Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните…
повеќе...Tag: универзитет
Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ќе биде сместен во реконструираните објекти од касарната
За година или најдоцна за година и шест месеци, Државниот Универзитет „Св. Апостол Павле“ ќе биде преместен на делот од просторот од охридската касарна што од Министерството за одбрана беше предадено во сопственост на министерството за образование . Првата фаза за реконструкција и санација на објектите од касарната во кои ќе биде сместен факултетот за информатички науки и технологии започнуваат наредниве денови, најави министерот за Образование Спиро Ристовски, кој беше во еднодневна работна посета на Охрид и на терен согледуваше до каде се реализирани проектите кои во делот на…
повеќе...Отворениот граѓански Универзитет „Кузман Шапкарев“ прослави 60 годишен јубилеј
Со свечен коктел Отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“, денеска го одбележа своето 60 годишно постоење. Од името на градоначалникот, јубилејот на вработените им го честиташе, заменик градоначалникот Ангел Јанев: Од работнички универзитет формиран во далечната 1954 година за дооформување на образованието на возрасните, низ децените што изминаа, ја прошируваше дејноста, за денес да прерасне во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Во овој универзитет, образованието го надополниле и се остручиле илјадници возрасни граѓани кои се вработиле или основале свои бизниси и ги решиле основните егзистенцијални проблеми, а младите ги надополнувале…
повеќе...Студенти од Св. Апостол Павле креираа мултифункционална бесплатна Android апликација
Студентите од „Свети Апостол Павле“ Универзитетот за информатички науки и технологии изработија мултифункционална Android апликација за паметни телефони и таблети, наменета за потребите на Техномаркет. Оваа апликација ќе им овозможи на потрошувачите лесен и едноставен пристап до сите услуги на најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Креаторите на победничката апликација беа наградени со Самсунг галакси таблети од Техномаркет. „Успех за сите студенти е кога своето теоретско знаење ќе го пренесат во изработка на практични проекти наменети за компании од различни индустрии. Изработката на Андроид апликација претставуваше…
повеќе...Студентите од УИНТ „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација
Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација за паметни телефони и таблети за најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Овој натпревар го организира компанијата Техномаркет а за најдобриот тим ќе издвои Самсунг таблети. Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Техномаркет, на 24ти јануари (петок), во 10:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот.
повеќе...УИНТ „Св.Апостол Павле“ зема активно учество во одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените
Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ зема активно учество во одблежување на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените. Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените, Обединетите нации оваа година кампањата ја проширија на 15 дена, почнувајќи од 25 ноември до 10 декември. За таа цел Сороптимист клубот од Струга и Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, организираат серија презентации и трибини на темата. Една од презентациите за елиминација на насилството врз жените беше денес одржана и на УИНТ „Св. Апостол…
повеќе...Универзитетот за информатички науки и технологии го одбележа „Денот на дрвото“
Универзитетот за информатички науки и технологии „Апостол Павле“ ја поддржа и активно се вклучи во есенската акција за пошумување, иницијатива на проектот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“. Интернационалните и домашни студенти на УИНТ, како и наставно научниот и административен кадар на Универзитетот, по повод „Денот на дрвото“ засадија палми и зимзелени дрвца во Универзитетскиот двор како и во Холандскиот парк поддржувајќи го локалниот совет на млади на Општина Охрид. „Денот на дрвото е посебен празник кој се разликува од останатите. Имено, останатите празници го слават минатотот, денот на…
повеќе...Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и ИЦТ компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Целта на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „ХАСЕЛТ“ и да се овозможат услови за споделување на заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии. „Соработката со „ХАСЕЛТ“ е иницијатива за приближување на практичниот и теоретски пристап како…
повеќе...Расте интересот за упис на најдобрите универзитети во светот
Единствено Македонија и Јапонија имаат проект со кој на секој граѓанин што ќе се запише на еден од првите 100 универзитети во светот според Шангајската листата или на еден од првите 200 во делот на технички науки, државата му ги покрива сите трошоци за студирање, што подразбира школарина, сместување, транспорт, осигурување и сите други трошоци. „На почетокот имаше помалку интерес сега веќе интересот сериозно расте. Ако во првата година 13 лица добија упис на првите 100 универзитети во светот, односно првите 200 во техничките науки, веќе во втората година бројката…
повеќе...Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од општина Охрид запишани на државните универзитети во Македонија
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за академската 2013/2014 година Општина Охрид ќе додели 20 (дваесет) стипендии за редовни студенти од II,III, IV ,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во РМакедонија, за академската 2013/2014 година Услови за доделување стипендии Право на стипендија имаат…
повеќе...