Наградени најдобрите дела од проектот на Агенцијата за млади и спорт „Млади уметници“

Проектот има за цел поддршка на младите талентирани уметници, како и поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент. -По успешно реализираниот проект „Млади поети“ ова е втор проект со кој Агенцијата за млади и спорт дава целосна и директна поддршка на младите уметници во насока на поттикнување на нивниот уметнички и креативен потенцијал. Се со цел за нивна понатамошна дополнителна стимулација и мотивација да ги промовираат нивните уметнички дела во јавноста,…

повеќе...

Ќе се промовира Прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливи групи

Утре, во прес салата на Охридско лето ќе биде промовиран Прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливи групи. Прирачникот е еден од продуктите на проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува-Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” чиј носител е К.Ц. Медиа Артес, а кој е финансиран од Европската унија преку IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Прирачникот е дизајниран како алатка која ќе ги поттикне уметниците и останатите креативни професионалци и ќе им им помогне во нивната работа со…

повеќе...

Претставување на македонската музичка уметност во светот

Министерството за култура во рамките на Годишната програма поддржа низа проекти за промоцијата на македонската музичка уметност и уметниците во светот. Во таа насока во музичко-сценската дејност оваа 2014 година се поддржани многубројни претставувања на нашите институции и поединци на фестивали, манифестации, гостувања и натпревари во странство … Македонската Опера и балет со оперската претстава „Дон Џовани“на 13, 15 и 16 септември годинава со поддршка на Министерството за култура ќе учествува на 16-тото издание на „Меѓународниот фестивал на музика и игра“ кој ќе се одржи во културниот центар во Банкок,…

повеќе...

Борис Трајанов, национален уметник за 2014 година

Македонскиот баритон Борис Трајанов е добитник на титулата национален уметник за 2014 година, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска … Трајанов ја добива титулата на иницијатива од Македонската опера и балет. Комисијата составена од академиците Катица Ќулафкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози, одлучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник. Канческа-Милевска информираше дека годинава во законски предвидениот рок во Министерството за култура пристигнале три иницијативи за титулата национален уметник. Покрај Трајанов, имало иницијатива на Младинскиот културен центар од…

повеќе...

Втор ден „На зајдисонце“- денес резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска

Во рамките на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ Културно – забавната манифестација во Трпејца „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ која започна на 20ти, а ќе трае до 28 овој месец вториот ден е резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска. Активностите ќе започнат во 16:00 часот со работилница за изработка на креации на бисерните камчиеа од брегот на Трпејца кои потоа ќе бидат продавани, а дел од средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели во Црвен крст Охрид. Центалниот настан преку мултимедијален перформанс ќе започне во 20:00 часот во месноста наречена „Кај бунарот“.…

повеќе...

Утре изложба „Со глава низ ѕид“- избор на дела од Тина Дрчар

Утре, петок (11 јули) , со почеток во 20.00 часот, во галеријата од Куќата на Робевци, Музеј, Охрид ќе биде отворена изложбата „Со глава низ ѕид“ – Избор на дела од уметничката Тина Дрчар.

повеќе...

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на детска ликовна колонија

На Детската ликовна колонија „Чашка 2014“ што се одржа од 17-ти до 20-ти јуни учествуваа учениците Вероника Николоска шесто одделение и Александра Стевоска четврто одделение, од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид. Под менторство на Љубица Чифлигароска, учениците ги твореа своите дела инспирирани од архитектурата на градбите во селото. На крајот на колонијата се прогласуваа наградените творби меѓу кои како трето наградена беше ученичката Александра Стевоска, од ОУ „Кочо Рацин“, како најмлад учесник. Неколку од делата кои ги изработи наставничката Љубица Чифлигароска на колонијата ги поклона на општина Чашка и во…

повеќе...

Трите Ивани отворија една изложба во „Куќата на Робевци”

Синоќа, во „Куќата на Робевци“, отворена е една заедничка изложба на уметнички експонати. Уметнички слики  на Ивана Настески и филигрански накит на Ивана Стојановска Станковиќ , и двете -графичарки и магистри на Ликовната академија во Скопје.   За уметноста на двете Ивани говореше уште една Ивана, архитектот Ивана Групче, член на културниот проект „Артерија“, организатор и промотор на серијата изложби која е закажана за оваа сезона во „Куќата на Робевци“. „Ивана Настоски го создава својот универзум преку симболи кои се појавуваат уште во праисториската уметност, а трпат своевидна трансформација низ…

повеќе...

Изложба „Париз, те сакам“ во Чифте амам

Во галеријата Чифте амам попладнево беше отворена изложба на дела од македонски уметници кои од 2002 до 2014, со поддршка на Министерството за култура, биле на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз (Cite internationale des Arts). Изложбата е насловена „Париз, те сакам“ и е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата. „Нема подобар начин да се одбележи франкофонијата од ова претставување. Врската со Париз и со културната разновидност со оваа изложба станува бесмртна и неа може да им ја пренесеме на идните генерации. Меѓународниот град на…

повеќе...

Над 300 уметнички дела во Музејот на современа уметност

Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300врвни уметнички дела. Тука се ликовните  дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса… Изложени се и делата   на авторите кои  го илустрираат развојот намакедонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева. Според министерката за…

повеќе...