Приведени албански државјанки кои работеле во угостителски објекти во Велешта

На 13/14.12.2014 година од страна на полициски службеници од ОПКМСР при РЦ за ГР Запад, полициски службеници од ОПКМСР при РЦ за ГР Север и УПС од СВР-Охрид, извршена е контрола во угостителските објекти ,,Ексклузив“ и ,,Јони“ во с.Велешта-Струга, при што се затекнати како работат во УО ,,Ексклузив“ 4 државјанки на Р.Албанија, а во УО ,,Јони“ 3 државјанки на Р.Албанија. На 14.12.2014. година во 00,20 часот истите се приведени и задржани во РЦ за ГР-Запад за понатамошна постапка.

повеќе...

Единаесет лица повредени во сообраќајна незгода кај Велешта

Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна незгода на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта. Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и и скршнал на спротивната-лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици. Осум патници биле префрлени во општата болница во Струга и кај нив…

повеќе...

Пронајдено оружје кај две лица од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против В.Ш. (29) и Ф.Ш.(41) двајцата од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава. На 22-ри овој месец, при претрес во нивните домови пронајдени се вкупно 3355 парчиња куршуми од различен калибар, еден револвер марка „Амадео-Роси“,  без соодветна документација за поседување, еден сигнален пиштол марка „Екол-специјал“, шест сигнални ракети и неколку оквири за пиштол.  Во акцијата реализирана во соработка со оделението за организиран криминал при Министерствот  за внатрешни…

повеќе...

Кривична пријава поради пронајдена дрога кај лице од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Н.К. (39) од струшкото село Велешта како и против албанскиот државјанин Г.Х.(18) поднесе кривична пријава.    На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот Г.Х. жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдена во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба. Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил…

повеќе...

Извршена тешка кражба во ОУ „Зини Хани“ во Велешта

На 31.01/01.02.2014 година во времето од 18:00 до 13:00 часот во с.Велешта – Струга, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба во ОУ „Зини Хани“, при што биле одземени 14 монитори за компјутери марка „Хаиер“ и две куќишта од компјутер марка „Хаиер“. Имено, сторителите насилно отвориле еден од прозорците на училницата и влегле внатре, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец. Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица – Струга и се…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на струшкото село Велешта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што во 22 часот и 30 минути по полноќ се случи на регионалниот пат Охрид-Дебар во близина на струшкото село Велешта. Ресул К. (20)  од Велешта им подлегнал на повредите додека со возило на брза помош бил превезуван од општата болница во Струга кон болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици, со предниот дел директно удрил во задната лева страна на полуприколка од товарно моторно…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 03 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар. Агрон К. (29) од Велешта на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од сега починатиот, излетало од патот и   директно удрил во камена ограда. Во тешката сообраќајна незгода, со телесни повреди се здобил Б.В. (42) од селото Велешта. Тој е пренесен на хируршкото одделение во општата болница во Струга каде е задржан на…

повеќе...