Владо Мисајловски, нов министер за транспорт и врски

Новоизбраниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски (1985) досега ја вршеше функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во Скопје на отсекот дипломатија и меѓународна политика каде завршил и магистерски студии. Работел како помлад соработник и како советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, а советник бил и во Општина Ѓорче Петров, каде бил и претседател на општинската Комисија за прашања, избори и именувања. Во Општина Центар работел како раководител на сектор за поддршка…

повеќе...

Лагадин ќе добие медитеранска плажа

Министерството за транспорт кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин. Прокетот чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово, дознава економски.мк. Плажата Лагадин се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери” кон југ во должина од 500 метри, зафаќајќи го просторот помеѓу патот (Охрид – Св.Стефан – Пештани – Св.Наум) и водената површина од езерото. На потегот од петстотини метри предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на…

повеќе...

Започна пријавувањето за полагање на испитот за англиски јазик за сите такси возачи

Од денеска започнува пријавувањето за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик ) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик. Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата…

повеќе...

Објавен оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија

Министерството за транспорт и врски информира дека објави оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Предмет на електронското јавно наддавање се две градежни працели во општина Кратово и тоа: – Една градежна парцела предвидена со ДУП за дел од Урбана единица 1 Блок 2 со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Д1 со големина од 1657 m2 со почетна цена од 532 денари од метар квадратен. – Една градежна парцела предвидена со УП за с. Вакуф, У.Б.…

повеќе...

Министерството за транспорт и врски распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија

Министерството за транспорт и врски информира дека распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Станува збор за објави за продажба на 2 градежни парцели за изградба на бензински станици, 4 градежни парцели за изградба на винарии, 7 парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустија сервиси и стоваришта. Ова е детален приказ за секоја објава: 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено…

повеќе...

Во тек е санација на мостовите оштетени од поплавите во државата

Во тек е санација на мостовите оштетени од поплавите, моментално се реконструираат шест мостови во државата. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Владо Мисајловски денес направија увид во градежните работи на мостот на реката Пчиња во селото Долно Коњаре. Јанакиески посочи дека ова е само еден од четири мостови кои интензивно се санираат, а за два моста кои претрпеа поголеми штети од поплавите во тек е изготовка на проект за нивна санација. „Ова е значаен мост за жителите на ’Ржаничино и…

повеќе...

Каталог за државните деловни простории кои се на продажба

На веб страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ државава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање. Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и почетната цена на објектите, како и фотографии. Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12 овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории коишто Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор. Почетната вредност на 100-те деловни објекти се проценува на 5…

повеќе...

Потпишана Спогодба за за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево

Во рамките на денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје, министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески и Потпретседател на владата и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ ја поптшиаа спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево. Спогодбата има за цел поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај. Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите…

повеќе...

Нов бран на врнежи од утре, препораки од координативното тело

Кооринативното тело известува (според информаците од УХМР) дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница…

повеќе...

Во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница

Денеска се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состoјбата во кризните пордачја по вчерашните врнежи. Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип. Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите…

повеќе...