Непознат сторител извршил кражба во куќа во с. Бороец

Вчера во 14:20 часот во Подрачното Одделение Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека истиот ден околу 00.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од с.Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија. Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Пронајдена дрога кај жител од струшко Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори‘‘ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (27) од струшкото село Велешта. На втори мај оваа година, при претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронајде и одзеде неколку помали најлонски паковки со опојна дрога кокаин, семенски материјал од растението „Канабис сатива“ како и неколку куршуми од различен калибар. Во спална соба на првиот спрат од семејната куќа, пронајдена…

повеќе...

Кривична пријава за лице од струшко Велешта поради тешка телесна повреда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.Н.(27) од струшкото село Велешта. Пријавениот, на први мај оваа година со нож го нападнал А.И. (21) од селото Велешта и му задал тешки телесни повреди на двете нозе. Настанот се случил околу 15 часот во центарот на селото во момент кога двајцата се разминувале со своите патнички моторни возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот Л.Н. веднаш излегол и со нож го нападнал А.И. забивајќи му го сечивото најнапред…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Велешта поради бесправно градење и узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“ и „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б. (30) од струшкото село Велешта. Пријавениот, на почетокот на годинава започнал доградба на претходно изграден објект во комплексот „Аква Блу“ во Струга на брегот на Охридското езеро. На барање на полициската станица од Струга, во текот на месецов овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот – сега пријавениот Е.Б. на катастарска парцела број 2650/1 – КО Струга, на државно…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Велешта поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б. (30) од струшкото село Велешта. Пријавениот, на почетокот на годинава започнал да гради објект за одгледување на добиток кој се наоѓа на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид во близина на колеџот „Јахја Кемал“. На барање на криминалистичката полиција од Струга, во текот на минатиот месец овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот-сега пријавениот Е.Б. на катастарска парцела број 2210 КО Мислешево-Струга, отпочнал…

повеќе...

Притворен жител од Велешта кој се обидел да го убие својот брат

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (44) од струшкото село Велешта. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 22 минатиот месец, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Б.Н., а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал. Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија а потоа и физички напад од сега…

повеќе...

Во Дебар пронајдено возилото на исчезнатото лице од Велешта

Едно патничко моторно возило марка „Ауди А4“ со струшки регистарски таблици вчера во 14 часот и 30 минути е забележано во близина на автобуската станица во Дебар. Возило сопственост на У.К. од струшкото село Велешта е забележано од полициски службеници и истото било заклучено. По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло. Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во…

повеќе...

Се трага по изгубено 27 годишно лице од Велешта

Синоќа во 01:15 часот по полноќ, во Полициската Станица Струга Б.К.(50) од село Велешта пријави дека на 30-ти јануари од својот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син У.К.(27). СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Општина Дебрца, Вевчани, Велешта и други критични места добија електирчна енергија

Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени…

повеќе...

Хоспитализирано лице од Велешта со здобиени повреди од огнено оружје

Во полициската станица во Струга во тек се интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „убиство во обид“ извршено рано утрово во струшкото село Велешта. На разговор повикани се повеќе лица жители на селото Велешта.  Кривичното дело е извршено во 00.15 часот во Велешта при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на домот на сега повредениот кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка…

повеќе...