Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала

Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја со 6.000 метри квадратни и со 800 седишта за посетителите. Спортската сала е изградена за развој на универзитетскиот спорт и за студентите на УКИМ. Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, од гумен еластичен полимер за одигрување мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминтон, тенис и други спортови. Салата има 17 санитарни јазли, 4 санитарни јазли се за спортистите, 8 санитарни јазли за публика, бидејќи ќе може да се користи и за одигрување меѓународни натпревари, 2 санитарни јазли за лица…

повеќе...

Се подготвува стимулативен модел за финансирање на јавните универзитети

Моделот за реформи на финансирањето на високообразовните институции во Република Македонија, со цел подобрување на нивните перформанси, е темата на дискусија на работилницата што во организација на Министерството за образование и наука денеска се одржува во Охрид. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека целта е преку соодветни реформи да се воведат дополнителни критериуми што би ги дефинирале начините на финансирањето на високообразовните установи. „Ако универзитетите досега се финансираа според бројот на студенти, нашата идеја е преку реформи финансирањето да се одредува и според остварени конкретни резултати, како…

повеќе...

Денеска почнува новата академска година

Денеска почнува новата академска 2016/2017 година на универзитетите во Македонија. За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното министерство. Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ. Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, пак, ќе се обрати на првиот час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на…

повеќе...

Доделени дипломите на третата и четвртата генерација дипломци од Универзитетот „Св.Апостол Павле“

Со пригодна свеченост во просториите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, денес, беа доделени дипломите на третата и четвртата генерација на дипломци. Во име на општина Охрид пред дипломците се обрати заменик – градоначалникот, Ангел Јанев, кој им порача: „Сега кога се соочувате со голем број патишта по кои ќе треба да го продолжите животното патување, имајте на ум дека токму Вие дипломците од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ имате една предност пред сите останати, а тоа е учењето во мултикултурна средина, која ја сочинувате сите Вие студенти и професори кои доаѓате…

повеќе...

Потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетите „Џиаотонг“ и „Св. Апостол Павле“

Воспоставена е соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и кинескиот Универзитет „Џиаотонг“. Денес, ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на кинескиот Универзитет „Џиаотонг“ – проф. Јанг Зиџианг потпишаа договор за соработка помеѓу двете институции. Соработката предвидува размена на академски кадар и студенти, доделување на кинески стипендии за престој на професори и студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ на Универзитетот „Џиаотонг“ и отворање на Центар за промоција на кинеската наука и култура во рамките на…

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ во посета на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Учениците од 9 одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“, заедно со својот наставник Бобан Гаврилоски, и оваа година беа во посета на Универитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“. Целта на оваа посета е запознавање со можностите на информатиката и мотивација на учениците да продолжат да се занимаваат во областа на информатиката како програмери, дизајнери и слично. При посетата остварена е средба со асистент Наум Тунтев и доцент д-р Јане Бакрески кои одржаа предавање. Асистент Наум Тунтев зборуваше за можностите на програмирањето, посочи колку надежна гранка е информатиката,дека од…

повеќе...

На 2ри април ќе се одржи Регионалниот натпревар по математика

На 2-ри април (сабота), со почеток во 09:30, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи XXXIV Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот е ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот ќе учествуваат 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. WebOhrid

повеќе...

Во Штип отворена првата универзитетска телевизија во земјава

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во присуство на заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и на ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев денеска свечено беше отворена првата универзитетска телевизија во земјава „УГД-Телевизија“. Ристовски истакна дека отворањето на УГД-Телевизија е за потребите на студентите од сите факултети на штипскиот универзитет. „Телевизијата ќе емитува исклучиво едукативни, научно-истражувачки содржини, со цел информирање на сите студенти, не само во градот, туку секаде каде УГД има свои дисперзирани студии. Станува збор за најквалитетно опремено ТВ студио, во кое што ќе работат професионалци, а на мое лично…

повеќе...

Отворен Руски центар во рамките на скопскиот Универзитет

Во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје почна да работи Руски центар за изучување на рускиот јазик, литература и култура. Отворен е од фондацијата „Руски мир“ која има мрежа од вакви центри низ цел свет. Македонија е 46-та земја која добива Руски центар, а тој е 106-та членка во мрежата. УКИМ почна да го реализира овој проект пред две години со поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Тој е четврти центар за јазици на УКИМ по центрите за италијански, турски и за кинески јазик. На…

повеќе...

Македонија ќе добие Универзитет за национална безбедност

Владата планира да отвори Универзитет за национална безбедност, најави денеска премиерот Никола Груевски. Во состав на универзитетот, како што рече, ќе влезе Воената академија, но и некои други факултети и институти. Со отворањето на новиот универзитет, нагласи, ќе придонесе за зголемување на безбедноста во земјава. „Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа започнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти“,…

повеќе...