„Живот под кирија“ премиерно на „Охридско Лето“

Случувањата и проблемите во театарот, но и во системот во кој што тој опстојува ќе бидат прикажани во театарската премиера  „Живот под кирија“ во режија на Лука Кортина, Фиренца – Италија во изведба на НУ Албански Народен Театар, Скопје – Македонија што вечерва од 21 часот ќе биде изведена во рамките на „Охридско Лето“. Петтата премиера на 53-то издание на Фестивалот ја  слави уметноста, носи нов текст кој и понатака ќе живее на македонските и светските сцени, креативна возбуда на целата актерска екипа.  „Актерите не можат да се потпрат на…

повеќе...

Најволшебното дело на Шекспир „Сонот на летната ноќ“ вечерва на „Охридско Лето“

Класика со многу реализам и индиска фантазија. Премиерата на најволшебното дело на Шекспир„Сонот на летната ноќ“, во режија на  Иван Лео Лемо Загреб, Р. Хрватска а изведба на Народен театар – Охрид , вечерва пред охридската публика. Сцената на малата сала во Центарот за култура ќе донесе повторно премногу возбуда, но и нов дух, голема промена и освежување. Режисерското дело на Лемо, поставено во градот каде се спојуваат  културите,  ја отсликува длабочината на секоја реченица на Шекспир.   „Охрид е волшебен град. Поради тоа нема подобро место на светот за…

повеќе...

Најмладите уживаа во претставата „Принцот жаба“

Синоќа на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ се одржа вториот настан од проектот Ј.П. „Билјанини Извори за децата“. Овојпат најмладите уживаа во претставата „Принцот жаба“ во организација на Театарот за комедија и драма „Крик“ од Скопје. Улогите ги толкуваа: Сашо Ристовски, Роберт Ристов и Мирјана Поповски – Ристов. Ј.П. „Билјанини Извори“ и во текот на месец август продолжува со низа активности и настани за најмладите.

повеќе...

„Кавкаски круг со креда“ нова возбуда на „Охридско Лето“

Премиерата  „Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт во режија на Златко Славенски вечерва во Предворјето на Св.Софија со почеток во 21 часот во рамките на драмскиот дел од Охридско лето, ќе понуди специфична класика со оргинална музика, комбинација на различни генерации на актери, од пензионирани актери до деца кои допрва ќе бидат дел од театарската сцена. Според селекторот Ѓорѓи Јолевски оваа претстава содржи голема возбуда.   „Прекрасниот простор на Предворјето на Света Софија во Охрид како сцена доби потполно нова димензија со премиерните изведби. Во овој момент тоа е…

повеќе...

„Принцот жаба“ утревечер на Градскиот базен „Атина Бојаџи“

Утре, среда со почеток во 20 часот, во соработка помеѓу ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе гостува реномираниот театар за комедија и драма „КРИК“, на која ќе се изведе претставата за деца „ПРИНЦОТ ЖАБА“. Улогите ги толкуваат Сашо Ристовски, Роберт Ристов и Мирјана Поповски – Ристов. За музичкиот дел ќе се погрижат дечињата од фестивалот „Распеано рибарче“. Влез: 60 денари (фамилијарна влезница).

повеќе...

Комедијата „Тартиф“ од Молиер вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток од 21:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на програмата на „Охридско Лето“ е театарската претстава Тартиф од Молиер. Комедијата Тартиф од Молиер  премиерно била прикажана уште во 1664 година. Оваа комедија е всушност редица на интересни ликови, но, денес за нас не е толку важно која личност била прототип на Тартиф, туку поважен е фактот дека Тартиф е израз на една општествена појава која пуштила длабоки корени во тоа време. Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при…

повеќе...

Театарска претстава „Sports Play“ од Елфриде Jелинец на „Охридско Лето“

Вечерва на програмата на „Охридско Лето“ со почеток во 21:00 часот во дворот ОУ „Св.Климент Охридски“ е театарската претстава „Sports Play“ од Елфриде Јелинец, во режија на Ванда Бутковиќ, во продукција на Just A Must Theatre, Лондон – Велика Британија. „Sports Play“ претставува едно временско истражување на темната страна на животните игри, испреплетени со конкурентна борба во животот. Претставата е провокативно истражување и врска помеѓу спортот, национализмот и насилството и опис на човечката опседнатост со изгледот и неуморниот спортски дух. Текстот на претставата е напишан во 1998 година и е…

повеќе...

„Изгубени Германци“ вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, на програмата на „Охридско Лето“ е театарската претстава „Изгубени Германци“. „Изгубени Германци“ е целовечерна драма со современи идеи, атмосфера и амбиент кои се базираат на периодот од Втората светска војна. Настаните се случуваат во 1944 година, а гравитираат околу група Германци кои се заробени во рудник. Внатре истражуваат тајна руда, но истовремено отворајќи ги универзалните прашања за животот, смртта и општеството. Храната им ја обезбедува Американец, што претставува алузија на надежта која Македонија ја негува кон светската сила.…

повеќе...

„Хамлет во пикантен сос“ премиерно на „Охридско Лето“

„Охридско Лето“ продолжува со премиерните изведби во драмскиот дел. Овојпат на фестивалската сцена, актерите од Театар Комедија, ќе ја изведат премиерата „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, а во режија на Александра Кардалевска.  Урнебесна комедија, млада екипа, нов свеж дух на младите актери. Претстава која се бави со атрактивни односи, тема која ја слави обновата на енергијата.  Љубителите на театарската уметност вечерва во дворот на училиштето „Св.Климент Охридски“ со почеток од 21 часот ќе можат да го погледнат светот на дворската кујна како некој вид сензуално или невротично-весело Хамлетово…

повеќе...

„Малограѓанска Свадба“ денес ќе учествува на фестивалот „Скопско лето 2013“

Народниот театар од Охрид денеска ќе учествува на фестивалот „Скопско лето 2013“. Театарот од Охрид ќе се претстави со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски. Учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел…

повеќе...