УИНТ – Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет

Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот.  Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција. Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, Ел Салвадор, Мексико,…

повеќе...

Доделени дипломи за завршен веб-курс на ученици од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување. Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор…

повеќе...

Општина Охрид и УИНТ „Свети Апостол Павле“ потпишаа меморандум за соработка

Општина Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ потпишаа Меморандум за соработка преку кој ја  утврдија рамката во која ќе се оствари соработка од заеднички интерес за двете институции. Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес, заедничко учество на стручни едукации, семинари, конференции, тркалезни маси и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции, заеднички придонес…

повеќе...

Намален бројот на дипломирани студенти на високите школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2012 година е намален за 8.8%. Од вкупниот број дипломирани студенти, 82.3% се редовни, а 17.7% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 56.3 %. Од вкупниот број студенти 40.0% дипломирале во рок, додека 60.0 % дипломирале по рокот.

повеќе...

Студенти од Св. Апостол Павле креираа едукативна мобилна апликација

Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра едукативна андроид апликација за паметни телефони и таблети за глобалниот бренд Дурекс.  Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот…

повеќе...

Од денес почнува 47-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година од денес, 14 до 29 јуни, го организира веќе традиционалниот 47. Меѓународен семинар за македонски јазик, литаратура и култура. Во рамките на Семинарот, на 14 и 15 јуни ќе се одржи 41. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Темата на конференцијата е Македонскиот јазик, литература и култура во контекст на другите јазици, литератури и култури. Летната школа со своите активности започнува на…

повеќе...

Студентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ од Охрид, изработија апликација за децата со посебни образовни потреби

„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални  вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченостод посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје и дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид, овозможувајќи им на еден поедноставен и интерактивен начин да ги осознаваат, изучуваат, помнат и извршуваат тековните активностиво рамките на институциите…

повеќе...

Студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ креираат мобилна апликација за Дурекс

Пет тимови од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда. „За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и  проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација…

повеќе...

Се проширува соработката помеѓу македонските и италијанските универзитети

Во присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска во Неапол беше потпишан меморандум со кој се официјализираше соработката помеѓу Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и неаполскиот Универзитет „Федерико Втори“. „Денешната посета на вториот најстар универзитет во светот „Федерико Втори“, беше од исклучително значење бидејќи се потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а претседателот Иванов имаше предавање во областа на правото и експликација за постигнувањата и придонесот на Република Македонија во рамки на меѓународното право. Очекуваме плодна соработка во иднина…

повеќе...

Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“. Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ. На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот  јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. Своите особености ги презентираа студентите и професорите на…

повеќе...