Внимателно при паркирање кај високите тротоари и банкини

Паркирајќи на висока банкина или тротоар често се случува да го оштетите вашиот автомобил. Доколку не ви фаќа око од прва, подобро да се паркира степен поназад, отколку да запне браникот, па да биде предоцна. WebOhrid

повеќе...

Комуналец од Кичево изведува градежни активности на тротоарите во Охрид

Во шпицот на летната туристичка сезона, надлежните работат на тротоарот на булеварот „Туристичка“, на потегот од улицата „Јане Сандански“ до улицата „АСНОМ“. Охриѓани се изненадени од тоа што градежните активности ги изведува ЈKП „Комуналец“ од Кичево. WebOhrid

повеќе...

Се подготвува теренот за новиот дрворед на тротоарите на „Туристичка“

Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовки на теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на бул. „Туристичка“. „Заради дотраеноста на стариот дрворед кој претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите и предизвикуваше оштетување на бетонот, старите дрва беа отстранети и ќе бидат заменети со нови садници од сортата „јасен“ и „јавор“, на кои корените им одат во вертикала и нема да предизвикуваат пукање на асфалтот на тротоарите.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Реконструкција на тротоарите и замена на дрворедот на бул. „Туристичка“ од кружниот тек со ул. „Стив Наумов“ до кружен тек со ул. „Бистрица“

Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул. „Туристичка“. Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година. При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“ констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар. По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на…

повеќе...

Се уредуваат тротоарите на „Ариф Мустафа“

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” работи на партерно уредување на тротоарски површини на ул. „Ариф Мустафа“. Градежниот зафат опфаќа поставување на бехатон плочки, парковски ивичњаци и поставување на дрвени клупи. Преостанатиот дел од простор ќе биде хортикултурно уреден. Работните активности се очекува да заврши до крајот на месец март.

повеќе...

Се поставува тротоар на 8-ми септември

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведуваат градежни активности на улица 8-ми Септември. Тротоарот се поплочува со бехатонска подлога во должина од 300 метри, односно 500 м2, од десната страна на улицата. Изградбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на движењето на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од градот.

повеќе...

Се поставува тротоар на 8-ми септември

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведуваат градежни активности на улица 8-ми Септември. Тротоарот се поплочува со бехатонска подлога во должина од 300 метри, односно 500 м2, од десната страна на улицата. Изградбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на движењето на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од градот.

повеќе...

Продолжува доуредувањето на пешачките патеки покрај Езерото

Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека ќе се отпочне со уредување на пешачките патеки на потегот од хотел „Палас“ до хотел „Гарден“. За таа цел ги задолжи инспекциските служби да ги отстранат диво поставените објекти и предмети кои го попречуваат слободното движење на пешаците, а јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ќе го изврши хортикултурно уредување. Исто така најави дека детското игралиште кое се наоѓа пред мостот на каналот Студенчишта ќе биде дислоцирано. Новото детско катче ќе се протега на поголема површина и ќе брои повеќе играчки за децата од кои поголем дел…

повеќе...

Продолжуваат активностите за реконструкција на пешачките патеки во општина Охрид

 Екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од денеска интензивно работат на уредување на пешачката зона на улицата „Питу Гули“ пред влезот на О.У. „Христо Узунов“, каде асфалтната подлога се заменува со бехатон.  По налог на Локалната самоуправа, во тек е и уредувањето на пешачките патеки покрај езерото. Активностите за уредување, санација и реконструкција на пешачките патеки низ градот се одвива етапно и ќе продолжат во континуитет.

повеќе...

Се уредуваат тротоарите покрај Кејот

Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите покрај градскиот Кеј. Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците. Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.

повеќе...