УИНТ „Св. Апостол Павле“ ги поддржува реформите во високото образование

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид е задоволен од прифаќањето на предлогот од неговата Ректорска управа студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит по втората студиска година да може да ги слушаат предметите од третата студиска година. Во соопштението на универзитетот „Св. Апостол Павле“, потпишано од ректорот Нинослав Марина, е наведено дека единствена цел на предлогот е да им овозможи на студентите поголема флексибилност за време на студирањето. „Врз основа на прифатените сугестии дадени од нашиот управувачки и наставно-научен кадар, Универзитетот за…

повеќе...

Меѓународниот Универзитет во Струга предлага државниот испит да го спроведува Интеруниверзитетската конференција

Од седницата на Сенатот на Меѓународниот Универзитет во Струга, која се одржа во петок на 02.01.2015 година, произлезе предлог во однос на најновите реформи на високото образование во Република Македонија. Имено, Сенатот на Меѓународниот Универзитет во Струга побара државниот испит да биде спроведен од страна на Интеруниверзитетската конференција, а не од страна на новиот Одбор за акредитација кој би требало да се формира, согласно со предлогот за измени во високото образование. Согласно со предлогот на Министерството за Образование и Наука на Република Македонија, новиот Одбор за акредитација би го сочинувале…

повеќе...

Предлогот на Охридскиот Универзитет прифатлив за МОН

Предлогот на ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид Нинослав Марина за студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит да имаат право да ги слушаат предметите предвидени во третата студиска година е прифатлив за Министерството за образование и наука. „За нас првично станува збор за исклучително конструктивен и впечатлив предлог, кој ќе обезбеди извесна флексибилност кај студентите да се намали притисокот кај нив доколку не го положат државниот испит од првпат да може во периодот што следува дополнително да го дополагаат, а…

повеќе...

Педагошки факултети само на јавните универзитети, студентите што ќе се запишат ќе имаат стипендија

Педагошките факултети во иднина ќе се основаат само на јавните универзитети, сите факултети ќе имаат усогласени студиски програми и усогласени со Законот за наставници. Секој студент што ќе биде примен на педагошките факултети од следната 2015/2016 академска година ќе добива месечна стипендија по 50 отсто од просечна плата во РМ. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на отворената владина седница соопшти дека траењето на студиите ќе биде четири години или 240 кредити. Ќе има задолжителен приемен испит, право да се запишат ќе имаат сите матуранти со положена државна матура,…

повеќе...

Отворена недела на едукација за компјутерската наука на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“. „Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.“– велат од универзитетот. Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива…

повеќе...

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот. „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на индустријата и технологијата и зачувувањето на животната средина“…

повеќе...

Мотивациски викенд – Настан за млади од отворен карактер

Претстојниот викенд во Охрид ќе се одржи МОТИВАЦИСКИ ВИКЕНД, настан за млади од отворен карактер, кој преку мотивациони говори на успешни, млади луѓе и дебати, ќе ги мотивира младите да работат на себе, на приватен и професионален план, ќе ги запознае со неформалното образование и понуди вештини потребни на секој млад човек! Настанот ќе трае два дена и ќе вклучи професионалци од поголем број на дисциплини кои ќе придонесат со споделување на своите уникатни искуства. Поканети се и познати имиња од јавната сцена, како Владимир Василески Четкар и Сашо Димоски.…

повеќе...

„1000 идеи за подобар Охрид“ – проект на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ започна со реализација на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“. Идејата на УИНТ е преку овој проект да излезе во пресрет на локалната заедница, преку олеснување на секојдневните активности како на граѓаните, така и на приватните компании, јавните претпријатија и сите останати институции во општина Охрид, користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии. УИНТ реши да одговори на предизвикот т.н. „1000 идеи за подобар Охрид“ преку стратешко приближивање на високото образование, бизнис заедницата, државните институции и граѓаните на Охрид, со…

повеќе...

Одржан првиот академски час во УИНТ „Св.Апостол Павле“ за учебната 2014/2015

Денес, со почеток во 8 часот, во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти. Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа. „На Универзитетот „Св. Апостол…

повеќе...

Министерот Јолевски денес во Охрид

Денес 20:00 часот во холот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе присуствува и ќе се обрати на свечениот банкет по повод работилницата на тема „ Аритметика на хипер-елиптичните криви и криптографија“, а која е под покровителство на НАТО научната програма за мир и безбедност. Целта на работилницата која е во организација на Институтот за напредни студии на НАТО, е да обезбеди тренинг и експертиза на математичари, компјутерски научници и инженери од НАТО и земјите партнери во областа на математиката и…

повеќе...