Расте бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2015 година изнесува 71 384, а бројот на ноќевањата изнесува 174 785.  Бројот на туристите во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 1.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3%. Бројот на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е намален за 2.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни…

повеќе...

Владините проекти придонесуваат за континуиран развој на туризмот

Покрај двете плажи на Преспанското Езеро, заврши и изградбата на плажите во Дојран, а наскоро ќе почне и изградба на плажата Лагадин во Охрид, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на новата плажа во Стење. Груевски напомена дека продолжуваат владините проекти за континуиран развој на туризмот. „Оваа плажа е составен дел на нашите активности поврзани со развојот на туризмот, инвестирањето во понудата и вкупното вложување во оваа дејност. Имаме доста инвестирано и во промоција, субвенции за тур-оператори и за нови авионски линии, но и во нова понуда за туристите…

повеќе...

Акциски контроли за заштита од бучава во угостителски објекти во Охрид

Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид, изминативе денови ги изврши самостојно, но и во содејство со надлежните инспекциски служби од Локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди. Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно…

повеќе...

Бакрачески: Охрид ја доживува најуспешната туристичка сезона

Охрид „врие “ од гости. Продолжениот празничен викенд го преполни градов со туристи. Место повеќе се бара во хотелските но и капацитетите на приватниот сектор. Градот под Самуиловите тврдини пулсира 24 часа со полни ресторани, кафаулиња и забави на охридските плажи. Незаборавни за посетителите беа синоќешните концерти на една од најголемите регионални ѕвезди, легендарниот Здравко Чолиќ,настапот на eден од најпознатите електронски музичари од Балканот, Кирил Џајковски како и концертот на виртуозот на виолина,Стефан Миленковиќ. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески бројот на гости што доаѓаат во Охрид континуирано се зголемува, а…

повеќе...

Репортажа за Охрид во „Croatian Traveller“

Репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“ е објавена на пет страници во престижното хрватско списание „Croatian Traveller“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за ова хрватско списание. Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од…

повеќе...

Учениците на продолжен летен распуст?

Предлогот на хотелиерите кои бараат продолжен летен распуст, односно почетокот на учебната година да се одложи за 15-ти септември ќе биде разгледан од страна на Министерството за образование и наука. Интересот на учениците пред се’ „Се работи за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на МОН, па дури и од волјата на Владата, треба да се исконсултираат и искоординираат повеќе општествени фактори. Во следниот период ќе биде направена поширока анализа и коодринација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како…

повеќе...

Туристичкиот производ на Македонија за прв пат претставен на меѓународниот туристички Б2Б саем „RDA Workshop” во Келн, Германија

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за прв пат Македонија и туристичките агенции од земјава, ќе ги претстават туристичките потенцијали на меѓународниот туристички Б2Б саем „RDA Workshop” во Келн, Германија кој се оддржува од 21-23ти Јули оваа година. Претставници на АППТРМ, туристичките агенции и хотелијери ги промовираат туристичките производи на Македонија на нов модерен штанд со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските туристички бизнис работници и потенцијални туристи. Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на Wiz…

повеќе...

Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на дел од уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи

Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид. Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и…

повеќе...

„Рајанер“ потврди – планира да лета до скопскиот аеродром

Европскиот најфреквентен нискобуџетен авиопревозник, “Рајанер” ја потврди својата намера дека планира да воспостави авиолинии кон Македонија, односно до скопскиот аеродром “Алескандар Велики”, пренесува порталот “Екс-ју Авиејшн њуз”. Оваа потврда следува откако премиерот Никола Груевски минатата недела соопшти дека владата преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот. Менаџерот за комуникации на „Рајанер“, Робин Кајли, изјави дека моментално се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние кои ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој пак воспостави…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084, а бројот на ноќевањата изнесува 170 943. Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 0.1%. Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 2.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014…

повеќе...