Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6.2%, а реално за 4.7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0.7%, а реално за 11.3%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3.4%, а реално за 2.9%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5.5%, а реално за 7.0%).
повеќе...Tag: трговија
Намалување на прометот на трговијата на мало
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во април 2014 година, во споредба со април 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7.8%, а реално за 5.8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 1.5%, а реално за 14.4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4.6%, а реално за 3.9%).
повеќе...Три месеци била жртва на трговија со луѓе
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето Р.С.(23) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “Трговија со луѓе“ по член 418- а став 1 и став 2 од КЗ на Р.Македонија. На 23.05.2014 година од страна на полициските служби на Романија преку СМПС доставена е информација и барање за лоцирање, односно пронаоѓање на лицето К.С.(20) од Романија, за која постоеле основи на сомневање дека е потенцијална жртва на…
повеќе...Работилница за борбата против трговијата со луѓе во Западен Балкан
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на Регионалната работилница „Истражување на проценката на потребите: Регионалната ситуација со борбата против трговијата со луѓе во Западен Балкан“ што се одржа денеска во Скопје. Тој во своето обраќање рече дека трговијата со луѓе не е само криминална појава, туку оти пред се претставува кршење на основните права на жртвите. Оваа појава, рече, има длабоки корени во социјалната сфера и остава несогледливи последици врз жртвите на трговија со луѓе, на нивните семејства, но и на државата. „Навременото идентификување и преземањето…
повеќе...Обука за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти
Во Центарот за обука при МВР во Идризово од денес до 02.04 експерти од француската Национална жандармерија ќе ја реализираат специјалистичката обука за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти. “Проблемот за кој денеска зборуваме добива на тежина и се почесто надлежните институции се соочуваат со потреба од негово решавање. Затоа оваа обука очекуваме да значи нов квалитет во работењето на службите кои се надлежни да постапуваат по оваа проблематика“, истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска којашто заедно со амбасадорката на Франција во РМ, г-ѓата Лоренс Оер присуствуваше на…
повеќе...Одбележан 18-октомври „Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе“
„Превенцијата, помошта и заштитата на жртвите на трговијата со луѓе, како и кривичниот прогон на сторителите, се главните цели не само на ЕУ но и на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе останува сериозен проблем во Европската унија. Според процените на Меѓународната организација на трудот, 880.000 луѓе во ЕУ се жртви на присилна работа, вклучувајќи ја и присилната сексуална експлоатација“, истакна меѓу другото Виолета Јанковска државен секретар во Министерството за внатрешни работи и национален координатор на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и…
повеќе...Укинат надоместокот за граѓани и возила од Косово
Започнувајќи од 00:00 часот синоќа (15 септември), повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово. Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влезе во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот. Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на…
повеќе...