Отворен повик да ги ставиме децата во центарот на демократската дебата

Став на претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре. 15-ти октомври ни дава можност да се запрашаме дали ние како општество сме направиле доволно за нашите деца и внуци да имаат просперитетна и среќна иднина.Постигнат е одреден напредок за децата, но фактите укажуваат дека треба да направиме уште повеќе. Речиси една третина од нашите деца живеат во сиромаштија, а поразителната реалност е дека сиромаштијата кај децата го нарушува нивниот здрав развој. Покрај повеќегодишниот напредок во…

повеќе...

УНИЦЕФ: Да им обезбедиме подобра заштита на децата со новите ревидирани процедури на ЕУ за барање азил

Додека Европската унија се подготвува за клучните преговори за правилата кои ќе се применуваат за луѓето кои бараат заштита во Европа, УНИЦЕФ повикува да се даде поголем приоритет на интересите и правата на децата. Во текот на следните денови, 28 земји-членки на ЕУ и Европскиот парламент ќе започнат да го разгледуваат нацрт предлогот на Европската Комисија за реформа на таканаречената Регулатива од Даблин. Со новите правила ќе се утврди која држава ќе ја има одговорноста да го разгледува барањето за меѓународна помош, кое било поднесено ширум ЕУ. Дебатата се одвива…

повеќе...

Потпишан двегодишен работен план за Ран детски развој

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, Бертран Демулен денеска потпишаа двегодишен работен план за соработка во доменот на предучилишното образование или Ран детски развој за поддршка на активности во насока на реформи во секторот со цел овозможување пристап на сите деца од рана возраст кон квалитетно предучилишно образвование и тоа особено за најмаргинализираните деца. Работниот план, истакна министерот Спасов денеска на прес-конференција, предвидува натамошна поддршка за реализација на реформите во сите градинки и центри за ран детски развој, соработка со општините во…

повеќе...

Влада-УНИЦЕФ: Постигнат солиден напредок во реформите за детските права

Владата на Република Македонија и УНИЦЕФ на денешниот состанок на високо ниво, заокружувајќи го процесот на среднорочна проценка на заедничката програма на соработка 2010-2015 година, се согласија околу потребата од зголемување на ангажманот насочен кон децата кои не ги уживаат во целост придобивките од економскиот  и социјалниот развој на земјата, соопшти МНР. „Оценката за успешноста на соработката со УНИЦЕФ, говори во прилог на решеноста на Владата на Република Македонија за доследно почитување и промоција на правата на децата и нејзините напори да ги реализира обврските согласно меѓународните конвенции за заштита…

повеќе...