Утре, во излетничкиот комплекс кај селото Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“ која е во организација на Општина Охрид во соработка со Факултетот за туризам и угостителство. „Со тоа, на некој начин ќе биде најавен крајот на туристичката сезона. На овој начин, не само што ќе дадеме еден симболичен крај на туристичката сезона, туку ќе извршиме пообемна промоција на традиционалните охридски специјалитети, кои што верувам се добро познати насекаде“, – истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов. На манифестацијата ќе бидат презентирани традиционалната храна и…
повеќе...Tag: туризам
Изречена глоба на нелегален туристички водич
Во рамките на своите редовни работни обврски, општинскиот инпекторат вчера на локалитетот Плаошник евидентира и санкционира нелегегален туристички водич, кој без лиценца водел група туристи. Лицето од Полска, спротивно на Законот за туристичка дејност на група Полски туристи им организирал обиколка и разглед на културно-историските знаменитости од Охрид и извршил презентација на овие локалитети, иако за тоа не бил овластен и не поседувал легитимација за вршење на дејност . Инспекторите за туризам, согласно член 67 од Законот за туристичка дејност веднаш му изрекле мерка глоба во висина од 400 евра…
повеќе...Охрид со нов пристап во презентацијата пред Европа
Градоначалникот Никола Бакрачески денес во работна посета го прими амбасадорот и шеф на Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, д-р Андреј Лепавцов. На средбата градоначалникот Бакрачески ја изложи идејата за нов пристап и стил во промовирањето на Охрид пред пошироката Европска јавност. Во таа насока, во координација со Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, се очекува во наредниот период Охрид на нов, креативен начин да биде претставен пред Европските инстуции во Брисел и Стразбур. Се очекува во периодот до крајов на годинава, кога Европските институции работат со полна…
повеќе...В.д. директорот на охридската гимназија го поништи тендерот за екскурзијата во Прага
В.д. директорот на охридската гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“ го поништи тендерот за екскурзијата за Прага, распишан од претходниот директор. Склучениот договор помеѓу туристичката агенција Вис-Пој и претходниот директор и покрај не исполнувањето на условите, немање на банкарска гаранција, беше потпишан од претходниот директор, а од страна на новиот в.д. директор Никола Тренески, беше поништен и исто потврден од Училишниот Одбор и во моментов тече постапка со прибирање на понуди за училишна екскурзија.
повеќе...ОСУ „Св.Климент Охридски“ поднесе барање до туристичките агенции за прибирање на понуди за екскурзија
Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ поднесе барање до туристичките агенции од регионов за прибирање на понуди за организација на научно-рекреативната екскурзија во странство во учебната 2013/2014 година. Традиционалната екскурзија што ќе трае пет дена, и годинава ќе се реализира со ученици од втора година кои согласно предвидената програма ќе ја посетат Прага со попатна посета на Будимпешта и Виена. Барањето доставено до туристичките агенции, претходно на посебна средба беше разгледано од посебна комисија во која покрај претставници на гимназијата членуваат и претставници на советот на родители. Согласно барањето, сместувањето на…
повеќе...Започна со работа двокатниот панорамски автобус
Со промотивното бесплатно возење на лицата со попреченост, Ј.П. „Билјанини Извори“ денес започна со работа со двокатниот панорамски автобус. Сите заинтересирани граѓани за закуп на двокатниот автобус (дневен/км) можат да се јават на телефонскиот број 078/ 261 164 (Владо Милошески).
повеќе...Со поддршка на Министерството за земјоделство, Општина Охрид ќе го развива руралниот туризам
Можноста за развој на руралниот туризам во општина Охрид беше една од темите на разговор на денешната средба остварена помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски. Министерот изрази силна волја за поддршка на развојот на руралниот туризам во делот на изградба на патната инфраструктура што е од големо значење за општина Охрид. „Ние како министерство со општина Охрид во делот на развој на туризмот не би можеле да имаме конкретна соработка, но во делот на руралниот туризам, во делот на селскиот туризам и…
повеќе...Нови случаи на оштетени возила во Грција
Три семејства кои одлучиле својот одмор и празниците да ги поминат во соседна Грција повторно се соочија со оштетувања на возилата. Имено на 02.08.2013 година, на Граничниот премин „Богородица“, Ѓ.Х. кој патувал со патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека комплет табличките му биле украдени во туристичкото место Неа Пори. Оштетениот го пријавил случајот и во грчката полиција. Еден ден подоцна, на 03.08.2013 година на Граничниот премин „Стар Дојран“ се пријавени уште два случаи. Во првиот М.Д. кој патувал со патничко возило „Мерцедес“ со беровски регистерски ознаки,…
повеќе...Дефинитивно: Илинденските празници – шпицот на сезоната
И покрај тоа што можат да се читаат или слушаат поплаките дека Охрид нема гости, изминативе денови не беше таков случај. Доколку досега имало некоја „луфта“ да се размислува така, овие фотографии нека бидат крунскиот сведок за дефинитивниот шпиц на летната туристичка сезона. Што придонесува за големата навалица и непрегледна колона од автомобили?! Тоа е прашање за кое има поделени мислења, без разлика дали е тоа музичката понуда – концерти на познати балкански и светски ѕвезди, или пак нешто сосема друго. Во секој случај, иако само за кратко, ова покажува…
повеќе...Охрид ја доби „МК Guide“ апликацијата
Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ја изработија апликацијата “MK Guide”, која бесплатно беше дадена на Општина Охрид. Оваа апликација содржи многу културни знаменитости и други информации со кои посетителите подобро и полесно ќе можат да го запознаат градот. Откако корисниците ќе ја снимат оваа апликација во својот мобилен телефон, со насочување кон објектот пред кој се наоѓаат тие ќе добијат повеќе информации за неговата историја и неговото значење. Оваа апликација им помага како на домашните,…
повеќе...