеше Античкиот театар после синоќешниот концерт, согласно договорот со продукциската куќа. Отпадот беше уредно собран и подигнат со возило на ЈП „Охридски Комуналец”. Друг дел од екипите, покрај тековните активности и зголемениот обем на работа, беа активирани на косење, чистење и уредување во с. Велгошти и улиците кои водат кај црквата Св. Петка, а во вечерните часови после завршување на турнирот ќе се изврши и миење на истите улици со специјално возило на претпријатието.
повеќе...Заврши четвртото издание на „Вдиши театар“
Со настапот на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „РУСКИ РУЛЕТ“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на четвртото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни се одржа во Охрид. Талентираните крагуевчани на оригинален и креативен начин прикажаа една современа семејна драма во која се преплетуваат емоциите, проблемите и искушенијата и се истакнува еден, се почест проблем на денешницата, семејното насилство и последиците од него. И оваа година Младинскиот аматерски театарски…
повеќе...Младите волонтери од Црвен крст Бар настапија на вториот ден од „Вдиши театар“
Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар, Црна Гора на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „РАЗБУДИ СЕ И БИДИ ТУКА“ преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот. Завршетокот на „ВДИШИ ТЕАТАР“ е резервиран за младите актери од театарската…
повеќе...Започна четвртото издание на „Вдиши театар“
Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „вдишат театар“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по четврти пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 1-4 јуни во Охрид. Првиот ден од овој фестивал беше резервиран за младите талентирани актери од театарската група на Црвен крст Охрид кои премиерно ја изведооа претставата БАГАЖ. Под менторство на авторите на претставата Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка…
повеќе...Од утре започнува четвртото издание на „Вдиши театар“
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, го организира четвртиот по ред Меѓународен Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот…
повеќе...Народен Театар Охрид ќе гостува во Белград и Германија
Во среда, 24-ти мај, на покана на македонското друштво „Македониум” од Белград, во Народниот Театар ќе се одигра претставата „Аналфабет” од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Претставата е дел од манифестацијата „Денови на Македонската култура во Белград – Допирот на Македонија”. Почетокот на истата е во 20:30 часот. Турнејата понатаму продолжува во Германија, поточно во Франкфурт, каде ќе се одигра театарската импровизација – „Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од…
повеќе...„Аналфабет“ на 7ми и 8ми април повторно пред охридската публика
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во петок и сабота повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од…
повеќе...„Импровокација“ во сабота пред охриѓани
Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар во сабота ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 21:00 часот. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската…
повеќе...