Се продава Трговскиот центар „Цома Мол“ – Струга. 6 спратови со лифт и ескалатор, 3836 метри квадратни објект и 508 м² двор. За информации јавете се кај Меџит Цома. Телефон: 070 232 876 email: info@coma-mall.com web: www.coma-mall.com
повеќе...Tag: трговија
Shitet Qendra Tregtare “Coma Moll” – Strugë
SHITET QENDRA TREGTARE COMA MOLL STRUGË 6 Kate me lift dhe eskalator 3836 metra katror objekti dhe 508 m² obor. Për informata Paraqituni tek Mexhit Coma. Теl Nu 070 232-876 E-mail: info@coma-mall.com web: www.coma-mall.com
повеќе...Индекси на прометот во секторот Трговија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.9%, а реално за 2.2%). Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 0.2%, а реално остана на исто ниво.
повеќе...Наскоро бесцаринска трговија со Турција и за земјоделско-прехранбени производи
Економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција беа главни теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Беким Незири и неговиот турски колега Нихат Зејбекчи, кој престојува во земјава во рамките на работната посета на премиерот Ахмет Давутоглу. На средбата министерот Зејбекчи предложи да се прошири Договорот за слободна трговија меѓу двете земји потпишан во 1999 година и да има бесцаринска трговија не само за индустриски, туку и за земјоделско-прехранбени производи. „Со ЕУ нашата земја има царинска унија, но без либерализација во земјоделскиот сектор. Затоа,…
повеќе...Индекси на прометот во секторот Трговија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0.9%, а реално за 1.0%). Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.3%, а реално за 1.0%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 12.1%, а реално за 8.0%).
повеќе...Промет во трговијата на мало, по производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало по производи, во 2013 година изнесува 125 173 188 илјади денари. По групи на производи, најголем промет од 25.8% е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспоменати производи“ 11.3%, во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 4.1%, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3.9%, во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 3.7%,…
повеќе...Деловни тенденции во трговијата на мало
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2014 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, а поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период е иста како и во претходното…
повеќе...Индекси на прометот во секторот Трговија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10.0%, а реално за 9.0%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.6%, а реално за 11.2%), Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 5.4%, а реално за 5.3%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7.0%, а реално за…
повеќе...Деловни тенденции во трговијата на мало
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, а е поповолна и во однос на второто тримесечје од 2013 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период. Раководителите на деловните…
повеќе...Индекси на прометот во секторот Трговија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5.1%, а реално за 2.7%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2.1%, а реално за 1.1%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7.0%, а реално за 7.9%).
повеќе...