Во тиражниот магазин на „Визер“ за месец јуни/јули 2015 година, кој се дистрибуира во сите авиони на „Визер“ кои летаа ширум светот, е објавена репортажа за Охрид. Ова следува после воведувањето на двете нови линии од Охрид кон Лондон и Базел, каде како обврска на авио превозникот е да го промовира и рекламира градот. Репортажата за Охрид во магазинот на „Визер“ ќе имаат можност да ја видат околу 3 милиони читатели кои непосредно ќе се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид. Ваква репортажа за Охрид ќе биде објавена и во…
повеќе...Tag: туризам
Велосипедскиот туризам во Македонија во подем
Велосипедскиот туризам во Македонија се повеќе зема замав – возејќи низ урбано-руралните средини, обиколувајќи ги природните богатства со кои изобилува нашата држава годинава – потврдува сторија објавена во „Њујорк Тајмс“. Џим Џонсон од здружението на тур-оператори за велосипедски туризам „Бајк Турс Дајрект“ е импресиониран од Македонската култура и убавини, што успеа да организира неколку девет дневни велосипедски тури во Македонија во соработка со „Рајд Македонија“. Првата тура ќе се одржи на 23-ти август, а втората на 23-ти септември. „Искусивме многубројни традиции во Европа, кои полека исчезнуваат во многу места“, вели…
повеќе...Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите
Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…
повеќе...Груевски: Од 2007 година дуплиран бројот на странски туристи во Македонија
Работите во однос на субвенциите поврзани со привлекување туристи одат добро. Туризмот оди во сериозна нагорна линија. Од 2007 година кога се зафативме со оваа работа па наваму дуплиран е бројот на странски туристи кои ја посетиле земјава, а бројот на домашни гости исто така се зголемува, изјави премиерот Никола Груевски. „Секоја годна се проширува списокот на држави за коишто Македонија дава субвенции од 65 евра по турист. Има и држави за коишто е помал износот, но расте како на пример за балканските држави Бугарија, Србија, Босна итн. Почна со 15…
повеќе...„Бело лето“ – магнет за охриѓани и гостите
Со туристичко- промотивната манифестација „Бело лето“, што по трет пат ја организира Локалната самоуправа на Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој, официјално се означи почетокот на годинешната главна туристичка сезона. Посетеноста на овој спектакл покажа дека не очекува успешна туристичка сезона. Бројни охриѓани и гости од земјата и странство, со уживање ги проследија настапите на Слаткаристика, Тајзи и „Саунд месинџерс“, а на плоштадот „Чинар“ можеа да ги следат бројните фолклорни настапи. Охрид живееше деноноќно, налик на познатите туристички места, за што сведочеа преполните ресторани и кафулиња.…
повеќе...На охридскиот аеродром пристигнаа првите патници од Базел
На охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле“, вчера во попладневните часови, слета првиот авион на Визер на линијата Базел – Охрид. Според договорот кој е субвенциониран од државата до 2018 година, Визер до октомври годинава ќе лета двапати неделно на оваа дестинација. Патниците, најголем дел од охридско-струшккиот крај, беа пречекани со македонското традиционално добредојде – леб и сол, а голем дел од нив не го криеја задоволството од воспоставувањето на оваа авиолинија. Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на “ТАВ Македонија“ Зоран Крстевски, беа дел од малата свеченост во чест на отворањето…
повеќе...Втора нова линија од охридскиот аеродром летово: ТАВ Македонија го дочекува првиот лет од Базел
Новите летови меѓу македонскиот туристички бисер и швајцарскиот град Базел почнуваат вечерва. Авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Базел-Охрид-Базел два пати неделно. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле’’, опериран од „ТАВ Македонија“, вечерва ќе го пречека првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел со авиокомпанијата „Визер“. Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18 часот и 40 минути, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници. Како и за секоја новоотворена линија,…
повеќе...И во Србија организирани „Денови на македонски туризам”
На 26-ти јуни во Ниш, Србија се одржа средба со туристички работници, туристички агенции, туроператори и медиуми во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија. Настанот се организира во Ниш, јужниот дел на Србија со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Српски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Локалните медиуми го одбележаа настанот и ја пренесоа пораката на директорот на АППТМ, г-дин Кристијан Џамбазовски дека Македонија е безбедна…
повеќе...АППТ во Бугарија организираше „Денови на македонски туризам”
АППТ во Бугарија организираше „Денови на македонски туризам”. Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот беше збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните имаа можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и се разбира викенд во Охрид за двајца. Македонија и Бугарија како две…
повеќе...„Денови на македонскиот туризам” во Софија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во четврток навечер во Софија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”, пред партнерите и пријатели од Бугарија, тур оператори и претставници на медиумите. Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на…
повеќе...