Се чисти УЗ „Гоце Делчев“

Денеска екипите на „Услужна хигиена” спроведуваат акција за генерално чистење на УЗ 12 „Гоце Делчев” (Бараки). Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 год., темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Ристо Чадо“ и „Ванчо Николески“

Јавното претпријатие МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид ги известува жителите од улиците „Ванчо Николески“ и „Ристо Чадо“ дека поради промена на шиберите денеска во период од 9.00 до 12.00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето.

повеќе...

Продолжува санацијата на ударните дупки

Санацијата на ударните дупките на коловозите, кои настанаа како резултат на неодамнешните временски неприлики, продолжува и во наредниот период. Санација, денес се врши на оштетениот коловоз на улицата „Абас Емин“ и на дел од коловозот на ул. „Даме Груев“. Санирањто го изведува градежната оператива на Јавното претпријатие „Нискоградба“.

повеќе...

Собир на граѓани – ќе се избираат членови на Совети на Урбани Заедници

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, Член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници. Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред: 1. На ден 02.03 2015 година (Понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Богомилска“ и „Петар Поп –Арсов“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид, информираат дека поради дефект на водоводната линија и промена на шиберите, денеска во период од 9 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Богомилска“ и „Петар Поп –Арсов“ .

повеќе...

Надлежните служби ги пополнуваат ударните дупки низ охридските улици

Надлежните служби од општина Охрид и на ниски температури интензивно работат на санирање на штетите и пополнување на ударните дупки низ охридските улици по снежното невреме во Охрид. Оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“, вчера и во текот на денешниот ден работат на санација на ударните дупки на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“. Опсежната и интензивна акција за санација на штетите низ охридските улици ќе продолжи со несмалено темпо и со уште посилен интензитет во наредниов период.

повеќе...

Охридските улици ќе се разубавуваат со цвеќе

Во рамките на реализацијата на годишната програма, Одделението за заштита и влијание врз животната средина, ќе го спроведе проектот – „Цветни балкони – Цветен Охрид“. За таа цел, на 09 февруари во 17 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се организира средба со жителите на улиците: Цар Самоил, Коста Абраш и Кузман Капидан. Се молат граѓаните од споменатите улици да присуствуваат на закажаната средба и со свои предлози да учествуваат во успешно спроведување на проектот.

повеќе...

Се санираат ударните дупки низ Охрид

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, а по претходно утврден план и динамика за работа, теренски екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со санација на ударните дупки низ улиците по целата територија на општина Охрид. Деновиве, ударни дупки се санираа на улиците „7-ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“, а откако ќе дозволат временските услови градежните активности ќе продолжат по должината на улиците „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и уште некои помали улици на периферијата од општината. По гребењето на асфалтот…

повеќе...

„Лице в лице“ ја одбележува Неделата на продавачи на уличен печат

Продавачите на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“ ќе бидат во фокусот на третото одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат која се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот. Станува збор за годишен настан кој се одржува во првата недела од февруари, а целта е да се слави работата на продавачите на 114-те улични списанија и весници од 35 земји од целиот свет и да се поттикне јавноста да размислува за предизвиците и проблемите со кои што тие се соочуваат, како…

повеќе...

За Божик бесплатен паркинг во Охрид

По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, утре паркирањето на возилата на сите паркинзи во градов со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде бесплатно во двете паркинг зони. На овој начин ЈП „Билјанини извори“ се приклучува во одбележувањето на големиот христијански празник.

повеќе...